За користење нелиценциран софтвер затворска казна до пет години

Член од
5 август 2008
Мислења
558
Поени од реакции
180
кога купуваш лиценциран софтвер ти даваат етикета со кодот и серискиот број. тоа е налепница. налепницата МОРА ДА ТИ БИДЕ ЗАЛЕПЕНА НА КОМПЈУТЕРОТ (или лаптопот)... ако му речеш во фиока ми е, не важи.. исто како да не е лиценциран.... и таа налепница кога ке ја залепиш, не се вади никад више... можеш да ја ољупиш парче по парче ама цела никад више... за да не ја употребуиш на друг компјутер пак...
А ти гледа контролата во компјутерот или битна е само налепницата? И уште нешто, истото важи и за офисот? Што на пример ако имам лиценциран виндоус а немам лиценца за офисот.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
А ти гледа контролата во компјутерот или битна е само налепницата? И уште нешто, истото важи и за офисот? Што на пример ако имам лиценциран виндоус а немам лиценца за офисот.
Зашто да користиш нелиценциран мајкрософт офис кога има бесплатен опен офис? Разликите се ептен мали и за нормални документи нема ни да осетиш дека нема мајкрософт офис.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
кога купуваш лиценциран софтвер ти даваат етикета со кодот и серискиот број. тоа е налепница. налепницата МОРА ДА ТИ БИДЕ ЗАЛЕПЕНА НА КОМПЈУТЕРОТ (или лаптопот)... ако му речеш во фиока ми е, не важи.. исто како да не е лиценциран.... и таа налепница кога ке ја залепиш, не се вади никад више... можеш да ја ољупиш парче по парче ама цела никад више... за да не ја употребуиш на друг компјутер пак...
Тоа со големите букви си требало да го напишеш со мали и со прашалник. Тогаш ќе ти одговорев дека немора да лепиш налепница. Налепница доказ за поседување на OEM лиценца на MS производи. Останатите производители имаат други начини на докажување, а впрочем и самиот MS.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
А ти гледа контролата во компјутерот или битна е само налепницата? И уште нешто, истото важи и за офисот? Што на пример ако имам лиценциран виндоус а немам лиценца за офисот.
да, ти проверува што имаш во компјутерот... и наместо офис целосен, имаш опен офис, кој е комплетно бесплатен а имаш и портабл ексел, портабл ворд од 2003 година кои се бесплатни и без лиценци...

значи, нелиценциран виндовс 3.500 еура казна, не лиценциран офис тоа значи + 3.500 евра казна... не лиценциран друг софтвер (на мајкрософт корпорација) + 3.500 евра казна за секој софтвер... колку не лиценцирани софтвери толку пати по 3.500 еура...

лиценциран виндовс а не лиценциран офис “само“ 3500 евра казна

и некој погоре спомна, дека и другите компании продаваат со лиценца... да точно е, и истите се кракувани исто како и сите софтвери, ама немаат договор со нашата влада за почитување на лиценците и контрола... (како ли иде сега тој термин не ми текнува, и која институција кај нас уствари е задолжена за тоа, ама знам дека се работи со договор само за мајкрософт корпорацијата за лиценците само за нивните софтвери) сите други и да ги имаш кракувано, нив тоа не ги занима... ти имаш лиценциран софтвер (виндовс да речеме) и се друго што имаш ако не е од мајкрософт, баш те заболе...

уствари, што го тупам јас, еве гледам дека има по упатени, нека појаснат малку, наместо да нафрлаат податоци од време на време... јас се заангажирав малку (неколку дена) за да дознаам што и како пошто морав да го решам проблемот со канцеларијата...

бидејки има луге тука на форумот кои ја знаат проблематиката, фино и лепо, нека земат нека појаснат малку како иде целиот закон и што опфака... одвојте 5 минути од времето ваше и објаснете детално, намесо конфузии да излагаат...
п.с. оставањето на линк од некој веб сајт од власта не е појаснување... премногу правно се извртени текстовите до таа мера што за обичен граѓанин (не академски) тоа е тотално неразбирливо и целосно конфузно... треба ли адвокат да ангажирам за да ми појасни?

поздрав до инспекторите на темава...
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ако само е потребен оперативен систем и офис, тогаш слободно преоѓајте на Убунту! Ама ако имате SQL база на податоци од микрософт, тогаш не ве спасува никој. Сега за сега не ги гледаат тие детали, но ако почнат да ги гледаат секоја фирма ќе треба да си плаќа казни. Не верувам дека некој легално има купено зашто многу пари е.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.773
Поени од реакции
17.000
кога купуваш лиценциран софтвер ти даваат етикета со кодот и серискиот број. тоа е налепница. налепницата МОРА ДА ТИ БИДЕ ЗАЛЕПЕНА НА КОМПЈУТЕРОТ (или лаптопот)... ако му речеш во фиока ми е, не важи.. исто како да не е лиценциран.... и таа налепница кога ке ја залепиш, не се вади никад више... можеш да ја ољупиш парче по парче ама цела никад више... за да не ја употребуиш на друг компјутер пак...
a ako ti rikne hard diskot ke mora drug da zemes, znaci drug kompjuter...
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Абе што се плашите толку уште малце и Мајкрософт ќе пропадне Јебо вас Офис .

Ајде уживајте ја знам дека у Владата некој се патолошки болни ама вам ви се чудам на муабетот.

Со секој нов компјутер се купуе лиценца и крај.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
a ako ti rikne hard diskot ke mora drug da zemes, znaci drug kompjuter...
зашто? ке смениш хард диск и па ке си го инсталираш истото... таман ке ти биде време да појачаш, т.е. поголем да купиш (обично така иде):)
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Абе што се плашите толку уште малце и Мајкрософт ќе пропадне Јебо вас Офис .

Ајде уживајте ја знам дека у Владата некој се патолошки болни ама вам ви се чудам на муабетот.

Со секој нов компјутер се купуе лиценца и крај.
знаеш кога ке рикне мајкрософт? кога ке рикне земјава... а можда ни тогаш...
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
a ako ti rikne hard diskot ke mora drug da zemes, znaci drug kompjuter...
Пак ќе повторам ... се зависи од типот на лиценцата. Ако е ОЕМ замена на компјутер значи нова лиценца, со ФПП може да се користи истата, со ВЛ може и да се додаваат нови компјутери колку сакате, но поистекот на календарската година и тие мора да се пријават.
Тоа е од аспект на легално користење. Но има и други елементи во приказната, Windows мора да се активира нели. Секоја измена на хардверот носи одреден број поени, и кога ќе се надмине одредена дозволена квота, мора да се направи реактивација. Значи не само диск, туку и комбинација од тип нова мрежна, графичка и плоча би предизвикало стартување на процес на реактивација. Реактивацијата како процес воопшто не е страшна доколку 1. лиценцата е ваша и 2. ако не ви се случува секој месец :)

Инаку, не е предмет на проверка само MS софтвер. Точно е дека во BSA како организација која ги штити своите членови најдоминантни се Microsoft, Adobe и сл. гиганти, но таму членуваат и производители на WinZip, WinRAR и сл. Значи од старт сите тие се заштитени преку BSA, но не само тие ... нашите закони не постојат да ја штитат BSA и нејзините членки (иако се они најактивни по тоа прашање) туку сите носители на интелектуални и авторски права. Значи секое па и најмало нелиценцирано парче софтвер може да биде предмет за отворање постапка (кражба е и кражба на возило и кражба на мастики), но верувам дека може и да помине неказнето ако ги почитувате (читај: плаќате) главните BSA играчи.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
ова ме потсеќа на оваа добра песна секој сака да владее........
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
[quote="kano-eko-systemi, post: 4771809, member: 39795"]кога купуваш лиценциран софтвер ти даваат етикета со кодот и серискиот број. тоа е налепница. налепницата МОРА ДА ТИ БИДЕ ЗАЛЕПЕНА НА КОМПЈУТЕРОТ (или лаптопот)... ако му речеш во фиока ми е, не важи.. исто како да не е лиценциран.... и таа налепница кога ке ја залепиш, не се вади никад више... можеш да ја ољупиш парче по парче ама цела никад више... за да не ја употребуиш на друг компјутер пак...
[/QUOTE]

На што спадна Микрософт... една налепница да е целиот доказ... :pos:
.. ебем ти налепница... не трае долго, чистачките скроз наскроз ги поебуваат...:D
..добро бе кој кур Микрософт измислуваа еден куп перипетии за легализирање... сериски број, онлајн или телефонска активација... и слични тракатанци..за да се се сведе на една налепница....:pos:
... добро ... нема налепница, излитела, се искинала... одам онлајн на микрософт.ком .. и таму има една алатка за онлајн проверка на валидноста на виндовсот... таа алатка покажува дека софтверот е легален... и што прајме сега..што е повалидно..едно парче хартија или директната проверка кај Микрософт...???????
... друго... од кај ќе имам налепница ако виндовсот сум го симнал и купил со онлајн плаќање...!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

... ништо не ме чуди.. какви се слепци се инспектори.... им рекле налепница и крај... :pos: ни лево ни десно..ко коњите...
 
Налепницата треба да се софпадне со бројот од windowsot за тоа бутаат стик.
И да си купил онлајн, треба на извод да имаш, јас контактирав со микрософт и ми ја најдоа лиценцата, ми дадоа линк да се регистрирам и ми искочиа сите купувања што сум ги направил од нив (те. преку нивниот дилер Логин системи), и сериски броеви за истите при инсталација. Тоа кога ќе го приложиш на инспекторте, сите насмеано си се разидoвме. :)
 
Пак не ме разбра.... заеби налепници и некакви си ливчиња хартија.... убаво пишав...

....добро ... нема налепница, излитела, се искинала... одам онлајн на микрософт.ком .. и таму има една алатка за онлајн проверка на валидноста на виндовсот... таа алатка покажува дека софтверот е легален... и што прајме сега..што е повалидно..едно парче хартија или директната проверка кај Микрософт...???????
Па нели оние од микрософт се утепаа од фалење за нивниот нов непробоен метод на легализација и активација...... цели конференции држеа... а ваму пак... дај да видам ливчето....:D

... еееее и некој ми се фали дека прави е-општество... :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom