Деликатна тема е ова, дури и за инспекторите по крвни деликти и крим-техника. Само на правниците од старт све ѝм е јасно
Пред 7-8 години и мој втор братучед два дена го шлаеја де до станица, де на испитувања... со лисички на рацете. Браќата на дотичната дури и му порачуваа преку посредници да ја земе за жена ако сака да живее.
Излезе дека типката штотуку била бремена од друг кој ја откачил, па го намамила (барала татко на детето де). Спиеле ноќта и утредента лека полека се докопала до станица. Цела среќа некоја сосетка ги видела како излегуваат заедно од дома, натпросечно расположени, нели.
Сакам да кажам, некогаш може да има материјални докази, а да нема дело, и обратно. Се е во ситните детали и искуството на криминалистот. Овде единствено што можам да порачам е да си имате даш-камери во возилата ако треба и од вас таксистите поединечно купени (иако пак не знам колку е тоа според законот за заштита на лични податоци или некој сроден закон, ама па и не мора камерата да е видлива...)