За што загина брат ми?

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Поминаа повеќе од 10 години од страшни масакри во 2001 година.Животот го дадоа повеќе од 60 млади војници,некои од нив со мазни лица.Бутнаа цели фамилии во црно,ги уништија мајките за целиот живот.Некој вика дека е гордост да ја браниш својата татковина,и храбро да загинеш за неа ако тоа е потребно!Ова е најпогрешното нешто што сум го слушнал во мојот живот,и срцето ми се грчи кога ќе ве прочитам вас форумџиите како сте за уште една војна.Вие деца убави,никогаш не сте ја осетиле горчината многу близок ваш да биде МАСАКРИРАН од погани кучиња.Никогаш не сте почуствувале како е близок твој да не му се израдува на детето негово!

Уште и ден денеска се води пропаганда дека треба да ја сакаш Македонија,дека треба да се бориш за неа и слично бљувотини.За која татковина да се борам?! За таа истата што терористите што масакрираа да седнат во парламент и да ни ја водат државата што во 2001 сакаа да ја окупираат?

Војниците млади загинаа.Еден мудар вика дека човек умира два пати,еднаш кога физички ќе умре,а вториот пат е кога ќе го заборават.

Дали некој од вас памти,дека имаше млади луѓе што го дадоа животот за знамето,а со тоа и индиректно загинаа и за вас?!

Ќе ве молам,да се најде некој паметен,пошто многу самопрогласени високоинтелегенти особи и добри познавачи на поновата Македонска историја и политика,што ќе ми одговори едно прашање:

ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
Никогаш нема да добиеш задоволителен одговор на ова прашање. Со сигурност само можам да ти кажам дека не за институциите, не за тие што амнестираат терористи, не за тие што земаат терористи во власт, не за тие што повикуваат на нови војни, не за тие што ја заборавија 2001 и жртвите. Туку едноставно, за Македонија, за твојата безбедност, за мојата безбедност, за сите нас. Колку и од денешен аспект тоа глупо да звучи и сите ние да сме неблагодарни за тоа.
 
Незнам само за која безбедност станува збор после последниве случувања,езерата,автобусите,школите...Јас воопто не се чуствувам безбеден во оваа земја.Да загинеа,а Македонија сега да беше на прав пат,ќе беше позадоволително,а не тоа кога сите го видовме кога си подадоа рака во Охрид!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Поминаа повеќе од 10 години од страшни масакри во 2001 година.Животот го дадоа повеќе од 60 млади војници,некои од нив со мазни лица.Бутнаа цели фамилии во црно,ги уништија мајките за целиот живот.Некој вика дека е гордост да ја браниш својата татковина,и храбро да загинеш за неа ако тоа е потребно!Ова е најпогрешното нешто што сум го слушнал во мојот живот,и срцето ми се грчи кога ќе ве прочитам вас форумџиите како сте за уште една војна.Вие деца убави,никогаш не сте ја осетиле горчината многу близок ваш да биде МАСАКРИРАН од погани кучиња.Никогаш не сте почуствувале како е близок твој да не му се израдува на детето негово!

Уште и ден денеска се води пропаганда дека треба да ја сакаш Македонија,дека треба да се бориш за неа и слично бљувотини.За која татковина да се борам?! За таа истата што терористите што масакрираа да седнат во парламент и да ни ја водат државата што во 2001 сакаа да ја окупираат?

Војниците млади загинаа.Еден мудар вика дека човек умира два пати,еднаш кога физички ќе умре,а вториот пат е кога ќе го заборават.

Дали некој од вас памти,дека имаше млади луѓе што го дадоа животот за знамето,а со тоа и индиректно загинаа и за вас?!

Ќе ве молам,да се најде некој паметен,пошто многу самопрогласени високоинтелегенти особи и добри познавачи на поновата Македонска историја и политика,што ќе ми одговори едно прашање:

ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
Другар, ич не му ја мисли, првата прилика, фаќај го џадето надвор од државава ;) Секој ден да се молиш во автобус да не влезе некој забраден и да се разнесе па дури тогаш да се свести народов, не. Знам како ти е со загубата и многу добро го разбирам твојот гнев, сите имаа мисли дека нешто ќе тргне на подобро ама, не, не ја бива работава веќе вака.
 
W

Werther

Гостин
Незнам само за која безбедност станува збор после последниве случувања,езерата,автобусите,школите...Јас воопто не се чуствувам безбеден во оваа земја.Да загинеа,а Македонија сега да беше на прав пат,ќе беше позадоволително,а не тоа кога сите го видовме кога си подадоа рака во Охрид!
Ние во тој конфликт претрпевме политички пораз и всушност рамковниот договор е капитулација и затоа денес трпиме последици од тој договор.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Незнам само за која безбедност станува збор после последниве случувања,езерата,автобусите,школите...Јас воопто не се чуствувам безбеден во оваа земја.Да загинеа,а Македонија сега да беше на прав пат,ќе беше позадоволително,а не тоа кога сите го видовме кога си подадоа рака во Охрид!
Го сфаќам гневот. Затоа и ти реков, никогаш нема да добиеш задоволителен одговор. И да, нашите политичари си поиграа со смртта на нашите војници. И си поигруваат со чувствата на нивните семејства. Апсолутно си во право.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Луѓето кои тогаш загинаа, се само колатерална штета, за жал.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Не барам јас утеха или некој посебен одговор,пошто очигледно го знаеме одговорот сите ние Македонците само ретко кој се осмелува да го каже...

Само сакам да потсетам некои луѓе(особено оние што бараа нова војна),дека сите тие 60 и кусур,отидоа таму за Македонија,за сите нас тука,за сите Македонци,а некои очигледно го забораваат тоа... Тие датуми ретко кој ги знае,ретко кој знае да каже кога беше Карпалак,Вејце...а баш таму пред повеќе од 10 години војници го дадоа животот за Македонија.
 
S

Sagan

Гостин
За гнасните политичари да седат у влада и собрание, да договараат дали, кој и кога ќе умре и со нивната крв да градат кариери, да прават пари и да го држат народот во темница и бес.
 
W

Werther

Гостин
Не барам јас утеха или некој посебен одговор,пошто очигледно го знаеме одговорот сите ние Македонците само ретко кој се осмелува да го каже...

Само сакам да потсетам некои луѓе(особено оние што бараа нова војна),дека сите тие 60 и кусур,отидоа таму за Македонија,за сите нас тука,за сите Македонци,а некои очигледно го забораваат тоа... Тие датуми ретко кој ги знае,ретко кој знае да каже кога беше Карпалак,Вејце...а баш таму пред повеќе од 10 години војници го дадоа животот за Македонија.
Проблемот е што тие шеесет млади луѓе кои го дале животот за Македонија се само обичен број за политичарите,на нив не им е важно дали бил млад,женет,со деца итн. ние сите сме обичен број за нив,власта е поважна од се во нивниот живот.Има и песна од Johnny Cash - Thirteen во која пораката е дека обичните луѓе се само број и ништо повеќе.
 
M

Moon Child

Гостин
Кога веќе не сме кадарни да фатиме и јавно да ги бесиме за мадињата на Букефал сред плоштад оние крвопијците од сите партии, тогаш мислам дека сме кадарни еднаш да бојкотираме избори, за да видат дека навистина ова вака неможе повеќе!
Незнам дали саамо мене и на пар форумџии ни е доста од циркузи веќе, ни е доста од деца што молат за помош да преживеат, ни е доста од вртелешки, сплавови, бродови и плажи. Луѓе бре, со наши пари милионери станаа, мамицата нивна! 20 и кусур години ни ја цицаат крвта и уште среќно излегуваме на избори и гласаме за нив! Не е во нив силата, народот е оној што ги става на власт, народот може и да ги симне. Народот може и да побара од корен менување на се во државава и бесење јавно на погоре споменатите. Затоа што државата е на народот, ако нема народ нема да има држава. Не е оваа држава на дедо им и баба им за да си играат курташак со неа!
Доста ми е од Бранко, Грујо, Љубчо, Бучко и сите оние што се збогатија на грбот на народот! Зошто упорно ги гласаме? Ова вака веќе не бива, не дупчат во здрав мозок, на секој еден млад човек единствена желба и амбиција му е да фати патот одовде. Тоа доволно кажува, зошто? Уште ли ќе се замајуваме дека ни е убаво, дека е подобро нешто да се гради, макар и краделе успат? Уште ли ќе дозволуваме да не брукаат и срамат по светов со оние смешните проекти преку кои ги крадат моите, твоите и сечии други пари?
Мене ми е стварно скурчено. Ми идат мисли да го срамнам собраниено со земјата, па така да го спасам цел народ од сите зла!
Седнете и запрашајте се, убав ли ви е овој живот овде?
За оној кој прашува, брат ти умрел за нечии туѓи идеали. Ако дојде пак време да се положи испитот на патриотизам незнам дали ќе има други како твојот брат.
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
797
Поени од реакции
524
Драга Везилке лесно е да го искажеш својот револт и се е точно но и самата знаеш дека НИКОГАШ ама баш НИКОГАШ нема тоа да се случи...Македонче=:гомце: сме биле и ке останеме за жал,а на прашањето за што загинал пријателот е и останува ЕНИГМА.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Кога се во прашање парите и слично за политичарите војниците кои служат во борба се никој и ништо Имаше и од моја фамилија кои беа во 2001ва и кога се вратија рекоа никогаш повеќе нема да одат бидејќи како прво Државата во која живееме дозволи убијците да се шетаат слободни и да бидат во парламент истите тие кои наредија да се убијат и сл. Сите ја знаеме вистината но ете низ прсти поминува но во заборав нема да помине како и да е. Сите кои се бореа се бореа за земјата да остане слободна народот да биде слободен не верувам дека се бореле за Државата. Инаку преголемо сочуство до тебе и до твојата фамилија... :( Додека код гледав и како лелекаа луѓето на кои од фамилија и заминаа најмилите почнаа солзи да ми течат толкава болка немав осетено додека го гледав тоа и да слушам како и заминаат оние кои ги сакаа бидејќи знам како е да го нема на овој свет оној кој најмногу го сакаш но ете тоа е нашата Држава -( Политичарите ) И америте ... Вистината за кој ги уби тешко дека ќе се пронајде како и за многу други работи ... како падот на кингерот на Борис трајковски па се до Падот на Хилихотерот со нашите војници премногу даде нашава земја души да остане слободна се надевам дека еден ден сите кои направија лошо кој убил да го снајде истото милион пати полошо има Господ и ќе врати он само знае како... и да ги снајде до 10 колено. Ех Македонци се надевам дека еден ден ќе се осветат повеќето дека луѓето кои убиа дека ќе се најдат во Затвор или пак на бесилка. Немам против Албаниците и муслиманите и од нив има добри луѓе но имам Против луѓето ОД Ахмети кои направија лошо... Незнам кој што направил но како што знам он Беше главен. и Остана неказнет и има партија и ни се шета слободно во Нашата Земја... Поздрав.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
За жал друже не верувам дека некогаш ќе го добиеш точниот одговор на ова прашање, а се сомневам дека има и некој способен што може да ти го даде тој одговор. Политичарите ја направија целата збрка и Македонија дојде до ова до кое што е дојдена денеска. Брат ти и луѓето како него загинаа за Македонија и Македонскиот народ, за сите нас, и за тоа барем јас ќе им бидам вечно благодарен и ќе ги почитувам додека сум жив. За се друго што се случи и што се случува се криви политичарите и целата вина треба да се бара кај нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom