За пуштање „бомби“ 4 години затвор

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Таа праведната личност си е одговорна за (не)способноста. И други пред неа, освен самиот Верушевски. За другото Заев нека се докажува (ако воопшто дојде до тоа), ама некои работи од авион се гледаат.
Да се разбереме, јас не пробувам да го бранам Верушевски, ниту одрекувам дека човеков има криминално минато, со се син му Веруш мали. Само пробувам да ти кажам колку е забегано да се тврди дека тој на луѓе од УБК им наредил да следат со години 20.000 луѓе во државава, меѓу кои и опозициони новинари кои биле и се рчнати со сегашнава власт, а додека моќна фигура ко Сашо Мијалков немал поим дека цело време некој му работи позади грб. Второ сулудо е да се тврди дека опозицијата прислушкувала и не превземала ништо за целото тоа време знаејќи со какви информации располагаат, а воедно како убедливо губеа и беа буквално газени од ДПМНЕ на сите избори. Сигурно е дека Верушевски е човекот кој ги има врските во УБК и дека него му биле дадени тие разговори, е сега дали платил или чисто на некој внатре од управата му бил пукнат филмот од братучедот можеме само да погаѓаме, а и не е толку битно на крај краева.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Со објавување на материјали добиени по пат на тајно прислушкување, фотографирање или снимање, се повредува (исто така) загарантираната приватност на човекот. Уште повеќе ако тие материјали се добиени на незаконски начин. Не станува само збор за т.н. „бомби“. Такви материјали, според мене, би можеле да бидат употребени единствено во судските процеси, ако се обезбедени на легален начин, но повторно не би смеело да бидат јавно објавувани. Приватноста на луѓето мора да биде зачувана од јавноста.
Многу смешно, глупаво, (про)партиски ми звучат изјавите на „стручњациве“ за наводна цензура. Па господа и дами, нека некој успее да ве сними како вие седите на WC-шоља и си бркате физиолошка потреба, па нека ве стави на YouTube да споделиме искуства. Секако, пикантериите од спалните соби (особено кревети) би биле врв на филмската (документарно-образовна) „уметност“.
Значи, не само за „бомбите“, приватни моменти НЕ СМЕАТ да се објавуваат. Не смеат неовластено ни да се прибираат приватни моменти, тоа е недозволиво, а камо ли истите да се објавуваат. Оние законско добиени материјало, само за на суд, не и во јавноста.
(Ме чуди како „стручњаци“ како Калајџиев на пример, кого сум го сметал за ОК дечко почна да делува како партиски активист, а не како стручњак)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Премногу филозофираш, премалку знаеш за калакурницата наречена македонска правда.
... рече, и остана жив. Од каде ти знаеш колку јас знам. Што барате вакви личности да загадувате форуми, да се мангупирате. Ако знаеш што да кажеш, кажи, пиши... Вакви „фодулења“ се излитена работа.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.394
Поени од реакции
7.326
За мене Шкариќ НЕ ПОСТОИ од кога дознав дека му дал асистентско место на Хорхе , со просек 7 , подоцна го форсирал за доцент. Сега се вади и го критикува ама џабееее.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
... рече, и остана жив. Од каде ти знаеш колку јас знам. Што барате вакви личности да загадувате форуми, да се мангупирате. Ако знаеш што да кажеш, кажи, пиши... Вакви „фодулења“ се излитена работа.
Па, штом теоризираш што би било кога би било, кога како би било, кое во основа како главна премиса зема една идеализирана верзија на едно идеално праведно судство каде сите луѓе се целосно посветени на својата работа, со достоинство, втемелен интегритет и непобедлива правичност.
Таков став може да има само бруцош на правен. Или некој кој немал контакт со самите луѓе закачени на судската цицка. Или некој кој си немал работа со судовите.
Четврто нема.

пс. Тн. загадување кое го разобличува цинизмот, непрофесионализмот, длабокиот идиотизам и дилетантизам е едно десетина пати подобар отколку розови наочари со теоризирање што би било кога би било. Затоа што со сите сили се обидуваме да го замачкаме фактот дека не нѐ бива.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088
Со објавување на материјали добиени по пат на тајно прислушкување, фотографирање или снимање, се повредува (исто така) загарантираната приватност на човекот. Уште повеќе ако тие материјали се добиени на незаконски начин. Не станува само збор за т.н. „бомби“. Такви материјали, според мене, би можеле да бидат употребени единствено во судските процеси, ако се обезбедени на легален начин, но повторно не би смеело да бидат јавно објавувани. Приватноста на луѓето мора да биде зачувана од јавноста.
Многу смешно, глупаво, (про)партиски ми звучат изјавите на „стручњациве“ за наводна цензура. Па господа и дами, нека некој успее да ве сними како вие седите на WC-шоља и си бркате физиолошка потреба, па нека ве стави на YouTube да споделиме искуства. Секако, пикантериите од спалните соби (особено кревети) би биле врв на филмската (документарно-образовна) „уметност“.
Значи, не само за „бомбите“, приватни моменти НЕ СМЕАТ да се објавуваат. Не смеат неовластено ни да се прибираат приватни моменти, тоа е недозволиво, а камо ли истите да се објавуваат. Оние законско добиени материјало, само за на суд, не и во јавноста.
(Ме чуди како „стручњаци“ како Калајџиев на пример, кого сум го сметал за ОК дечко почна да делува како партиски активист, а не како стручњак)
Ме интересира како изгледа тој легален начин на прибавување на снимки каде има индикации дека власта е вмешана во криминал? Треба да чекаме совеста на власта да проработи и пастирот да каже - Точно е земав 20 милиони провизија?
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Прво јасно според мене јасно е ко ден дека странски служби си имаат замешано прсти во преслушкувањето, па побогу и сам Зајко тоа го кажа па после смени реторика, второ за мене и те како е важно криминалите на власта што произлегуваат од разговорите но никако не сум изнанеден, истото беше јасно и пред разговорите да излезат, е сега ке ги цензурирале па нели беа монтирани, нели се сечени лепени и шта ја знам и на крај ако го донесат законот како плаанираат да го спроведат, еве рецимо некој од соседните држави ги објавува разговорите, стварно неми е јасно што се глупираат...
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Па, штом теоризираш што би било кога би било,...
Воопшто не теоризирам. Јасно и гласно кажувам дека тајно набавени снимки (аудио, видео..) не би смееле да се прикажуваат јавно. Кое теоризирање? За да се заштити приватноста на луѓето.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Диктатура е мал збор за овие, среќа што странциве се вмешаа и диригираат како ќе играат сега. Од друга страна мора да ги слушаат за да не го јадат од народов по уши, туку да заминат и никогаш повеќе да се вратат, што искрено мислам дека е нефер, бидејќи после толку неправда врз сите нас (ќе ги земам во предвид и тие што мора да ќутат за да си ја задржат работатa и оние кои под закани мора да обавуваат нивни задачи) бесилка е малку. Новата власт ништо нема да смени, нити тие после неа бидејќи 50 години не не оправаат, а за 50 години државава нема да постои. И давам 10 максимум како тргнале работиве, т.е. очигледно е дека нема просперитет. Станавме класична џунгла, во која се убиваме за кој да преживее, ама тоа е друга тема.
Штета што сами сме криви и дозволивме до ова да дојде, да бевме народ со свест немаше да дозволиме малцинствата да се спојат против мнозинството и да не направат граѓани од трет ред. Но реално тоа и го заслуживме, незнаејќи да се грижиме за сопствената држава и територија. Т.е. ние не сме ни имале некогаш држава, така да ќе си останеме робови какви што сме векови наназад. Е сега моментална среќна околност е што не им успеа ова со цензурава, иако штом припарат на суд како доказен материјал логично е дека треба да се тргнат за да не дојде до злоупотреба. Друга работа е што народов место да превземе радикални мерки и да ги реши, почна да пука сеир во секаква форма со снимките. И како да не кажеш на крај ебати народот глуп?!
Ок , поз.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Ме интересира како изгледа тој легален начин на прибавување на снимки каде има индикации дека власта е вмешана во криминал? Треба да чекаме совеста на власта да проработи и пастирот да каже - Точно е земав 20 милиони провизија?
Легален начин, во цел свет, е ако имаш докази да ги пратиш на полицијата и обвинителство. Втор чекор е по мене, ако подолго време нема одговор и мислиш дека институциите не работат, да ги дадеш доказите на реномирана меѓународна организација или странска амбасада.
Но има тука друга работа, постои и одговорност за поднесувач на лажна кривична пријава. Правото е исто за сите, не може луѓе на функција да немаат никакви права. Освен тоа, имавме случаи и порано, па што стана со аферата Швајцарски сметки ?? ако беа лажни наводите на Фокус, требаше по законите Младенов кривично да одговара, но се заврши со дебела парична казна, а прашање е дали Фокус воопшто ја плати. Освен тоа , ако се ограничат злоупотребите на медиумите само со парични казни, медиумите имаат рачун и да ги платат, ако натепаат тираж или приходи од рекламирање. Но познатиот британски неделник кој користеше прислушкување е затворен, а целиот приход од последното издание е даден во добротворни цели.
Кратко и јасно, не смее да се објавува ни лична фотографија ни приватна комуникација на било кое лице без негова дозвола. А наши интернет портали си прават бизниси со прислушкувани разговори, уште малку и ЦД-иња ќе продаваат. Уште си ставаат на веб странита ознаки за авторска сопственост :facepalm:
Дозволено е и вообичаено пренесување во медиуми во целост, со полно име и презиме, ПРАВОСИЛНА пресуда . Но и тука се јавија рестрикции, н.пр. Уставен суд го забрани Регистерот на педофили, а на засегнати малолетните лица се даваат само иницијали, без обзир дали се починители или жртви.
А дека има ДЕМАГОГИЈА од странците, има... некој солат памет дека се треба да биде слободно а ако е лага само да се демантира или да се казнува симболично, а кај нив ќе те одерат со дебели казни, секојдневни се судските процеси против новинари и папараци, со дебели парични казни. ( Да не го наведувам примерот за затворски казни за објава на ВИСИТИНА, Бредли Манинг 35г за давање на медиумите на таен видео клип, а на кој се гледа како војниот хеликоптер ликвидира цивили, ама и западни новинари), исто за Сновден и Асанге цел свет знае..
Исто така, прашање е колку се регуларни изборите ако се дозволи се и сешто да се објавува, во време на избори, како на минатите, кога меѓу двата изборни круга директно од политичка партија се пласира тзв афера Македонска Банка, а добиена од наводно НЕПОЗНАТО лице. Секоја партија може да го користи ова, најефтина изборна кампања, после и да плати некоја пара казна, пак е во ќар.
.. А што се однесува со корупцијата ( која по дефаулт и тешко се докажува - имено треба да признае и давателот на провизијата, странец), има една друга, метода која хрватското обвинителство ја користи против Санадер. Имено, во немоќ правно да го санционираат Санадер, бидејќи падна пријавата за продажбата на ИНА на МОЛ ,( падна на унгарски суд и автоматски во цела ЕУ паѓа), сега го казнуваат парично, а по основ на немање доказ за потекло на имовината ( а и партијата ХДЗ треба да врати пари бидејќи Санадер најголемиот дел на спорните пари ги дал на партијата).
Но и тука има цака, веќе излегоа спискови со дузини хрвати со многу пари без потекло, не само политичари, има на списокот и многу гувернери..., па многумина се сомневаат што ќе биде од сето тоа..
А од друга страна Санадер има многу пари за земање од државата за незаконски повеќегодишен притвор , ќе излезе и тоа...
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Воопшто не теоризирам. Јасно и гласно кажувам дека тајно набавени снимки (аудио, видео..) не би смееле да се прикажуваат јавно. Кое теоризирање? За да се заштити приватноста на луѓето.
Добро. Ајде не е теоризирање.
1. Зошто постојат тие т.н. снимки? Заради кој?
2. Дали содржината на тие снимки е релевантна или не?
2.1 Каде е границата дали содржината дали содржината не е релевантна, помалку релевантна, или многу релевантна?
3. Практично прашање: Зошто паѓа акцентот на изворот на проблемите, а не на самите проблеми, кои на мала или голема врата се општопозната норма во нашето општество?
5. Има ли некој кој има кредибилитет да го размота клопчето?
6. Зошто некакво систематско и квазиправно размотување на клопчето се спречува со помош на секакви можни изолирани примери на вигилантизам од сите страни?

Бонус: Одкако ќе размислиш за одговорите на сите горенаведени прашање (не барам одговор од никој), добро размисли зошто баш ни се случува тоа што ни се случува. Затоа што во основа сме една доста недоквакана банда, која нема ронка чест, почит и праведност кон самите себе, а камоли кон своите браќа. Па после тоа препрочитај си го мислењето, па размисли уште еднаш дали не зборуваш некојаси измислена теорија за некаква заштита на некакваси приватност.

пс. Која црна приватност во една шака народ кој обожава да си го искажува срцето после неколку чашки во локалната биртија.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.960
Кога форумските адвокати на овие што ги прекршија сите можни закони и прописи, ќе почнат да зборат за почитување на правото и законите.....:facepalm:
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.903
Дур овде се дискутира за правниот дел од овој предлог закон, некој случајно денес прави акција во Арачиново.И сите ќе заборават на овој предлог закон и ќе трубаме на друга тема и тоа тие.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Кога форумските адвокати на овие што ги прекршија сите можни закони и прописи, ќе почнат да зборат за почитување на правото и законите.....:facepalm:
прави и закони и процесуирање треба, ама по ред... не може она тезата на лажнопрофилните фејсбук плукачи дека битно е само да се смени власта, да сјаше Мурто и да узјаше Курто, а криминалите на Курто можеби ќе се гледа, ама покасно :D
Пази логика, меѓу изборни кругови се пласираше од сите можни медиуми , портали и плукачи дека постои криминал во продажбата на приватната МБ на МК берза, а никој ништо конкретно да дискутира дека спорна била всушност приватизацијата на МБ во 2000, дека Врховен суд ја оспорил и дал документ таа да се укине и МБ да се врати во државна сопственост но ниту сдсм јавниот обвинител ништо не превземал по тој допис...Никој не саќаше да дискутира дека на Нини акции му продале и државни фирми под контрола на сдсм, никој не сакаше да види дека и со сите продажби Нини нема 51% туку новиот сдсм гувернер му продал потребните акции да ја превземе МБ..
Е сега конечно исплива и Телеком, ајде да видиме право, закони и процесуирање ... не е битно кај ги давал Телеком парите, во личен или партиски џеб...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom