За Ресен

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
хехехе.....тоа на малиот кажи му го !
иначе сношти те немаше во шемата..вечерва те чекаме Алдоморо !
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
хехехе.....тоа на малиот кажи му го !
иначе сношти те немаше во шемата..вечерва те чекаме Алдоморо !
Па вчера дома кај мене и после во Фрејм, интересно беше, полно. И таму се расположивме.
Вечер Алдо Моро и Еволушн ќе биде шемата, сите таму за да се изгужваме малку:)
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
The PRince go saka makijatoto, makijatoto go saka ThePrince
Prince gi saka votkite votkite go sakaat prince:)))
Pozdrav do resen4anki najveke do EDNA :)
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
по по по по
Абе сите масони сме...
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
а бе гледам таму некој скокаат против Ресен, зошто ни е убаво и погодено. Јас лично до сега немам напишано ништо лошо против другите градови, и ме радува што пишат против нас, значи ни завидуваат, мака им е дека сме најдобри. И колку сакаат нека навредуваат, јас не вреѓам никого, со тоа ќе ја докажеме големината!
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
Чомбе зад убавиот коњ прашина се крева.
Ресенското лоби е многу јако нека јадат трици кој што сака НИЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ ВРЕДИМЕ
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
а бе гледам таму некој скокаат против Ресен, зошто ни е убаво и погодено. Јас лично до сега немам напишано ништо лошо против другите градови, и ме радува што пишат против нас, значи ни завидуваат, мака им е дека сме најдобри. И колку сакаат нека навредуваат, јас не вреѓам никого, со тоа ќе ја докажеме големината!
Така е колега,нека скокат нека скокат....требит визи да почниме да им бараме на тие за во ресен.....хехехе

Абе кој што сакат можит да кажвит ,сите тие длабоко во себе знаат дека никој град неможе да се споредува со Ресен и Преспа....

Држава РЕСЕН !!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А бе секој град си има свои убавини, предности и слабости но не сакам некој од надвор да вреѓа, ова она, вакви сте, такви сте. Нека си гледа чергата. Ние си сме овде родени и за мене барем никаде нема место како Ресен, тоа ми е дом!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
На 26 февруари 2008 ќе се одржи состанок на иницијативен одбор за формирање на кошаркарски клуб на територијата на Општина Ресен.

Состанокот е закажан за 18 часот во Спортската сала во Ресен. На истиот се покануваат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да учествуваат во формирањето на кошаркарскиот клуб.

Се повикуваат и компании од Ресен и Преспа да земат учество во подршката на овој клуб, и да го спонзорираат.

Ресен, досега немал кошаркарски клуб, со оваа иницијатива ќе се збогати разновидноста на спортовите со кои ресенчани професионално ќе настапуваат на македонската спортска сцена, велат граѓаните на Ресен, и срдечно ја поздравуваат идејата.
 
Член од
18 декември 2007
Мислења
448
Поени од реакции
51
Како живеат Ресенчани...
Главна | Општоод Paladin на 5 мар 2004 - 17:11
Долго време имав желба да го опишам накратко животот на Ресенчани. Не затоа што е "многу убав" туку дека ми оди на нерви и не се поднесува. Можеби постојат и други градови, слично загрозени, но Ресен е некако посебе. Ќе Ви опшиам како во Ресен се доживуваат најважните настани од животот...


Општо за животот
Најпрво би го издвоил озборувањето, и би им дал златна медаља на ресенските жени - за озборување. Друго, сите Ресенчани имаат ист сон - да изградат по една куќа за челатот, децата да им завршат факултет и да ги мажат/женат (тупнат) во фамилија што ја бие добар глас во Ресен. За пари, градов е доста богат и не разговарам за таа тема повеќе, но никогаш не му е доволно на народот.

Раѓање на новороденче
Е за ова е посебна тема за разговор. :) И да ви кажам за ова можам да напишам и цела сторија, но ќе скратам малку. Штом се роди новороденче, веднаш комшиите и подалечните пријатели одат кај мајката, и даваат коментари за нејзината линија (кај подебелите жени, лажат), а потоа го "напаѓаат бебето". Застануваат над крошната и го скенираат од глава до петици барајќи некоја физичка мана. Ако во скенирањето најдат - тогаш со животот на бебето е свршено. Ќе го бие лош глас уште од пелени. Ако пак не најдат ќе почнат да го фалат и ќе го надгледуваат како се развива за да најдат некоја негативност кај него. Ете тоа е накратко за раѓањето на нов член во Ресен.

Ноќниот живот
Ноќниот живот е катастрофа. Полош не верувам дека некаде постои. Во парк излегува само 5% од населението. (10000 жители) и тие што излегуваат по никоја цена не седнуваат по кафулиња. Девојката фаќа дечко на минимум 18 год, ако е поотракана може и на 17, 16. А за корпи, да не зборуваме-даваат ненормално многу.

Запослување на некоја особа
Штом се запосли некоја особа од туѓа фамилија, веднаш се зема ливчето во рака и започнуваме со математика. Таткото зема Х денари, мајката Х денари, имаат и дуќан, роднини во Америка, стан во Скопје, и + на тоа се додава и ресенско ДДВ и ќе дојде дека тој е мултимилјардер и не треба да биде на работа.

Завршување на факултет
Е сега доаѓа на ред крај на факултетот. Штом се чуе дека некој завршил факултет одма се даваат критики за тој факултет, најлесен е, има мито, може секој да го заврши. И ќе дојдеш до заклучок дека факултетите се 4 години уживање во Скопје. :) А ако веќе е некој потежок, ќе најдат мана на детето, тој имаше 4-ки, бегаше од часови, се знаеше со наставниците и пак ќе дојдеш до заклучок дека детето е е*иветар. :)

Смрт
Кога ќе настапи смрт кај некој од фамилијата, први дознаваат комшиите, а потоа поблиското семејство. Комширите ги шират гласините за смртта како поленов прав, и уште вечерта цел град знае кој починал, од што, какво наследство оставил и тоа информации од прва рака.

Епа драги баграџии, толку ми беше инспирацијата, сега приготвувам и втор дел. Се надевам дека некако Ви го доближив поблиску животот во Ресен, а можеби и некој веќе се соживеа со мене...


еве ви и втора верзија:

Како живеат Ресенчани (втор залак)
Главна | Општоод Asfalt на 23 авг 2005 - 20:47
Ej, па јас скроз изумиф дека ви ветив нов дел од сторијава. Епа си го баравте еве ви го:
Али подобро е прво да го прочитате стариот дел: http://bagra.org/node/1151 и коментарчињата и како за кука се закачите на секундарниов дел. Првата сторија бев под Paladin, али се сум алијас Асфалт. ))
Си решил да се оплакниш во градот на Унеско, а љубиш да врвиш низ Плетвар, знај дека не ти бега Ресен. Го минуваш правото, насадено со огромни дрвја долж патот, и тап - полиција! Ти го покажува легендарното стоп. Ти не застануваш! Ти го покажал од спротивната страна а ти не знаеш да читаш латиница, STOP! Те запира полицијата што е на 50-тина метри подолу.
„Абе ти пуљиш или нафиксан си а?„
„Знаеш дека ќе те зеам ф станица и ќе ќофтам ко на филмојне?„

Не, се шалам, не е толку строга полицијата де.

Моторџии
Епа како на времето во Скопје, еве сеа и во Ресен има моторџии, само мора да се напомене дека целата екипа на актери (повеќе глумат на моторот отколку возат) е од Јанковец (веднаш после Ресен, ако одиш за Охрид). Пристигнуваат во Ресен и веднаш зад собрание. Знаеш дека стигнале, се крева магла од тоа маслото (препорачливо 4%/ литар, а овие 50%/литар, па поефтино им е маслото од бензинот, се исплаќа есапот). Моторите им се Томос, серија Тарга, тоа им е стандард. Али има исклучоци - и Колибри. Прави дизел момци, Јакна Дизел со тренерки Акдидас )). Туку ај да не ве замарам со ова толку.

Теретана
Е ова е веќе многу поинтересна тема. Многу е парадоксална. Теретана е табу тема во Ресен. Ако си почнал да одиш знај дека има огромни чешити на твој рачун. А 80% од тинејџерите испуштиле м`длаци до земја, значи сите ставиле кајш околу половината. )) Сум почнал и јас, не негирам, али... И тамаш што си седнал на правата за гради, ти дошол некој да ти соли памет, демек не кревај вака, зошто се гледаш горе кога креваш ))...

Турбо фолк
Сте дошле на вистинското место. Вистинска долина на турбо фолкот. Со исклучок на барот ”Меџик” каде има само мали примеси на грандофките. А се друго е секс, дрога и турбо фолк.

Такси
Сполај му на Господа, некој понудил кеш за тие ”бродовите”, коли со големина 3 на 3 (практично кажано, една лента и пол од џадето). За бучавата пак, не може да се изразе во мега децибели. Просто -болест за уши. Чадат како оџакот на топилницата, таа во Велес. Возачите, пак, сите се искусни-ветерани (нема помлади од 60 год). А за другите такси нема лоши зборови, сите се свака им част, шо би рекол дедо ми кога влезе во пежо 206 такси - ”каква машина вика , ова само германците можат да го произведат”. )

Есен
Се чека како дожд после суша. Есента. Е тогаш се добива поинаков изглед. Патиштата преку ден преполни со трактори, кој со празна приколица, кој со аргати на истата, сеедно. Сите установи се празни. Нема ниту еден пациент во амбулантата, и болните оздравуваат за бербата. )) Ноќе по улиците е пустина. Сите легнале порано, ум(о)рени од работа. Има повеќе да се пишува на оваа тема, али другпат...

Економија
Е за ова, срамота е да се жалам. Али ако некој ви каже дека има дома просек по 4 мобилни, комјутер, кола просечна, 4000-5000 евра под перница, и уште 2-3 бафчи сопствени, и почне да ви се жали дека нема пробиен денар, е навистина ве излжал. Вечен идеал(сон) на едно просечно ресенско семејство - две деца, машко и женско, женското да го омажи во странство(друг да и го бери гајлето), за машкото да се направи нова куќа, двете да завршат факултет, барем едниот доктор, да посади 2-3 бафчи, кола просечна и по две внучиња. И после, лепо спавај... Убав сон, нели?

Главната улица
Патувате ли по главната улица-имате осет како да сте во Чикаго. Застанува кој кај ке му прдне, се паркира на сред улица, растоварува роба, го остава точакот на сред лента и слични потези кои му одговараат само нему. Значи штом неа сте ја поминале можете да се опуштите вие што сте зад(пред) воланот.

Чаршијата
Површина од 100 метри2, поплочена, мал парк, јаболко на сред центар, качено на минаре )), на плочките гледаш залепени мастики чиниш монети од 2 денари се. Светилките ту се палата, ту се гаснат, гледаш пред тебе електричен спој, куршлук направила. Абе жива романтика, шо да ти расправам...

Епа толку ме служеше инспирацијата засега, се надевам ви доловив малце во какви услови, растам и се развивам. Повеќе другпат... А верувајте ми, ќе има! Па Ресен не е така обичен град... (www.asfaltce.blogspot.com)

Баравте, гледајте! Само шо ова не е МТВ, да се разбериме!


asfalt...една работа неможам никако да ја разберам...претпоставувам дека си од Ресен кога веке толку си запознат со работите и толку стручно ги обработуваш...само никако не ми влегува во глава како е можно да го мражиш до толку родниот крај...претпоставувам дека си искомплексирана и крајно исфрустрирана личност кога си напишал ваква една тема..луѓето што знаат да уживаат ва животот ке се чуствуваат убаво ма макар и во Сахара биле...останатите постојано ке наогаат изговор зошто не им е убаво а ти најде милион во сопствениот град..и кога си веке толку подобар од средината во која живееш повели надвор во чаршија и иницирај некоја промена а не века да го оцрнуваш градот без никаква основа...после ова мислам дека разбираш во земјава има уште над(5000) луге кои можеби никогаш не го виделе градот и ке имаат негативно мислење со што наместо да допринесеш помагаш да тоне...се надевам дека еден ден некоја 17 годишна скупска фуфица што го прочитала текстов ке ти каже дека твојот град е тапа и ти нормално со тоа ке се согласиш и во исто време ке почнеш да го величиш нејзининото скупје...само немој да заборавош дека никогаш нема да те стави на исто ниво со неа па макар и колку тупа била бидејки за неа секогаш ке бидеш провинција...и пак немој да заборавиш дека таа мисла ти и ја стави во глава..ти си првиот што се потцена себе си....што се однесува до девојките тоа е веројатно твој личен проблем па затоа немој де генерализираш...
п.с
заборави уште една карактеристика...ако некој те дознае кој си ке те тепаат додека мрдаш
поздрав
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А бе го знаеш оној муабетот, си немал ЃАОЛО работа и си ги ебал децата(стара авганистанска поговорка)!
Овој асфалтот сигурно го знам ама подобро е да не го научам кој е, ќе си направи проблеми!
Од муабетот заклучив дека е искомплексирана личност која изгледа освен во Ресен нема излегувано никаде на друго место(или излегол 1-1,5 пати и тоа бил само во шопинг).
1. Ова за новороденчињата изгледа се однесуваше за него, му кажале кога потпораснал како го меркале и му барале мана и деформација(која очигледно ја поседува). Вакво нешто да кажеш треба да си или издрогиран или да ги имаш летнато гулабите.
2. За ноќниот живот мора да кажеме дека е таков поради големиот број на студенти. А за девојките, изгледа речникот ти е штур штом не си можел да фаќаш и помали од 18 години. А и како да се измува со тебе кога ќе се пофалиш на цела мала и ќе му се јавиш на вујко ти во ЈАР.
3. Ова за вработувањето(не запослување) поглупо не можев да прочитам и не можам да се спуштам толку ниско да коментирам.
4. Уште еден доказ за простотата. На факултет нема 4-ки, од 6-ки нагоре. Ама не го окривувам за ова, со тој капацитет не ни можел на факултет.
5. Е ова за смртта ме изнасмеа. Уште еднаш ќе кажам дека холивудските филмови лошо влијаат на нашата младина. Еве дури и за наследства и тестаменти се зборува овдека. Знам дека имаат пари луѓето во Ресен ама до олку за да се расправаат со тестаменти:pos2:
Со сигурност можам да кажам дека уште кога синовите и ќерките ке се мажат и женат доаѓа до препишување на имотот и слично. А ова со тестаментите беше јака фора :pos2:. Шо да речам, ми го разубави денов, мислам ме расположи вкрај.
6. Со полицијата не коментирам бидејќи нема излезено подалеку од Ресен и не знае дека контроли има секаде а посебно ги застануваат оние коли кои не им се познати за рутинска проверка.
7.За моторџиите има право до некаде ама каде нема моторџии?
8.Па за теретана мора некој да те подучи како да креваш, ако креваш или ги правиш вежбите неправилно ништо нема да постигнеш.
9.Се кладам дека ти повеќе знаеш турбо фолк песни од сите. Пример ќе кажам кога бев во Скопје и кога скопјани ми се правеа дека не знаат и не слушаат турбо фолк. Ги испијанив добро, им пуштив турбо фолк и кога фатија да пеат, сите ги знаеа, а знаеа и на кои фрекфенции се турбо фолк радијата :pos2:
10.Бербата е нешто свето во Ресен, луѓето живеат од тие јаболка па мора да се бери. Ти ако немаш јаболка не мора да си завидлив. Јавими се ке ти дадам еден сандук за низ дома да си мезите по ладново. Кажуваш ум(о)рени од работа. Па ти не си нормален. Да работаат вакви се, да не работаат вакви се, Ти треба да се лечиш. Ќе ти закажам кај Ромео преглед, по некоја случајност роднини сме. Барем кажа дека работаат луѓето тука, а не дремат по цел ден.

И како што заклучив јас, поголем оговарач од асфалт не е бил, нити ќе има. Олку работи да знаеш ти дете не е мала работа, пола од овие работи јас на пример не знаев. Секоја чест.

п.с. Асфалт, се јави татко ти, да се вратиш дома. ви избегале прасињата од кочина!
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
647
Поени од реакции
28
Чомбе Скопје учит детево не заебавај :).
Асфалт чоек на место си немој да го менвам мислењето за тебе, од Ресен си ако не пак :helou:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Тој можеби фиктивно учи во Скопје ама фактички изгледа и таму од соба не мрда никаде!
 
Член од
21 февруари 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
az sum od bulgaria i bila sum v Resen, imam mnogo priqteli tam i na men mnogo mi haresa.mnogo fini hora i samo tam i v Ohrid prez lqtoto e hubavo..a v drugite gradove nqma ziv covek..pone v resen vseki den moje da hodi6 na plaz..a za turbo folk neznam az kogato bqh nqmase nito edno zavedenie kadeto puskaa turbofolk..mnogo pozdravi na vsi4ki v Resen...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom