Нелогично ми е да постои некој (нешто) кој нема попаметна работа од тоа да се грижи за нас и да ги слуша нашите молитви. Зошто ние луѓето мислиме дека сме посбни само затоа што сме свесни за нашето постоење? Ако да создадеш интелигентно суштество значи дека си господ дали ако создадам интелигентно суштество јас сум господ? Зошто ако господ го има создадено целиот живот (секаде) само луѓето одат во рај/пекол? Ако господ го создал светот пред неколку илјади години зошто наоѓаме предмети стари неколку милијарди години?
Од вакви и слични догми се имам откажано од религија (христијанска). Некој праша како луѓето што не веруваат во господ наоѓаат внатрешен мир. За мене понекогаш е прилично лесно, но понекогаш екстремно тешко. Поголемиот дел од времето гледам да правам работи кои ми претставуваат задоволство. Понекогаш ме мачат мисли како на пример помислата дека кога тогаш моето постоење ќе заврши. Како атеист прилично тешко ми е да се справам со стравот од смртта. Затоа ги поддржувам научниците кои се обидуваат да го подобрат и продолжат нашиот живот. Кога сме веќе кај смртта... зошто вие (луѓето кои веруваат во господ) кога ќе се разболете одите на лекар да ве излечи? Нели е тоа скратен пат до рајот? Како и да е, да се вратам на мислата, јас внатрешниот мир го сфаќам како моменти кога сум среќен и задоволен. Такви моменти имам многу често, претежно цело време, ретко сум загрижен и депримиран. Од религијата има некои работи кои ми се допаѓаат, како некои од моралните вредности кои се спомнуваат во библијата, некои пак се чиста глупост.
Ме нервираат луѓе кои ја сфатиле нивната религија на таков начин што им штетат на луѓето околу нив. Пример: сакаат да го наметнат нивното верување на други, не се толерантни кон оние кои имаат различни гледишта од нивните, слепо стојат зад нивните ставови иако се косат со логиката и слично. Од друга страна има луѓе кои сфатиле дека светот не е ист како пред 2000 години и се адаптирале на промените но сеуште веруваат и ја почитуваат својата религија. Би сакал да сум еден од нив, но колку и да се трудам не можам. Да верувам во нешто не треба само да кажам дека верувам или да ги почитувам сите верски обичаи (некои од нив бесцелни и идиотски), треба да има нешто повеќе од тоа, треба да чувствувам нешто повеќе од тоа.
Се надевам дека некој ги разбра моите неповрзани мисли. Ако не, се извинувам за драгоценото време што ви го одзема читањето на мојов пост.