- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Гледај, одредени филмови имаат оставено неизбришлива трага и би било многу глупо од нив да се прави римејк. Пишувам за филмови кои поради една или друга причина повеќето ги сметаат за совршенство. Нема смисла да преработуваш филм што е толку добро направен и „свеж“ и по неколку децении, освен финансискиот интерес и евентуално некое бате што мисли дека може повеќе и подобро од Хичкок, Копола, Тарковски итн. (меџутим, тогаш батето би требало да сними нешто ново, а не да ги глода остатоците од минатото). Одредени актери се нараскинливо поврзани со конкретни изведби и замената е бесмислена дури и кога во игра се сосем солидни имиња.Што е „La Dolce Vita" без еден Мастројани?
Батали тоа... „The Omega Man"!!!
Чарлтон Хестон е најголемото мажиште во историјата на Холивуд! Сталоне, Чак Норис, Шварци...Све тоа може вода да му носи на Хестон.
Е сега, јас (а веројатно и други), си имам „проблем“ со пристрасност и можеби со носталгичност. Да речеме, за мене, „Супермен“ на Р. Донер, со К. Рив, и „Бетмен“ на Тим Бартон ми се доволни. Едноставно тоа се првите филмови на оваа тема што сум ги гледал, како дете, така што сум доста резервиран за другите, понови варијации на оваа тема, иако многу „знаци“ упатуваат кон тоа дека грешам.