За кој филм треба да се направи римејк?

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Што е „La Dolce Vita" без еден Мастројани?

Батали тоа... „The Omega Man"!!!
Чарлтон Хестон е најголемото мажиште во историјата на Холивуд! Сталоне, Чак Норис, Шварци...Све тоа може вода да му носи на Хестон.
Гледај, одредени филмови имаат оставено неизбришлива трага и би било многу глупо од нив да се прави римејк. Пишувам за филмови кои поради една или друга причина повеќето ги сметаат за совршенство. Нема смисла да преработуваш филм што е толку добро направен и „свеж“ и по неколку децении, освен финансискиот интерес и евентуално некое бате што мисли дека може повеќе и подобро од Хичкок, Копола, Тарковски итн. (меџутим, тогаш батето би требало да сними нешто ново, а не да ги глода остатоците од минатото). Одредени актери се нараскинливо поврзани со конкретни изведби и замената е бесмислена дури и кога во игра се сосем солидни имиња.
Е сега, јас (а веројатно и други), си имам „проблем“ со пристрасност и можеби со носталгичност. Да речеме, за мене, „Супермен“ на Р. Донер, со К. Рив, и „Бетмен“ на Тим Бартон ми се доволни. Едноставно тоа се првите филмови на оваа тема што сум ги гледал, како дете, така што сум доста резервиран за другите, понови варијации на оваа тема, иако многу „знаци“ упатуваат кон тоа дека грешам.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Nieden.

Dokolku filmot e originalna ideja, po originalno scenario, nema potreba da se pravi rimejk.

Dokolku e adaptacija na kniga/strip/video igra da, takvi moze, iako mislam deka ne otekoa so reboots i remakes poslednava dekada.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Warcraft, толку голем потенцијал имаш во овој универзум и ти правиш срање. Лоша актерска екипа, лошо избработени ликови, лоши сцени, а да не зборам што ја утнаа цела приказна. Освен преминувањето на орките во Азерот друго ништо од тоа што прикажаа во филмот не беше според играта.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
На 1984...ама малку адаптиран на технологијава нова.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
Што е „La Dolce Vita" без еден Мастројани?

Батали тоа... „The Omega Man"!!!
Чарлтон Хестон е најголемото мажиште во историјата на Холивуд! Сталоне, Чак Норис, Шварци...Све тоа може вода да му носи на Хестон.
Има 3-4 адаптации на книгата, од кои една е гореспоменатата. Колку и да се забавни и добро направени филмовите, скршнуваат од оригиналниот материјал со цел да и удоволат на публиката.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не знам колку од вас го знаат филмов или го гледале како деца на МТВ. Мене и на брат ми кога бевме деца ни беше еден од омилените цртани, го имавме и на видео касета и го гледавме десетина пати:

The Flight Of Dragons (1982)

Добра приказна, богата митологија, ултра интересни ликови... Секогаш сум се прашувал зошто е паднат во заборав. Мислам дека со добро сценарио, добри ефекти и добар кастинг може да се направи одлична live action верзија. Таман за фанови на LOTR или GOT.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Прашањето треба да е: „кој добар филм да се усере со римејк пошо се нема идеја за нешто ново асално?“
Најдобар коментар и размислување,ретки се римејковите кои се подобри од оригиналниот филм
Автоматски споено мислење:

Збориме за уметност и уметници и тоа за еден од најголемите филмски уметници на сите времиња, не ентузијасти. Исто како да ми кажеш ќе се најде некој ентузијаст ко Микеланџело, Да Винчи, Шекспир.

Во моментов нема режисери на нивото на Кјубрик, Тарковски, Куросава, Фриц Ланг, Бергман. А и да има, нивниот стил е толку значаен дел од нивните филмови што секој римејк би ја изгубил главната компонента и поента на оригиналот.
Фелини спаѓа у оваа група,уметничкото ремек-дело Satyricon Од 1969 не може да му правиш римејк,едноставно не се истите времиња и свест кај луѓето,се е променето и за некои филмови подобро е да останат без римејкови!
Автоматски споено мислење:

За мене голем злочин е и кога ќе направат катастрофално продолжение на некое ремек-дело,на пр.како го усраа Предатор 2 неверојатно,исто и продолженијата на Робокап,и редица други,да не редам тука
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Најдобар коментар и размислување,ретки се римејковите кои се подобри од оригиналниот филм
Автоматски споено мислење:


Фелини спаѓа у оваа група,уметничкото ремек-дело Satyricon Од 1969 не може да му правиш римејк,едноставно не се истите времиња и свест кај луѓето,се е променето и за некои филмови подобро е да останат без римејкови!
Автоматски споено мислење:

За мене голем злочин е и кога ќе направат катастрофално продолжение на некое ремек-дело,на пр.како го усраа Предатор 2 неверојатно,исто и продолженијата на Робокап,и редица други,да не редам тука
Да се дополнам, ми беше за зло земен коментарот.
Филмската УМЕТНОСТ (со капслок ја напишав намерно) со литературата дели една многу значајна врска, а тоа е поттикнувањето на фантазијата на конзумерот, оставањето на недоречености, работи кои не се докажани до крај, заплети кои гледачот и читателот сами ќе си ги расплетат како сакаат. Филмската ИНДУСТРИЈА е паразит кој го уништува тој момент и сите тие мали недоречености ги открива како полови органи у порно-филм.....prequel, sequel, prepreprequel.....измишљотини кои ја уништуваат таа фантазија, затоа што „публиката ја интересирало што било пред да се роди Терминатор“ - не, неќам да знам каде се сексале баба му и дедо му „за подобро да ја знам приказната“. У иста смисла ми е првиот пост и тоа е тоа. Додека сеуште се ствараше уметност, авторите оставаа дел од приказната гледачот сам да си ја изгради, не дека не можеа со CG да напраат нешто. Alien немаше никогаш да биде таков успех на пример, да не беше целиот филм - набој, тензија, очекување....затоа и денес филмовите од тој жанр изгледаат евтино, смешно, неинтересно....
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.363
Поени од реакции
38.337
измишљотини кои ја уништуваат таа фантазија, затоа што „публиката ја интересирало што било пред да се роди Терминатор“ - не, неќам да знам каде се сексале баба му и дедо му „за подобро да ја знам приказната“.
Т-800 е киборг немал баба и дедо па да знаеме дали се сексале или не
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Да се дополнам, ми беше за зло земен коментарот.
Филмската УМЕТНОСТ (со капслок ја напишав намерно) со литературата дели една многу значајна врска, а тоа е поттикнувањето на фантазијата на конзумерот, оставањето на недоречености, работи кои не се докажани до крај, заплети кои гледачот и читателот сами ќе си ги расплетат како сакаат. Филмската ИНДУСТРИЈА е паразит кој го уништува тој момент и сите тие мали недоречености ги открива како полови органи у порно-филм.....prequel, sequel, prepreprequel.....измишљотини кои ја уништуваат таа фантазија, затоа што „публиката ја интересирало што било пред да се роди Терминатор“ - не, неќам да знам каде се сексале баба му и дедо му „за подобро да ја знам приказната“. У иста смисла ми е првиот пост и тоа е тоа. Додека сеуште се ствараше уметност, авторите оставаа дел од приказната гледачот сам да си ја изгради, не дека не можеа со CG да напраат нешто. Alien немаше никогаш да биде таков успех на пример, да не беше целиот филм - набој, тензија, очекување....затоа и денес филмовите од тој жанр изгледаат евтино, смешно, неинтересно....
Alien е снимен пред интернет-револуцијата,затоа го има тој набој,таа тензија тешко дофатлива за денешните трансформер цги-филмови,едноставно времињата се изменија и во иднина ќе викаат преди после интернет ерата за се,не само за филмската уметност
 

Kajgana Shop

На врв Bottom