Зборле

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Сте слушнале за Wordle? Една од најпопуларните веб-игрички во последниве 3 месеци, креирана од некојси Џорџ Вардл, по примерот на играта Jotto од 1955 и американското телевизиско шоу Lingo. Финтата е во шест обиди да погодиш збор од 5 букви. Играта ти помага во погодувањето со тоа што ти ги обојува буквите кои си ги погодил на точно место со зелена боја, а тие кои си ги погодил, но не ти се на точно место, со жолта. Особено стана популарна на Твитер, каде играчите споделуваат некој вид на emoji-like квадратчиња кои покажуваат од колку обиди и на каков начин си го погодил зборот...

...но никогаш не го покажуваат самиот збор, зашто тој е СЕКОЈ ДЕН ЕДЕН ИСТ ЗБОР ЗА СИТЕ!

1645300269732.png

По Wordle се појавија уште мал милион слични варијанти на играта: на германски, на шпански, на англиски но со 6 букви, со 7 букви, етно верзија... имаше дури и охридска верзија (истото зборче, само со Т на крајот :pos: како шеста буква)...

Но за нас е најинтересна нашата верзија - ЗБОРЛЕ, за која и ја отворив темава. Играта може да ја играте на https://zborle.mk/ , реков - секој ден има ново зборче кое е исто за сите, па така - не го откривајте кое е! Може тука само да споделуваме и да се пофалиме кој е најдобар во погодувањето, кој има најдобар скор, и сл.

1645300748631.png

Еве го мојот денешен резултат. ^^

Се мислев кај да оди темава, и ја отворив во Уметност, литература, јазик, зашто се работи за игра со зборови. Ако сметате дека треба да биде во друг подфорум, префрлете ја.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Screenshot_20220219-213644_Chrome.jpg

Screenshot_20220219-213654_Chrome.jpg

Ја играв и претходно едно 10 дена, ама на друг телефон, а има англиска верзија со 5 букви што исто ја играм некои 20 дена. Скоро имаше вест дека ја откупил Њујорк Тајмс за нивниот сајт за неоткриена сума на пари.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Секое утро рутински после испиено прво кафе ги решавам англиското вордле и македонското зборле, еве веќе некој месец. И мислам дека повеќе драж му дава што е еднаш на ден со едно зборче за сите, инаку ќе биде уште една рандом (андроид) апликација.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.004
Поени од реакции
57.043
Некаде 2014-15 за еден факултетски проект правев игра за андроид, квиз од повеќе мини игри меѓу кои и "Зборле".

Мене не ми беше нешто интересно за играње, го правев колку оценка да добијам и никогаш не го пуштив на PlayStore.
Сега малку ми е криво кога гледам дека истово успеало :icon_mrgr:

Screenshot_2016-09-12-01-28-18.png
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Некаде 2014-15 за еден факултетски проект правев игра за андроид, квиз од повеќе мини игри меѓу кои и "Зборле".

Мене не ми беше нешто интересно за играње, го правев колку оценка да добијам и никогаш не го пуштив на PlayStore.
Сега малку ми е криво кога гледам дека истово успеало :icon_mrgr:

Прегледај го приврзокот 322624
„Сфера“ ти е зборот. :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Прво ме збунуваа пријателите на ФБ што споделуваа квадратчиња во разни бои, потоа дознав што е ова, ама некако не ме заинтересира да го играм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom