Најголемиот проблем на Македонија е што разговорите за разликите околку името ги направивеме преговори за името....
Успеавме да направиме “салто мортале“, и наместо билатерален спор за шизофренијата на комшијата, дојдовме до преговори за име, идентитет, историја....
Наместо да се договараме со комшијата како ќе се обраќаме еден на друг , ние дојдовме до ситуација да докажуваме на цел свет кои сме и како се викаме...
Можеби е крив Глигоров за “привременто“ име кое не можеме како крлеж да го отфрлиме, можеби е крив Тупурковски за наводните договори во Виена за промена на име, ќе бараме виновници во недоглед, ама дојдовме до работ...
Од другата страна нема Македонци и Македонија, ако ја поминеме линијата, ќе се редефинираме комплетно и нација и име, а дали ќе влеземе во ЕУ, тоа зависи и од други услови, покрај бришењето на колективната свест и историја...
А газиме по линијата, балансираме, и тоа како слон на телефонска жица...