За кој филм треба да се направи римејк?

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
@Zaphod Beeblebrox
Ќе обрнев повеќе внимание на твојов пост ако го немаше лајкот на анон.

У секој случај, зошто не продужувате со скролање и давајте си предлози. Филмската рециклажа е 95% со комерцијални намери, а другите 5% се од незнаење на филмските љубители да ценат квалитет кој е еквивалент на техничките можности на едно време.
Единствено што давам шанса е на лошо раскажани, а во суштина добри приказни. Баш да видам дали ќе налетам на такви у темава...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.241
Не е полиран. Со лимитациите на времето, и во државата, филмот не е се што може да биде...
Збориме за Stalker на Тарковски? Римејк на било кој негов филм без него е ко филм за Бетмен без Бетмен, фудбал без топка. Тарковски е 99% од филмот.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
Збориме за Stalker на Тарковски? Римејк на било кој негов филм без него е ко филм за Бетмен без Бетмен, фудбал без топка. Тарковски е 99% од филмот.
Aко СВАРНО сакаш римејк да направиш, ПРАВИЛНО, ќе најдеш ентузијаст...ќе најдеш прав човек.
Бетмен е бетмен. Го глумеле лошо, го глумеле добро, го глумеле ок..
Мора кога тогаш нова генерација да се истренира...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.241
Aко СВАРНО сакаш римејк да направиш, ПРАВИЛНО, ќе најдеш ентузијаст...ќе најдеш прав човек.
Бетмен е бетмен. Го глумеле лошо, го глумеле добро, го глумеле ок..
Мора кога тогаш нова генерација да се истренира...
Збориме за уметност и уметници и тоа за еден од најголемите филмски уметници на сите времиња, не ентузијасти. Исто како да ми кажеш ќе се најде некој ентузијаст ко Микеланџело, Да Винчи, Шекспир.

Во моментов нема режисери на нивото на Кјубрик, Тарковски, Куросава, Фриц Ланг, Бергман. А и да има, нивниот стил е толку значаен дел од нивните филмови што секој римејк би ја изгубил главната компонента и поента на оригиналот.
 
Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
Збориме за уметност и уметници и тоа за еден од најголемите филмски уметници на сите времиња, не ентузијасти. Исто како да ми кажеш ќе се најде некој ентузијаст ко Микеланџело, Да Винчи, Шекспир.

Во моментов нема режисери на нивото на Кјубрик, Тарковски, Куросава, Фриц Ланг, Бергман. А и да има, нивниот стил е толку значаен дел од нивните филмови што секој римејк би ја изгубил главната компонента и поента на оригиналот.
Роден, Гауди, Виктор иго...итн..
Се наоѓаат. Разликата измеѓу уметник и ентузијаст, е ешто едното е профеција/окупација, а другото е став. Поголемиот дел уметници, творат, и останвуаат заборавени. Тие што се истакнуваат над другите, се ентузијасти....
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ептен мразам семантика based дебати
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Dune заслужува, а и ќе добие римејк (односно целосно нова адаптација на книгата), заради тоа што единствената завршена верзија (таа на Линч) е океј само ако ја гледаш како треш филм.

Штета што Ходоровски никогаш не ја завршил својата верзија. Препорака од мене за документарецов, да се види само колкав потенцијал имал проектот, ама отишол у неповрат заради амбициите на Ходоровски.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Се осеќа дека фали римејк за Спајдермен.

Dune секогаш заслужува шанса. Но книгата поседува квалитети кои се тешки за екранизација, а притоа не мислам на специјални ефекти и слично. Дури и величина како Линч не беше задоволен од својата креација. Лик како Ходоровски (или Жодоровски, како што го викаат дома) е доволно откачен и блесав да направи некоја впечатлива, интересна и несекојдневна приказна. За жал, тој тим (С. Дали, Х. Гигер, О. Велс и некои други капиталци се починати или прастари) одамна не е во игра и е испуштена една голема можност. Но се фрлале тони пари на филмови кои веднаш по премиерата завршиле во ѓубре и никој не зборува за нив, освен кога се набројуваат неславни рекорди.
Лично не верувам дека некој, сега засега, ќе создаде пристојна филмска приказна од Дина на Херберт.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734

Од наративен аспект, треба да се земе цел серијал кој е премногу долг за да се екранизира во филмска форма. Минисеријал (анимиран или игран) би бил многу подобра варијанта (инаку има два минисеријала од рани 2000-ти). Јас, лично, верувам дека може да се напраи и сеа. Има продукциски капацитет за таква изведба.

Линч, инаку, имал многу проблеми и притисоци од продуцентите, а и ван неговиот тон е екранизирање на Дина.
Јас, пак, ептен му ја сакам таа катастрофална треш екранизација. :D

А за Сталкер, не глеам никаква поента во праење римејк. Ќе се деси истото што се деси и со Соларис. Тие два филма го имаат достигнато својот врв со Тарковски и тоа е тоа.
 
Последно уредено:

Прво, колку и да е контадикторно, и јас ја сакам „Дина“ на Линч. Јас засакав, којзнае зошто, и кога првпат ја гледав, пред да ги читам книгите. Има таму добри сцени, добри глумци, одлични црви... Но можело поинаку, можело и подобро.

Да, целата приказна е така конструирана што може квалитетно да се проширува до недоглед, па серија е разумен избор. Веројатно прераната смрт на Френк Херберт не осиромаши за барем уште две-три о.к. продолженија. Неговиот син пишува на оваа тема, ама овој пат крушата е предалеку падната од дрвото.

Кога мислев на сложеност за екранизирање, пред се' мислев на купот внатрешни монолози, размислувања, конфликти, заклучоци и емоции кои потешко се доловуваат визуелно, а не се баш за занемарување и ја заокружуваат приказната.

Инаку, голема желба ми е да видам анимиран, црно-бел серијал со Дилан Дог.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Кога мислев на сложеност за екранизирање, пред се' мислев на купот внатрешни монолози, размислувања, конфликти, заклучоци и емоции кои потешко се доловуваат визуелно, а не се баш за занемарување и ја заокружуваат приказната.
Ова е проблематично со сите екранизации на книги бидејќи станува збор за различна уметничка форма. Внатрешни монолози, заклучоци, конфликти и емоции (освен у чизи комедии) не може да се изведат во филмска форма. Тоа што филмовите ги спојува со литературата е главниот тек на настаните и описите (иако едното е опишано стриктно јазично, а другото е еклектично). Толку. Карактеризацијата во филмовите се опфаќа поинаку (со говор на тело, од контекст итн.) од литературата. Тука има три решенија. Се прави колку што е можно поверодостојна имитација на делото (како Игра на тронови), со што, пак има иновација у музика, визуелна естетика и слично; се прави комплетно своја верзија во која режисерот додава своја нота (Вселенската одисеја, Соларис, Сталкер, Блејд Ранер итн.) или усеруваш. :D Книги што се повеќе ориентирани на акција и описи се полесни за екранизирање, додека, пак, „тек на свеста“ жими ваквово што ќе го екранизираш.
Инаку, голема желба ми е да видам анимиран, црно-бел серијал со Дилан Дог.
Јас сакам пола Image, Vertigo и Dark Horse стрипови да ги видам анимирани xD(црно-бели или во боја). Ама јебига. Има мал милион креативни идеи во стрипови што останале у вода. Замисли „Saga“, „Fatale“, „Chew“, „Transmetropolitan“ да се направат у серии... Да не забегаме у францускана школа: Филип Друлие (Lone Sloane!), Енки Билал (Immortal беше до душа океј) и Моебиус. Таму има мостра, ехее... Замисли, бе, да напраат некој серијал ко „Love, Death and Robots“ со 15-20 епизоди, секоја од нив екранизација на по една графичка новела ко „The Incal“. Дај ние да го напраиме ова, да се обогатиме!
До душа имаш една анимирана серија од Алан Форд. Се вика „Арчер“. :D
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.815
Поени од реакции
11.870
Logan's Run и Soylent Green. Двата филма имаат одлична идеја за кои можат да се снимат одлични sci-fi футористичко-дистописки филмови. Не дека реализацијата им е лоша и вака, ама доколку би ги режирал некој од Нолан или Денис Вилнев од овие два филма можат да се направат masterpiece филмови.
 
Не знам, Soylent Green и Logan's Run ми се предобри поради ретро естетиката у 70-ти. Доколку Нолан или Вилнев би напраиле римејк од филмовиве, тоа сигурно ќе биде некоe crѐme de la crѐme дело. Ама ќе го има истиот проблем што, барем за мене, го имаат новите „Планетата на мајмуните“. Одлични се, ама го нема Чарлтон Хестон и го нема духот од 70-те. Секако, тоа е некоја форма на носталгија и личен вкус за цела таа естетика на научно фантастични филмови од тој период. Иако добри режисери може да ја задржат истата нота ако си го знаат занаетот. Примери за успешни проекти од филмови што се направени тој период се ствари ко Westworld.
Но реално, добата на научно фантастичните филмови се дели на периодот пред Хестон, периодот за време на Хестон и све потоа. :D
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Ха, сериозно, дали би имале смисла „Десетте божји заповеди“ или „Бен Хур“ (не дека некој умира од желба да бидат повторно снимани) без Хестон? Дали вреди нов „Кум“ без Брандо и другата багра?
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Што е „La Dolce Vita" без еден Мастројани?

Батали тоа... „The Omega Man"!!!
Чарлтон Хестон е најголемото мажиште во историјата на Холивуд! Сталоне, Чак Норис, Шварци...Све тоа може вода да му носи на Хестон.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom