ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
Овие зборови кај секој што има осет и чувства - ќе родат голем гнев и жал.
Не ти пишувам телеграма со сочуство, бидејќи тоа се само букви.
Сакам да знаеш дека подголтнав кога читав, се осетив безвреден, ми се отвори жед за алкохол и цигаре...
Тоа е мојот бес, мојата нервоза и мојот жал - за твојата животна неправда.
НЕ ЖАЛАМ
ЗА КАКВИ ИДЕАЛИ загинал братти..
Жалам
што воопшто загинал за МАКЕДОНИЈА..
Жалам што бил изманипулиран дека може да даде придонес да се измени однапред запечатена судбина!
Жалам што мислел дека некој ќе ја цени пожртвуваноста да се дојде до вистината.
Жалам што осетил грижа на совест да даде дел од себе - за побезбедна иднина.
Жалам што НЕ ЗНАЕЛ дека денес во ВО ХАГ им се суди на неговите истомисленици, а кукавиците добија кожни фотељи.
Жалам што НЕ ЗНАЕЛ дека војната беше само игра на мачка и глушец, пишано сценаријо од чопор светски хиени.
Жалам што НЕ ЗНАЕЛ дека ќе дојде денот кога жарот пак ќе се разгори... ќе гинат невини деца, ќе расте омразата... ќе пукне пак мразот.
Жалам што од шума донесовме животни, и ги транспортиравме во зоолошката градина - собрание.
И за уште многу други работи жалам.. (ама само тоа - жалам... и ништо повеќе!)