Ме интересира како изгледа тој легален начин на прибавување на снимки каде има индикации дека власта е вмешана во криминал? Треба да чекаме совеста на власта да проработи и пастирот да каже - Точно е земав 20 милиони провизија?
Легален начин, во цел свет, е ако имаш докази да ги пратиш на полицијата и обвинителство. Втор чекор е по мене, ако подолго време нема одговор и мислиш дека институциите не работат, да ги дадеш доказите на реномирана меѓународна организација или странска амбасада.
Но има тука друга работа, постои и одговорност за поднесувач на лажна кривична пријава. Правото е исто за сите, не може луѓе на функција да немаат никакви права. Освен тоа, имавме случаи и порано, па што стана со
аферата Швајцарски сметки ?? ако беа лажни наводите на Фокус, требаше по законите Младенов кривично да одговара, но се заврши со дебела парична казна, а прашање е дали Фокус воопшто ја плати. Освен тоа , ако се ограничат злоупотребите на медиумите само со парични казни, медиумите имаат рачун и да ги платат, ако натепаат тираж или приходи од рекламирање. Но познатиот британски неделник кој користеше прислушкување е затворен, а целиот приход од последното издание е даден во добротворни цели.
Кратко и јасно, не смее да се објавува ни лична фотографија ни приватна комуникација на било кое лице без негова дозвола. А наши интернет портали си прават бизниси со прислушкувани разговори, уште малку и ЦД-иња ќе продаваат. Уште си ставаат на веб странита ознаки за авторска сопственост

Дозволено е и вообичаено пренесување во медиуми во целост, со полно име и презиме, ПРАВОСИЛНА пресуда . Но и тука се јавија рестрикции, н.пр. Уставен суд го забрани Регистерот на педофили, а на засегнати малолетните лица се даваат само иницијали, без обзир дали се починители или жртви.
А дека има ДЕМАГОГИЈА од странците, има... некој солат памет дека се треба да биде слободно а ако е лага само да се демантира или да се казнува симболично, а кај нив ќе те одерат со дебели казни, секојдневни се судските процеси против новинари и папараци, со дебели парични казни. ( Да не го наведувам примерот за затворски казни за објава на ВИСИТИНА, Бредли Манинг 35г за давање на медиумите на таен видео клип, а на кој се гледа како војниот хеликоптер ликвидира цивили, ама и западни новинари), исто за Сновден и Асанге цел свет знае..
Исто така, прашање е колку се регуларни изборите ако се дозволи се и сешто да се објавува, во време на избори, како на минатите, кога
меѓу двата изборни круга директно од политичка партија се пласира тзв афера Македонска Банка, а добиена од наводно НЕПОЗНАТО лице. Секоја партија може да го користи ова,
најефтина изборна кампања, после и да плати некоја пара казна, пак е во ќар.
.. А што се однесува со корупцијата ( која по дефаулт и тешко се докажува - имено треба да признае и давателот на провизијата, странец), има една друга, метода која хрватското обвинителство ја користи против Санадер. Имено, во немоќ правно да го санционираат Санадер, бидејќи падна пријавата за продажбата на ИНА на МОЛ ,( падна на унгарски суд и автоматски во цела ЕУ паѓа), сега го казнуваат парично, а по основ на немање доказ за потекло на имовината ( а и партијата ХДЗ треба да врати пари бидејќи Санадер најголемиот дел на спорните пари ги дал на партијата).
Но и тука има цака, веќе излегоа
спискови со дузини хрвати со многу пари без потекло, не само политичари, има на списокот и многу
гувернери..., па многумина се сомневаат што ќе биде од сето тоа..
А од друга страна Санадер има многу пари за земање од државата за
незаконски повеќегодишен притвор , ќе излезе и тоа...