Читај Кварк, мене не е тешко да ме протолкуваш што мислам.
А еве што мисли:
ВОИН ДИМИТРИЕВИЌ,
ПОРАНЕШЕН СУДИЈА ВО МЕЃУНАРОДНИОТ СУД НА ПРАВДАТА во Хаг, со оптимистичка прогноза и доста појаснувања како течат судските процеси во Хаг:
Македонија има цврст доказ пред Судот во Хаг
- Би бил несериозен ако кажам што очекувам да произлезе од овој процес. Во секој случај, станува збор за нешто што Судот полесно може да го утврди, а тоа е дали спротивната страна има право да приговара за членство на Македонија во меѓународни и други организации и институции. Треба да се има предвид дека при гласањето за нечие членство во меѓународни организации државите можат од политички причини нешто да прават или да не прават, водејќи се само од сопственото видување. Во тој случај аргументите за членство не се битни.
“За разлика од други постапки што се воделе или се водат пред овој суд, каде што може да има сомневања во доказите, во случајот на Македонија може да се достават цврсти докази зошто државата смета дека тоа што го сторила тужената држава е противправно.“
* Во Македонија се шпекулира дека грчката страна ќе го повика актуелниот претседател на државата како свој сведок, бидејќи тој јавно ја критикуваше власта дека со одредени постапки ја прекршува Привремената спогодба со Грција. При тоа, некои кругови тврдеа дека тој во такоослучај ќе биде обврзан да се појави пред Судот. Со оглед дека не станува збор за кривична постапка, дали е тоа точно?
- Ако смета дека е потребно, Судот закажува усна расправа. Меѓународниот суд на правдата не е кривичен суд и не може никого да натера да дојде. Државите може да предлагаат сведоци, но тие не мора да дојдат ниту да сведочат во корист на таа страна. Битна е релевантноста на тоа што сведоците ќе го кажат. Радован Караџиќ, на пример, бараше Ричард Холбрук да посведочи дека му ветил оти нема да биде кривично гонет. Но никој не може никому да вети дека нема да биде гонет. Треба да се води сметка за квалитетот на сведоците и за тоа дали тие со своето сведочење ќе го убедат Судот и дали тоа што ќе го кажат ќе биде релевантно за Судот. Тоа што се кажува пред Судот остава впечаток.
* Во Македонија се пласираат различни информации околу тоа дали пресудите на овој сд се обврзувачки за државите. Се тврди дека Судот нема механизми да ги спроведе пресудите поради што Македонија,и да го добие процесот, фактички нема да има корист од тоа. Колку е тоа точно?
- Точно е дека Судот нема свои механизми или органи што би ги спровеле пресудите. Но, впрочем,такви механизми и органи немаат ни другите домашни и меѓународни судови. Тоа за нив го прават други органи. Државите се должни да ги почитуваат одлуките на Судот.
Меѓународниот суд на правдата е судски орган на ОН, а Советот на безбедност е гарант за извршување на неговите пресуди. Ако некој не сака да ја спроведе одлуката, Советот за безбедност може да преземе мерки.
* Какви мерки може да преземе Советот за безбедност?
- Најдрастичната мерка се санкциите како оние што беа преземени против Југославија, кога беа прекинати економските, сообраќајните и други односи со неа. Тоа се случува ако Советот за безбедност утврди дека државата го загрозува меѓународниот мир и безбедност. Советот за безбедност може и енергично да инсистира да се спроведат пресудите. Во секој случај, државата што не ги извршува овие пресуди трпи политичка штета. Ретко се случува државите да не ги споведат пресудите. Државите не можат да се правдаат дека спорот го изгубиле поради корумпираност на тој суд. Затоа, државите што држат до својот углед ја спроведуваат одлуката и ја користат за натамошно решавање на спорот. Сепак, има примери кога држави не ги извршуваат одлуките на Судот. Таков е случајот на САД во спорот со Никарагва за извршување на смртна пресуда. Но САД тоа можат да си го дозволат. САД се правдаат дека е федерална држава и дека сојузната влада не може да ги натера своите федерални единки да ја извршат пресудата.
Новинарска измислица
Ветото при гласање за членство во меѓународни организации е новинарска измислица, вели професор Воин Димитриевиќ.
- Не станува збор за вето,
туку за правото на државите да не гласаат.
Со тоа се оневозможува носење на некоја одлука. Притоа, не мора да се дава образложение за тоа како се гласало - објаснува професор Димитриевиќ.