...може сето наведено е одговор за друго прашање, тоа не е„лек“ туку промена на животни навики и доколку не се имало континуитет во спортување, прошетки, чување миленичиња, па и социјализација што кога личноста е во депресија најмалку тоа ќе го направи самоиницијативно ако нема некој за рака да го „влече“, инаку членот/ка укажа дека „ барала ЛЕК за депресијата“ па по десет години го пронашла, и затоа ме чуди да личност да биде толку години во депресија и толку лесно да се извлече да речам без последици на нејзино резонирање и давање совети за психолошката состојба на членот кој едноставно не може да се помири од неверството на сега бившата девојка, а да има сега подолго време нова девојка кој секој би ја посакал, а бил во депресија, е како да не! факт дека има нова девојка, значи не е во депресија, туку егото му е смачкано ! ете тоа !
Можам само да заклучам дека, апсолутно ништо не знаеш за депресијата како болест.
Ти мислиш на човек му е дојдено до социјализација и било што во животот кога е во депресија? И самиот тој многу убаво кажа: се' правам механички.
Друго, ако е депресивен, не значи дека не може да резонира правилно, напротив, луѓето со депресија можат многу добро да ги маскираат своите проблеми, тоа им е коупинг механизам. Мислиш да ме видиш мене, ќе знаеш дека страдам од депресија? Никогаш нема да ти падне ни на крај памет. Во друштво сум најгласна, најзборлива и најдосетлива. Депресивните луѓе не значи дека се психотични, ама можат да станат.
Дијагноза ми поставија дури во 2001, официјална. 100 различни психијатри и психолози ме прегледуваа, ми правеа анализи и тестови и појма немаа што е. Откако ми беше установена, почнаа да воведуваат антидепресиви во терапија. Среќа, уште првиот тип ми се погоди. Предходно 'се обидуваа' со најразлични медикаменти, дури и антипсихотици ми имаа препишано, и толку лошо ми делуваа што не знаев за себе си тој месец дури ги пиев. Другите, никако не ми делуваа. Хелекси, лексилиуми, дијазепами не делуваат на депресија, само ублажуваат симптоми. Антидепресивите се лек за депресија. А антидепресивите ги има во различни форми и различен им е начинот на делување. Конкретно на мене делуваат SSRI и тоа, исклучиво, само една врста. Знаете, ни еден психијатар не може секогаш со 100% сигурност да ја погоди формата на депресијата, бидејќи нема некој опиплив тест, како земање крв и се' се случува со проба со различни видови медикаменти, односно, преку trial and error.
Друга, многу битна работа, отворен разговор со луѓе од блиска околина или луѓе со слични проблеми (како на пример, група за поддршка), многу помага. Секое минимализирање на неговиот проблем кое го правите, како ти со ова: значи не е во депресија, туку егото му е смачкано ! ете тоа !

... и ред други коментари во кои му се потсмевате и не се обидувате да го разберете, само му одмагаат. Ова исто ќе го правите и со луѓе во ваше опкружување во вистинскиот живот, кои страдаат од депресија... бидејќи немате основни познавања за болеста, која за жал, е премногу честа и кај нас и во целиот свет.