За затворениот пост 'Психолошко дно'

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
ништо не знаеш за депресијата како болест.
...никогаш на никого не сум рекла дека знам, ниту некому сум рекла ,,Ти не знаеш,, , оти секогаш има некој што знае повеќе, а тој што мисли дека знае, а прашање колку знае, треба тоа друг да го потврди а не самиот!
Ти мислиш на човек му е дојдено до социјализација и било што во животот кога е во депресија?
...ако не му е дојдено до социјализација зашто дел од предлози за негова дополнителна активност да излезе од депресија е токму тоа, ако не му е дојдено до тоа?
отворен разговор со луѓе од блиска околина или луѓе со слични проблеми (како на пример, група за поддршка), многу помага.
...овој предлог што е? не е еден вид социјализација?
Не сфаќаш.Дечкото може си нашол друга девојка,ама тоа не значи дека не е во депресија
...јас сфаќам,
и не „може“ нашол друга девојка туку „сигурно нашол и ИМА друга девојка “ !
...доколку едно машко има депресија да биде со такво паднато либидо (оти депресијата тоа неминовно го прави сакал тој или не), да се удвара и да има нов љубовен живот со не било каква девојка, туку со некоја за која секој би му завидел, значи да ја „фати“ морал да „поработи“ на тоа и тоа ТОЈ би го направил со такво психолошко дно на таква депресивна состоја што ја укажува? е како да не, и момичето што секој би ја посакал (највероватно убава,згодна, паметна) ќе биде со него онака кога тој е во депресија скоро „мртов“ незаинтересиран? е како да не, или тој преку ден и приквечер е „нормална “ личност, а навечер пред да легне се трансформира во суицидна личност со психолошко дно со имање време тоа да го пишува на форум, внимавајќи на секоја запирка и точка пишувајќи цели реченици без ниедна грешка? :свиркам:
Знаеш, би ти простил уште сто пати да ме изневереше да останевме заедно, знам дека би било така, колку да се убедувам дека не.... Што можам и што ми преостанува друго освен да ти посакам да бидеш среќна, еве со тој моментално, не е лош вака, терајте. Биди среќна секој ден, колку што сум јас несреќен. Само те молам едно, не ја дели "Fade to Black" со никого. Не го гледај "I Origins" со никој, никогаш повеќе. Извини, морав да го едитирам "збогум". Знам дека никогаш нема да го мислам тоа колку и пати да го кажам. Оти и кај оние на кои им се изброени деновите постои атом надеж, јас и ти повторно, во некој друг универзум со заборавени лоши случки, со нова шанса колку и да е бесмислена истата..
...пак ќе кажам, љубомората и погазеното его е негов проблем, ТОЈ е личност која не признава пораз и не смее да некој го изневери, најмалку неговата бивша девојка кој мислел дека „ја има во рака“ и дека тој е господар на нејзиниот свет, а всушност таа го изневери со друг и докажа дека може без него?
...тоа е црвот што го јаде, наречи го како сакаш, ама депресија не е ! :cool:
 
Последно уредено:
Член од
26 април 2018
Мислења
170
Поени од реакции
105
...ако не му е дојдено до социјализација зашто дел од предлози за негова дополнителна активност да излезе од депресија е токму тоа, ако не му е дојдено до тоа?

...овој предлог што е? не е еден вид социјализација?
Не е социјализација одењето на психолог и групната поддршка. Лекување е. Исто како кога одиш на доктор за било што, или разговараш во група со луѓе со иста болест, само за болеста. Има разлика.


...доколку едно машко има депресија да биде со такво паднато либидо (оти депресијата тоа неминовно го прави сакал тој или не), да се удвара и да има нов љубовен живот со не било каква девојка, туку со некоја за која секој би му завидел, значи да ја „фати“ морал да „поработи“ на тоа и тоа ТОЈ би го направил со такво психолошко дно на таква депресивна состоја што ја укажува?
Опаднато либидо, може да биде симптом на депресијата, но не мора.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Не е социјализација одењето на психолог и групната поддршка. Лекување е. Исто како кога одиш на доктор за било што, или разговараш во група со луѓе со иста болест, само за болеста. Има разлика.Опаднато либидо, може да биде симптом на депресијата, но не мора.
...слободно можеш да бидеш пратеник во Собрание, све што е ти одговара на твојата теза „може да е и може да не е“ зависи од ситуацијата која сакаш да ја поставиш :)
... таман работа кога се оди на доктор, групно со други луѓе да се разговара за истата болест, луѓето се „кријат“ со своите болести, ( докторке каде има нешто за вошки на глава, за комшивката прашувам) :LOL:
луѓето се плашат од само еден бел мантил и една индивидуа за си го кажат својот проблем, а не пак болеста да ја делат групно (честа сцена на многу амерички филмови) групна терапија е само да се убеди личноста дека не е единствениот со ист или различен проблем или „да се отвори“ да каже што го мачи, оти поради ситуацијата „се затворил“ во себе и толку ! ништо друго кое би го нарекле успешно групно лекување !:backa:
 
Член од
26 април 2018
Мислења
170
Поени од реакции
105
...слободно можеш да бидеш пратеник во Собрание, све што е ти одговара на твојата теза „може да е и може да не е“ зависи од ситуацијата која сакаш да ја поставиш :)
... таман работа кога се оди на доктор, групно со други луѓе да се разговара за истата болест, луѓето се „кријат“ со своите болести, ( докторке каде има нешто за вошки на глава, за комшивката прашувам) :LOL:
луѓето се плашат од само еден бел мантил и една индивидуа за си го кажат својот проблем, а не пак болеста да ја делат групно (честа сцена на многу амерички филмови) групна терапија е само да се убеди личноста дека не е единствениот со ист или различен проблем или „да се отвори“ да каже што го мачи, оти поради ситуацијата „се затворил“ во себе и толку ! ништо друго кое би го нарекле успешно групно лекување !:backa:
Баш тоа Бијонс... Точно во с'ржта го погоди проблемот. Луѓето се срамат.
Интернетот им дава некаква анонимност, затоа е добра опција.
 
Член од
23 април 2014
Мислења
99
Поени од реакции
178
@WildMk Бладарам за заинтересираноста и времето одвоено да ги прочиташ постовите од другата тема и да отвориш ваква, иако сметам дека немало потреба, сепак големо благодарам до тебе. А сега вака.

Немаше ни еден добар совет. Не го разбравте. Не е проблем бившата, тоа само било тригер за депресијата. Проблем му е депресијата.
Овој пост отсликува голем дел од мислењата на претходната тема, а и тука. Не знам зашто сите се фатија бившата та бившата. Не знам дали требаше да нацртам дека го ставивте акцентот на погрешно место. Темата беше за психолошката ситуација која трае долго време. Извршувањето на сите работи механички без желба, без ентузијазам, без можност да се чувствува нешто кон било што од околината. Не знам, еве ви пример, имате некоја многу важна работа која треба да ја завршите, а тоа не ве допира, знаете што ќе се случи ако не го направите тоа, повторно ништо не ве допира, оставате се така, не чувствувате ништо. И знам повторно ќе бидат истите муабети, затоа и побарав да се затвори темата, не сакам да има препукување за џабе, очигледно паметно ми беше што не отворав тема досега, можеби имаат тука право некои членови, вакви теми не се за на форум, не знам.

А до @bijons. Не знам како да ти објаснам дека секој заклучок твој што го имаш напишано е тотално погрешен. Еве да ти сумирам што збориш упорно во секој пост: Бившата, егото смачкано, сум можел да фатам друга и немам врска со депре, сум бил изневерен и не сум можел да се помирам со тоа, поразен сум бил/љубоморен итн. Еден збор од ова не е точен, го тврдам тоа. Како што и гласеше мојот прв пост, настанатата психичка состојба после сите дешавки е проблемот што трае. Те молам немој да си самопрогласен психијатар и да мислиш дека ја откриваш Америка. Бившата и сите случки се завршени и помирен сум со нив и немам проблем, психичката состојба после сите работи е останата и непроменета. Сигурно повторно ќе бидам погрешно разбран, така да не знам колку има поента да се дискутира на темата, затоа и барав да ја затворат претходната. И не, немам никаква врска со членот што ја отворил темата, напротив сум многу изненаден, одма се претворивте во детективи како тоа сум бил јас со друг акаунт. Али нејсе, добро е да се фантазира.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
...слободно можеш да бидеш пратеник во Собрание, све што е ти одговара на твојата теза „може да е и може да не е“ зависи од ситуацијата која сакаш да ја поставиш :)
... таман работа кога се оди на доктор, групно со други луѓе да се разговара за истата болест, луѓето се „кријат“ со своите болести, ( докторке каде има нешто за вошки на глава, за комшивката прашувам) :LOL:
луѓето се плашат од само еден бел мантил и една индивидуа за си го кажат својот проблем, а не пак болеста да ја делат групно (честа сцена на многу амерички филмови) групна терапија е само да се убеди личноста дека не е единствениот со ист или различен проблем или „да се отвори“ да каже што го мачи, оти поради ситуацијата „се затворил“ во себе и толку ! ништо друго кое би го нарекле успешно групно лекување !:backa:
Ете,дечкото ти кажа.
А,тебе да те видам дали ќе викаш дека на брат ти,сестра ти,братучед ти,братучедка ти им е нарушено егото ако они самите велат дека губат волја и дека паѓаат во депресија или ако други го зборуваат тоа за нив ?
Имаш посебни теми за заебанции без осет.Ако немаш корисен совет,не коментирај овде !
 
Член од
26 април 2018
Мислења
170
Поени од реакции
105
@Anand , искрено се надевав дека тролаш. Жал ми е за тоа што си, навитина, во таква ситуација.
Ако имаш прашања, или едноставно ако сакаш 'да се истушиш' на некој, пиши ми ЛП, слободно.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Ете,дечкото ти кажа.
А,тебе да те видам дали ќе викаш дека на брат ти,сестра ти,братучед ти,братучедка ти им е нарушено егото ако они самите велат дека губат волја и дека паѓаат во депресија или ако други го зборуваат тоа за нив ? Имаш посебни теми за заебанции без осет.Ако немаш корисен совет,не коментирај овде !
...изи женска, не е твој форумов сила не покажувај, оти те ценам како член на форумов со извонредни коментари немој да ме разочаруваш дека си само една размазена балавица, ТИ го кажуваш дека се „заебавам и немам осет“ тоа е твоје мислење, а јас само кажувам тоа што мислам, да не ти дадам примери каде ТИ коментираш со заебанци со осет сериозни работи низ форумов....
пишувајте, но не се задирајте со мене и не ми лепите етикети, јас вас никаде не ве спомнав ниту пак кажав нешто околу вашето резонирање, така?
...дечкото НЕ МИ КАЖА, туку му најдов негов пост на друга тема на форумов што е поврзано со новоотворената негова тема Психолошко дно, ама не дочитуваш, а знаеш да набедиш!
...ваква ситуација и мене ми се случи многу одамна, а и на многу други кои биле и се главни во некое друштво, па и до денес не можам да се помирам дека тој ме изневери и ми раскина, инат ова она, после можев да се смирам, но моето его не го дозволи тоа иако ме мачеше цело време... но не е ТОА депресија ,
така да вие кажите си го вашето мислење, јас моето, но не се затепувајте дека вашето е точно и друго мислење НЕ е, па сега ајде да си одиме на друга тема ако не е истоветно со вашето....
е па добро ете темата е ваша продолжите си сами во дует...цццц цццц да се нема бре почит ! :facepalm:
 
Последно уредено:
Член од
26 април 2018
Мислења
170
Поени од реакции
105
...изи женска, не е твој форумов сила не покажувај, оти те ценам како член на форумов со извонредни коментари немој да ме разочаруваш дека си само една размазена балавица, ТИ го кажуваш дека се „заебавам и немам осет“ тоа е твоје мислење, а јас само кажувам тоа што мислам, да не ти дадам примери каде ТИ коментираш со заебанци со осет сериозни работи низ форумов....
пишувајте, но не се задирајте со мене и не ми лепите етикети, јас вас никаде не ве спомнав ниту пак кажав нешто околу вашето резонирање, така?
ваква ситуација и мене ми се случи многу одамна, а и на многу други кои биле и се главни во некое друштво, па и до денес не можам да се помирам дека тој ме изневери и ми раскина, инат ова она, после можев да се смирам, но моето его не го дозволи тоа иако ме мачеше цело време... но не е ТОА депресија ,
така да вие кажите си го вашето мислење, јас моето, но не се затепувајте дека вашето е точно и друго мислење НЕ е, па сега ајде да си одиме на друга тема ако не е истоведно со вашето....
е па добро ете темата е ваша продолжите си сами во дует...цццц цццц да се нема бре почит ! :facepalm:
Не даваш совети и немаш осет.
Тоа твоето, нема благе везе со депресија.
Верувај, ако имаш депресија (не дај Боже), со ни едно друго чувство не можеш да ја помешаш.[DOUBLEPOST=1527954442][/DOUBLEPOST]
Секако немаме доволно, ти имаш доволно за сите нас овде да ни дадеш ;)
Што да ви дадам?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
@bijons. Не знам како да ти објаснам дека секој заклучок твој што го имаш напишано е тотално погрешен. Еве да ти сумирам што збориш упорно во секој пост: Бившата, егото смачкано, сум можел да фатам друга и немам врска со депре, сум бил изневерен и не сум можел да се помирам со тоа, поразен сум бил/љубоморен итн. Еден збор од ова не е точен, го тврдам тоа. Како што и гласеше мојот прв пост, настанатата психичка состојба после сите дешавки е проблемот што трае. Те молам немој да си самопрогласен психијатар и да мислиш дека ја откриваш Америка. Бившата и сите случки се завршени и помирен сум со нив и немам проблем, психичката состојба после сите работи е останата и непроменета. Сигурно повторно ќе бидам погрешно разбран, така да не знам колку има поента да се дискутира на темата, затоа и барав да ја затворат претходната. И не, немам никаква врска со членот што ја отворил темата, напротив сум многу изненаден, одма се претворивте во детективи како тоа сум бил јас со друг акаунт. Али нејсе, добро е да се фантазира.
... само да ти реплицирам СО ТВОЈ ТЕКСТ оти сум повикана, постот е ТВОЈ напишан на 24.04.2018 година на друга тема, прочитај си го повторно ако не се сеќаваш, не би рекла дека се завршени иако пред 5 години, тебе се уште те мачи затоа и го напиша нели и затоа ИМАШ ПРОБЛЕМ ?!
Ти станав само спомен, сеќавање што ќе го спомнеш некогаш, а ти мене ми остана тоа што секогаш ми беше и ќе бидеш, смислата на се. .. Знаеш, би ти простил уште сто пати да ме изневереше да останевме заедно, знам дека би било така, колку да се убедувам дека не.... Никогаш нема да знаеш што беше(сеуште си) ти за мене....Знам дека не можам да се излечам од тебе, осуден сум вечно да си ми во крвта... Извини, морав да го едитирам "збогум". Знам дека никогаш нема да го мислам тоа колку и пати да го кажам...Само ти остана непроменета во мене. Те сакам
...еден мој совет, дека истото го поминав, помири се со тоа и гледај ги нејзините негативности, а не пријатните моменти со неа, избриши ја од глава и ќе ти биде ОК ... додека не се откажеш од НЕА, ниеден лек, ниеден форум, ниеден доктор нема да ти помогне.... ти си многу интелегентен и посебен, знам дека го можеш тоа,
...поздрав и секое добро !:motorce:
 
Последно уредено:
Член од
23 април 2014
Мислења
99
Поени од реакции
178
... само да ти реплицирам СО ТВОЈ ТЕКСТ оти сум повикана, постот е ТВОЈ напишан на 24.04.2018 година на друга тема, прочитај си го повторно ако не се сеќаваш, не би рекла дека се завршени иако пред 5 години, тебе се уште те мачи затоа и го напиша нели и затоа ИМАШ ПРОБЛЕМ ?!

...еден мој совет, дека истото го поминав, помири се со тоа и гледај ги нејзините негативности, а не пријатните моменти со неа, избриши ја од глава и ќе ти биде ОК ... додека не се откажеш од НЕА, ниеден лек, ниеден форум, ниеден доктор нема да ти помогне.... ти си многу интелегентен и посебен, знам дека го можеш тоа,
...поздрав и секое добро !:motorce:
И? Не ти ја разбирам потребата да се правиш детектив и цело време да си "аха, готово, те открив", и да настапуваш во тој стил. Многу добро знам јас што имам и како имам напишано, само проблемот е што ти не разбираш дека напишаното нема никаква врска со ова тука што го збориме. Напишаното во другата тема си е за таму кај што и е напишано, и ниту покажува ниту докажува некоја од точките што ти ги тврдиш, така да уште еднаш ќе те замолам, доста го цитираш тој пост кога нема врска со ова.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Ми излезе вишок време и гледам тема на форум што е отворена пред некој ден, а има бајаги мислења и тоа не се случило одамна и ај си реков ќе исчитам. Потоа отидов на темата која што е затворена и е причина за оваа тема, и како велат старите си немал ѓаолот работа си ги ебел децата па еве мое мислење на темава.

Значи познавам 3-4 случаи каде што луѓе пателе од депресија и си го одзеле животов, и постарите членови на форум ќе се сетат на два случаи барем од форумџии, каде едниот дури во 6 наутро напиша пост во темата Самоубиство, си кажа што му лежи на душа и зеде се отепа со пиштолот од татко му.

Дечкото што ја отвори минатата тема никако да ме убеди дека не е само уште еден арогантен тип, да не грешам душа, ова е мое мислење ниту сум психолог ниту ништо, но не може на првиот пост да напишеш „Се борам со себе долго време и се надевам дека на крај нема да го изберам конечно самоубиството како решение“, ова е класично помодарство кое сум го слушнал од милион луѓе кои на крајот излегле дека само поминуваат во фаза на животот каде што им е досадно и се разочарани од други луѓе или еве најчесто како што е случајов (и не може да ме убеди поинаку) за женска.

Реално сите поминуваме низ некакви фази, некој повеќе некој помалку, да не звучам како Коста Петров, еве нешто конкретно:

Дечкото во следниот пост од почетниот пишува „Сум бил на психијатар, пиев антидепресиви, на крај ги баталив. Долго време сум статус кво, незнаејќи каде понатаму, што со себе и како да поправам многу работи, кога веќе немам ни желба нешто да направам. Скоро се што правам го правам механички, без желба, љубов и чувства.“ јас сум видел многу луѓе да пијат антидепресиви вклучувајќи ме и мене долг период но не сум видел некој толку неодговорен сам на своја рака да прекине антидепресиви кои се прекинуваат постепено, на периоди со намалување на дозата и сето тоа во рамни на контрола на доктор.

Како велат, на човек можеш со сила да му земеш, а да му дадеш не можеш, дечкото не ни бара помош, во ниту еден пост од минатата тема и во оваа не видов барање помош, затоа што и да ја побарал некаде таму во реалниот живот, овде не ја споменува, како и сите што имаме фамилии другари девојки глупости, што можат да забележат ако нешто не е во ред со нас, така и дечкото има, ете во следниот пост од темата се фали „Пријатели имам, имам девојка моментално доволно долго што реално гледано мноогу би посакале да ја имаат, и многу би завидувале“ еве го тој нарцисоиден арогантен склоп на индивидуа каков што е тој, за после во некој следен пост таму (мака ми е веќе да цитирам) кажува како имал некоја бивша ради која пател, па пост во љубовни проблеми, па а у и се некако ми се сведува на тоа дека се работи за повреден човек, ама онака повреден како што на сите се случува, од дечко или девојка и тоа е тоа.

Тука дечкото сака да ја направи „големата“ од тој проблем и упорно да се оправда со самосожалување. Исто така сум видел многу луѓе да се самосожалуваат и си ги припишуваат неспособностите на нешто што им се случило, во случајов - девојката му раскинала, и понатаму сите неуспеси и состојби на психата се припишуваат на тоа, така е можеби насекаде во светот ама во фиром е можеби најистакнато, секогаш некој друг ни е крив за нешто што ние не сме успеале да бидеме, секогаш кога спортист не успева кај нас „абе тренерот не ме сакаше“, секогаш кога музичар не успева „абе се нема публика овде сите се сељаци“ секогаш кога некој не успева да најде девојка/дечко „абе ја испокрадоа државава“ се некогаш некој друг ни е крив, а да си признаеме дека нешто не е во ред со нас, тоа никако.

Дечкото во ниту еден пост не признава што му е, и да го пишува тоа во постот едноставно е неуверливо и го нема, не бара помош, туку дава исказ, целата тема е еден голем исказ кој потоа виде дека не му тргна во теркот кој што го сакаше, побара да се заклучи. Тука е проблемот, тој само побара луѓе кои ќе ја оправдаат неговата состојба и ќе го потапкаат по рамо, а наиде на сосема поинакви постови (на крајот на краиштата не знам ни што очекуваше од форум). Пак ќе кажам, дајбоже да сум во право - овде не гледам случај на депресија, туку недостаток на внимание и арогантност. Не може бе да побараш да ја затворат темата што си ја отворил а да се жалиш дека имаш проблем.

едит: И пази, дечкото оди во долга врска а девојката нема поим дека тој е окупиран со нешто друго, ниту пријатели му знаат за состојбата ниту никој, како што рече - добро се преправал. Абе ова не е Авенџерс па ајде јас сум Ајрон Мен па ќе кријам од другите дека сум Ајрон Мен, абе кога има проблем се седнува на маса се решаваат проблеми, девојки тетки шатки патки се седнува на маса со отворени карти и така се решаваат проблеми. Тешко на девојката што оди со него, искрено ако е така навистина ја жалам, утре ќе треба или да ја откачи или да прерасне тоа во нешто поголемо а таа да нема поим кој е човекот со кој што завршува.
 
Последно уредено:
K

kicodarker

Гостин
Ти препорачувам да ги препрочиташ сите мои постови, уште еднаш (и 3 пати ако треба), ама внимателно.
Кое фино четиво!

За сериозни теми, нема да се разговара, од сериозни луѓе, се додека мнозинството на форумов сте такви какви што сте.
Уфф..ова стварно пржи мозок.

Во ред, местово е за површни муабети, како дневна политика, компјутерски игри, спорт и кладилници, жени и тоа е тоа. Од друга, искрено! Ама ми се повраќа, од овој наш гнасен менталитет!
Јас сум повеќе за “од друга,искрено!“. Ама како ти се повраќа од овој наш гнасен менталитет? Дали тоа сите сме еднакви правени во машина за фотокопир? Дали ти поради што си имаш твои психолошки проблеми и си поминала години сурфајќи на интернет решенија за твојот проблем наеднаш сочуствителна си со некој трол кој подоцна ќе му здодее форумот, ќе испцуе матер на се што гледа, ќе заврти нов лист и како ништо да не било? Тоа што сакаш тролот да го направиш популарен всушност е твоето скриено его, кое сакало одамна да отвори иста ваква тема и да прими еден тон сочуство сожалување но чекаше некој друг да го скрши мразот.

И за крај...

Не знам ни што очекувам всушност? Македонци сте...
Македонци сме. Всушност ај влав сум, ако менува нешто? Како ја наоѓаш вината во нечија национална припадност. Според твојов ментален проблем, криви ти се сите Македонци од Делчево до Дебар, од Битола до Скопје (преку Велес со 3 патарини) чисто оти се Македонци? Очигледно не си го решила твојот проблем и вината ја префрлаш на секој што ќе го сретниш и го гледаш како причина за твојот проблем.


-------

Еве ти препрочитав дел од твоите мислења. Заклучок : Шизофренична си.

шизо2.jpg шизо3.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom