За пуштање „бомби“ 4 години затвор

Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Елаборирај!
Побарај им таму да спакуваат предлог закон "legem mandati elaboratio" или нешто слично, да оди у пакет со овие два и да биде објаснет како закон по кој доколку едно лице се идентификува со членска на вемеро пред друго лице кое истата ја нема, и од тоа лице побара одговори, објаснувања и дообјаснувања на одредени теми, да другото лице биде обврзано со закон истите да ги достави одма. Дотогаш не бива вака, мора да се запази легалитет!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334

А јас се двоумев помеѓу бејзбол палка и шипка... Тоа е, цивилизациски разлики. :confused:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Има и нешто друго кога се во прашање Пентагон пејпрс
Се работи за документи кој се од интерес на граѓаните. Во САД а и кај нас, суверенитетот е на граѓаните. Стејт Департмен, Конгресот и тн или кај нас Собранието, Владата само добиле дел од власта и ја вршат во име на народот
Значи треба да разликуваме кога се во прашање лични интереси и кога се во прашање интересите на граѓаните
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Не. Една од поредовните појави е оваа. Ми текнаа многу примери на држави кои се оформиле како такви, водачи што се етаблирале или империи што зацврстиле власт преку вакви закони за цензура. Сигурно и ти ги имаш читано негде низ правна материја. Од старите законици на асировавилонци, преку принципатот во Рим("Се што му се допаѓа на принцепсот има сила на закон" и "Принцепсот не е должен да ги почитува правилата на правниот поредок"), па средновековните царства на франките/инквизицијата. Денес Северна Кореја, Белорусија...еве и ние сега целиме натаму. Уствари, кога ќе размислам, цензурата е основен белег на најголемиот бестселер во историјата и служела како позитивен пример за тоа што значи добро поведение два милениуми наназад, преку таа "Thou shalt not take the name of the Lord, thy God, in vain."
Стремежот на секоја власт е таа реченица.
На нашава власт супер и оди. Си го познаваат народот. Народот не е само отрпнат и навикнат, туку има респект кон диктатура и сака диктатура. Никогаш од ништо се немаме ослободено и по секоја сабја, дали турска или српска, плачеме.
Грујо ќе преживее, законот како пакет со тој за whistleblowers ако им одговара да помине ќе помине, на избори ќе ги изгазат овие другиве, а ти ќе треба на овој неподобниов да му плаќаш ручек.
Тоа е видено, ова нашево не е видено. Зашо ние се праиме дека сме демократија, европски вредности, човекови права и тие филмови, а фактичката ситуација е апатија. Мене Тоа ме нервира, зашо знам за боље. Автократија у транзиција, она коа си толку неспособен ни самоубиство не ти успева, ти текнува? Тоа ме вади од такт.
Све ова шо го збориш е можно да се деси. Ама нема да се деси. Барем ја не верувам, ни по цена на ручек.
Ти викам, џабе праиме муабет, се праиме паметни, останува само да видиме шо ќе се деси.
Ти се палиш на диктатура?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Проблемот е што кај нас не постои политичка волја да се спроведе Договорот, а истиот се потпишува. Теоретски не постои никаков проблем прво да се смени уставот па да се креира органот ако постои политичка волја. Истиот орган може да стане преседан, да се бира СЈО од страна на опозиција кој би се бавел со контрола на власта од кривичен, корупциски или по твој избор аспект, чисто нафрлам.
Реално не можеме да збориме за право и држава, а да спомињаме држава што е 400 години демократија е више надреализам.
Во континуитет ментални луѓе ни ја водат земјава, а тоа говори доволно за нас. Не го заслужуваме ова парче почва.
Даваш интересен, иако неуставен предлог. Ми се допаѓа. Навистина. Неуставен во смисла на поделба на власта, бидејќи тој спаѓа во судската власт, а би го бирал некојдруг орган... Не е важно...
Договорот сам по себе е проблематичен, не заради формата или содржината, туку заради праксата која ја имаме чисто правните проблеми да ги решаваме политички.
Затоа досега не летнала голема глава, а нема ни да летне.
Американскиот пример легна супер во дискусијата за да видиме каде е светот а каде ние. Разликата е очигледна.
Да ги оставиме политичките препукувања и да ја погледнеме ситуацијата од чисто легален аспект како требало да биде овде, во Македонија. Пак една утопија:

Земам дека работата започнува со аферата „Пуч“ и имаме акција на МВР, уапсени се некои луѓе и се како што и реално беше... до тука нема проблем и се е по закон. Не навлегувам во анализа , ја гледам само формата и самата постапка.
Опозицијата објавува т.н. „бомби“ и тврди дека власта е корумпирана, има криминал, има ова, има она... како што и реално се случуваше.
Опозицијата поднесува кривични пријави, ги нуди „бомбите“ како докази, судот ги отфрла, поради начинот на кој се стекнати. И тоа е во ред. Таков е законот.
Тука настанува проблемот!
Како што реков во претходните постови, бомбите се само индиции, кои се доволни за обвинителството „по чуен глас“ да покрене истрага за тие тврдења, да собере доволно докази, и ако ги собере, ако ги има, да покрене обвинение и во една или повеќе судски постапки да се докаже вина, или да бидат тие луѓе ослободени.
Тоа не се случи.
Истата судбина е и за Пуч. Постапката би си течела се до пресуди, какви и да се.
Епилогот е повеќе од јасен: Секому според заслугите и „минат труд“. Некој осуден, некој ослободен...Судот ќе каже.
Нема потреба од договори и накнадни циркузи.
Но, кај нас триумфира политиката над правото. Чисто правни ситуации се решаваат политички. Тоа е грешката.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кога последен пат беше во еден суд, и кажи ми што пресуди истиот тој суд?
Зрел улегнат човек си, немој со тие прикаски за мали деца. Не е ова Америка.
Ме насмеа - Јас секоја недела, најмалку 3-4 дена поминувам во Општинскиот суд Скопје 2 се во врска со Топлификација помагајќи на исклучените
Лично јас има 7активни парници се со Топлификација.
Покрај тоа поднесов неколку кривични пријави е една приватна кривична тужба
Адвокати не ми се рамни

Инаку сите парници ги губиме. Не таманат како да сме вошки
Целата власт е удружена со криминалците со парното против народот и со сите средства што се вели per fas et nefas се борат против народот
Затоа секој сабота протестираме
Тие се вода, а ние сме камен
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Ти се палиш на диктатура?
Не.
Ама еве, ви го следев муабетот за Шкариќ. Некој на темава бараше Професорот сам да се јавувал по медиуми и да барал да се изјасни на одредени теми, за да докаже дека автентично стои на браникот на уставноста у државава. Професорот никогаш тоа не го правел. И Маријановиќ кога се појави на протестите, се појави како граѓанин. Нивната улога како професионалци е советодавна. Тука се поставува другото прашање. Кој воопшто побарал совет од тие вистински познавачи, автентични експерти и најдобри професори во независна Македонија у оваа област? Последниве години, само опозициски медиуми. Кој ги кани на дебати, на интервјуа, по емисии? Само опозициски медиуми. И сега прашуваат зошто не се огласиле за специјалното обвинителство. Затоа што во здраво општество, нивниот збор треба да е темел на идната пракса. Во нашево, е cautionary tale на непосредната иднина и излегува на површина од маргинализирани медиуми. Кога нивниот статус е таков, нашиот е небитен. Кога нивното мислење е толку вреднувано, нашето е небитно и без проблем ќе биде покриено од гласачките ливчиња на ордата.

Земам дека работата започнува со аферата „Пуч“ и имаме акција на МВР, уапсени се некои луѓе и се како што и реално беше... до тука нема проблем и се е по закон. Не навлегувам во анализа , ја гледам само формата и самата постапка.
Знаеш кај се руши оваа теза? Во тоа дека формата мора да се запази не само во делот "како" се стекнати, туку и потеклото, каде и од кого се креирани, кој прислушкувал и кој дал налог. Немам проблем со фактот дека се незаконски стекнати. Имам со тоа дека тука завршува приказната и политиката ќе ја покрие УБК и фамозниот устен налог. Исто имам и добронамерен предлог, да не го давиме здравиот разум у ваков наводен формализам. Ниедна служба нема "капацитет" за вака незабележана да тера ваква опширна акција на над 20тина илјади граѓани во период од 3-4 години, континуирано. Може сме сакати, ама толку сакати не сме.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Даваш интересен, иако неуставен предлог. Ми се допаѓа. Навистина. Неуставен во смисла на поделба на власта, бидејќи тој спаѓа во судската власт, а би го бирал некојдруг орган... Не е важно...
Договорот сам по себе е проблематичен, не заради формата или содржината, туку заради праксата која ја имаме чисто правните проблеми да ги решаваме политички.
Затоа досега не летнала голема глава, а нема ни да летне.
Американскиот пример легна супер во дискусијата за да видиме каде е светот а каде ние. Разликата е очигледна.
Да ги оставиме политичките препукувања и да ја погледнеме ситуацијата од чисто легален аспект како требало да биде овде, во Македонија. Пак една утопија:

Земам дека работата започнува со аферата „Пуч“ и имаме акција на МВР, уапсени се некои луѓе и се како што и реално беше... до тука нема проблем и се е по закон. Не навлегувам во анализа , ја гледам само формата и самата постапка.
Опозицијата објавува т.н. „бомби“ и тврди дека власта е корумпирана, има криминал, има ова, има она... како што и реално се случуваше.
Опозицијата поднесува кривични пријави, ги нуди „бомбите“ како докази, судот ги отфрла, поради начинот на кој се стекнати. И тоа е во ред. Таков е законот.
Тука настанува проблемот!
Како што реков во претходните постови, бомбите се само индиции, кои се доволни за обвинителството „по чуен глас“ да покрене истрага за тие тврдења, да собере доволно докази, и ако ги собере, ако ги има, да покрене обвинение и во една или повеќе судски постапки да се докаже вина, или да бидат тие луѓе ослободени.
Тоа не се случи.
Истата судбина е и за Пуч. Постапката би си течела се до пресуди, какви и да се.
Епилогот е повеќе од јасен: Секому според заслугите и „минат труд“. Некој осуден, некој ослободен...Судот ќе каже.
Нема потреба од договори и накнадни циркузи.
Но, кај нас триумфира политиката над правото. Чисто правни ситуации се решаваат политички. Тоа е грешката.
Брат Сега е неуставно. Тоа може да се среди, и све понатака што збориш може да се среди и да лизга легално. Ама ко шо си кажа сам, утопија е тоа. Ни кажуваш нешто што сите го знаеме ама е невозможно.[DOUBLEPOST=1444342404][/DOUBLEPOST]
Не.
Ама еве, ви го следев муабетот за Шкариќ. Некој на темава бараше Професорот сам да се јавувал по медиуми и да барал да се изјасни на одредени теми, за да докаже дека автентично стои на браникот на уставноста у државава. Професорот никогаш тоа не го правел. И Маријановиќ кога се појави на протестите, се појави како граѓанин. Нивната улога како професионалци е советодавна. Тука се поставува другото прашање. Кој воопшто побарал совет од тие вистински познавачи, автентични експерти и најдобри професори во независна Македонија у оваа област? Последниве години, само опозициски медиуми. Кој ги кани на дебати, на интервјуа, по емисии? Само опозициски медиуми. И сега прашуваат зошто не се огласиле за специјалното обвинителство. Затоа што во здраво општество, нивниот збор треба да е темел на идната пракса. Во нашево, е cautionary tale на непосредната иднина и излегува на површина од маргинализирани медиуми. Кога нивниот статус е таков, нашиот е небитен. Кога нивното мислење е толку вреднувано, нашето е небитно и без проблем ќе биде покриено од гласачките ливчиња на ордата.

Знаеш кај се руши оваа теза? Во тоа дека формата мора да се запази не само во делот "како" се стекнати, туку и потеклото, каде и од кого се креирани, кој прислушкувал и кој дал налог. Немам проблем со фактот дека се незаконски стекнати. Имам со тоа дека тука завршува приказната и политиката ќе ја покрие УБК и фамозниот устен налог. Исто имам и добронамерен предлог, да не го давиме здравиот разум у ваков наводен формализам. Ниедна служба нема "капацитет" за вака незабележана да тера ваква опширна акција на над 20тина илјади граѓани во период од 3-4 години, континуирано. Може сме сакати, ама толку сакати не сме.
Се слагам со се. Што да ти кажам.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Кој воопшто побарал совет од тие вистински познавачи, автентични експерти и најдобри професори во независна Македонија у оваа област?
Груевски, по кажување на Шкариќ.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
До 2009та. Последниве години, за една работа не памтам да го има послушано. Ако има, потсети ме/не.
Има разлика помеѓу побарано мислење/совет и послушано. Дали ќе го послуша е одлука што носи политички консеквенци.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Абе предлогот е повлечен, не е потребна дискусија, потивко :)

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Брат Сега е неуставно. Тоа може да се среди, и све понатака што збориш може да се среди и да лизга легално. Ама ко шо си кажа сам, утопија е тоа. Ни кажуваш нешто што сите го знаеме ама е невозможно.
За тоа сме сами виновни, не ни е виновен некој однадвор. Не ти или јас... ние како народ.
Се додека не ни се смени менталитетот, така ќе биде. Додека како овци одиме по овој или оној, демек лидер... Додека собираат огромни толпи народ.
Кога народот спонтано ќе се собере, тогаш пишаното нема да биде утопија.
Законите се тие што се, не сме ги измислиле ние и супер се... ние само треба да ги спроведеме како што ги спроведуваат западните земји (Франција и Германија) од каде најчесто копираме. Кога ќе успееме во тоа, тогаш ќе бидам горд на мојата професија, и сигурно нема да се водат вакви или слични дискусии.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Мене ме интересира техничкиот аспект на проблемот. Мислам, како Грујо замислува да спречи аплодирање на некој негов бисер снимен од роднината од некој анонимен сервер, некаде надвор од Македонија?

Да не мисли да го исклучи интернетот во Македонија?

А баш би било забавно некаде во предвечерјето на веќе испланираната нова изборна кланица да се појават нови, уште попикантни материјали. Вистинска предизборна журка.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Мене ме интересира техничкиот аспект на проблемот. Мислам, како Грујо замислува да спречи аплодирање на некој негов бисер снимен од роднината од некој анонимен сервер, некаде надвор од Македонија?

Да не мисли да го исклучи интернетот во Македонија?

А баш би било забавно некаде во предвечерјето на веќе испланираната нова изборна кланица да се појават нови, уште попикантни материјали. Вистинска предизборна журка.
Не пробувај да рационализираш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom