Заштита при лажна пријава за силување

  • Креатор на темата Креатор на темата Живко
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 јануари 2015
Мислења
4
Поени од реакции
44
Возраст
48
Здраво на сите. Се регистрирав специјално на форумот да ја раскажам мојата приказна и да побарам помош за она што ми се случи на работа.

Јас сум таксист, работам во сегашната такси компанија година и пол. Пред празниците ми се качи во кола една госпоѓа да ја префрлам меѓу две спротивни места во градот.

Значи се работеше за подолга релација. Кога ја донесов до местото каде што побара да ја префрлам, жената мртва ладна излезе од колата без да плати. Јас тргнав по неа и на неколку метри пред автомобилот ја пресретнав и реков дека мора да ја плати сметката.

Дотичната се сврте кон мене и арогантно ми одговори: тргни се од мене или ќе те пријавам дека сакаш да ме силуваш. Јас бев упорен и и возвратив: госпоѓо какво силување, го барам само своето. Да ја платите сметката што ја направивте.

Тогаш почна да ми вика: море тргај ми се од пред очи ќе почнам тука да пиштам дека сакаш да ме силуваш и ќе ти дојдам со полиција.

Немав избор и не сакав да ризикувам. Цело време додека траеше расправијата од околу една минута немав никаков физички контакт со дотичната. Се повлеков и си заминав на такси станица.

Подоцна додека седевме со колегите на станица и им кажував што ми се случи, еден од колегите раскажа дека и на него му се случило нешто многу слично пред 2 години.

Помлада девојка му излегла од такси без да плати. Тргнал по девојката која почнала трчајки да бега. Успеал да ја стигне девојката и и рекол плати си ја сметката или дојди со мене во полиција да се разбереме.

Девојчето во тој момент почнала да вреска на цела глас: Помооош сака да ме силува !Силување помагајте ми ве молам.

Во тој момент поминувала група од тројца дечки што кога виделе дека девојката бара помош помислиле дека навистина сака да ја силува.

Му рипнале на мојот колега и го истепале. Девојката веднаш шпринт избегала. Човекот останал без пари и со скршен нос.

Вчера разговарав со мое братучетче што е постдипломец на правен.

Тој ми вели дека најчесто жените што лажно пријавуваат силување многу често не добиваат никакви реперкусии од судот и законот. Со цел да не се обесхрабрат вистинските жртви на силување.

За секое лажно пријавување на кривично дело се одговара кривично, освен за силување каде што поемотивно се гледа на лажната жртва и таа најчесто се излекува без кривична одговорност со цел да не се обесхрабрат од пријавување вистинските жртви на полов напад.

Лично јас сум сум за најстрога можна казна за силувачите и малтретирачите на жените. Ама некои знаат да злоупотребат. Кој мене ќе ме заштити од лажна пријава за силување како што ми се закани дотичната?

Дали доколку бидам неправедно обвинет и мојата невиност биде докажана на суд некој ќе поднесе одговорност за стресот кој ќе ми го предизвика на мене и моето семејство.

Татко сум на две малолетни деца, работам по 12 саати за 150 евра месечно што не стигнуваат за сметки само.

Значи ако мене некој лажно ме пријави за провала ќе одговара за лажна пријава. Да ме пријави некоја жена за лажно силување големи се шансите да не одговара.

Дајте ве молам.

Ги барав статистиките на интернет колку наводни "жртви" одговарале за пријава за лажно силување. Не можев да ги најдам. Ако некој нешто најде нека ми прати, сакам да видам дали во другите земји е вака.

Не добив кривична пријава. Но ја платив од сопствен џеб сметката на госпоѓата од 350 ден. Со плата од 150 евра секој денар е вреден. А јас ги дадов 350 на гладно срце. Други колеги исто ми кажуваат дека на оваа финта им бегале жени и девојки без да платат

Ве молам доколку на некој му се има случено нешто слично како на мене да го раскаже тоа тука, да видиме колку не има.Споделете ја вашата приказна
 
Тука се криви самите Такси компании што не инвестираат во безбеносни камери и ги пуштаат возачите на милост и немилост.
Во твојот случај требало да го пријавиш инцидентот во Полиција. Сепак не се за потеценување МВР и наместо за месец или два пак да закрпи некој твој колега ќе ја фатат и ќе и опнат некоја кривична.
На крај краева да си се фател за мобилниот и да си снимел дел од тој настан ситуацијата ќе била доста поинаква.

@HoT IcE
Добро ти како мислиш дека функционира правниот систем. Ако ти убијат некој во фамилија и ако немаш пари да го тужиш убиецот го пуштаат на слобода?
 
Последно уредено:
Добро, нели ви е срам на оваква тема да тролате? Човеков се посрал од работа за да си ја нахрани фамилијата и си ја споделил маката, вие најдовте памет да солите. Ако немате некој конструктивен коментар, совет, искуство, гитла од темава!
 
Здраво на сите. Се регистрирав специјално на форумот да ја раскажам мојата приказна и да побарам помош за она што ми се случи на работа.

Јас сум таксист, работам во сегашната такси компанија година и пол. Пред празниците ми се качи во кола една госпоѓа да ја префрлам меѓу две спротивни места во градот.

Значи се работеше за подолга релација. Кога ја донесов до местото каде што побара да ја префрлам, жената мртва ладна излезе од колата без да плати. Јас тргнав по неа и на неколку метри пред автомобилот ја пресретнав и реков дека мора да ја плати сметката.

Дотичната се сврте кон мене и арогантно ми одговори: тргни се од мене или ќе те пријавам дека сакаш да ме силуваш. Јас бев упорен и и возвратив: госпоѓо какво силување, го барам само своето. Да ја платите сметката што ја направивте.

Тогаш почна да ми вика: море тргај ми се од пред очи ќе почнам тука да пиштам дека сакаш да ме силуваш и ќе ти дојдам со полиција.

Немав избор и не сакав да ризикувам. Цело време додека траеше расправијата од околу една минута немав никаков физички контакт со дотичната. Се повлеков и си заминав на такси станица.

Подоцна додека седевме со колегите на станица и им кажував што ми се случи, еден од колегите раскажа дека и на него му се случило нешто многу слично пред 2 години.

Помлада девојка му излегла од такси без да плати. Тргнал по девојката која почнала трчајки да бега. Успеал да ја стигне девојката и и рекол плати си ја сметката или дојди со мене во полиција да се разбереме.

Девојчето во тој момент почнала да вреска на цела глас: Помооош сака да ме силува !Силување помагајте ми ве молам.

Во тој момент поминувала група од тројца дечки што кога виделе дека девојката бара помош помислиле дека навистина сака да ја силува.

Му рипнале на мојот колега и го истепале. Девојката веднаш шпринт избегала. Човекот останал без пари и со скршен нос.

Вчера разговарав со мое братучетче што е постдипломец на правен.

Тој ми вели дека најчесто жените што лажно пријавуваат силување многу често не добиваат никакви реперкусии од судот и законот. Со цел да не се обесхрабрат вистинските жртви на силување.

За секое лажно пријавување на кривично дело се одговара кривично, освен за силување каде што поемотивно се гледа на лажната жртва и таа најчесто се излекува без кривична одговорност со цел да не се обесхрабрат од пријавување вистинските жртви на полов напад.

Лично јас сум сум за најстрога можна казна за силувачите и малтретирачите на жените. Ама некои знаат да злоупотребат. Кој мене ќе ме заштити од лажна пријава за силување како што ми се закани дотичната?

Дали доколку бидам неправедно обвинет и мојата невиност биде докажана на суд некој ќе поднесе одговорност за стресот кој ќе ми го предизвика на мене и моето семејство.

Татко сум на две малолетни деца, работам по 12 саати за 150 евра месечно што не стигнуваат за сметки само.

Значи ако мене некој лажно ме пријави за провала ќе одговара за лажна пријава. Да ме пријави некоја жена за лажно силување големи се шансите да не одговара.

Дајте ве молам.

Ги барав статистиките на интернет колку наводни "жртви" одговарале за пријава за лажно силување. Не можев да ги најдам. Ако некој нешто најде нека ми прати, сакам да видам дали во другите земји е вака.

Не добив кривична пријава. Но ја платив од сопствен џеб сметката на госпоѓата од 350 ден. Со плата од 150 евра секој денар е вреден. А јас ги дадов 350 на гладно срце. Други колеги исто ми кажуваат дека на оваа финта им бегале жени и девојки без да платат

Ве молам доколку на некој му се има случено нешто слично како на мене да го раскаже тоа тука, да видиме колку не има.Споделете ја вашата приказна

Побарај помош од народниот правобранител.

Како што жените имаат право да пријават силување, така и таксистите имаат право да бараат помош од народниот правобранител бидејќи и таксистите се човечки суштества.

Евентуално организирајте се со колегите за да ги оставате патниците на локации во близина на други такси возила, секако дека ова не е возможно, бидејќи сте таксисти, а не возачи на автобуси, но доколку е возможно, застанувајте таму каде што има други такси возила.

Силување не може туку така да се пријави. Бидејќи не ти е фамилија лажната жртва, доколку воопшто се осмели да пријави силување, имаш право на суд да бараш да се извршат лекарски прегледи врз лажната жртва за да се открие дали навистина била силувана.

За жалење се тие кои издржуваат фамилија со ваква професија и плата, да ми се случело нешто вакво на мене, без никакво двоумење ќе ја престигнам, ќе и ја земам ташната и присилно ќе и го наплатам тоа што ми го должи, без никаков директен физички контакт со нејзе. Таа ќе може да ме тужи за грабеж, но јас ги имам фискалната сметка и нејзините отпечатоци на моето такси возило на моја страна. Но јас не сум женет и немам деца, па затоа не можам да се ставам на твое место.

За жал ги има многу ороспии на светов кои буквално молат да ги треснеш од земја.
 
зато че си возиш под клуч. Нема излегување пред да плати. Па уште ако инсталираш камерче муке нема да си имаш.
 
Прво неможе туку така да се пресуди дека кај тебе е вината, зошто свесни се другите дека има шански и она да лаже.
Второ целосно те разбирам, таксистите ги бие глас за тоа демек може да ти направат нешто, а тие дрољичињата тоа и те како можат да го искористат.
Трето, да не те лажам или да искочи дека лупам глупости, но мислам дека и ти можеш да побараш тоа да биде медицински докажано, поточно дали е вистина дека она е силувана од тебе.
Четврто, ако бидеш оштетен, а некад повторно ја видиш - згази го курвичето!
:)
 
Знам дека не е одговор на темава ама на ебај имаш камери за во кола за 10тина евра. Земи си една ваква за да избегнеш понатамошни слични ситуации.
 
Здраво на сите. Се регистрирав специјално на форумот да ја раскажам мојата приказна и да побарам помош за она што ми се случи на работа.

Јас сум таксист, работам во сегашната такси компанија година и пол. Пред празниците ми се качи во кола една госпоѓа да ја префрлам меѓу две спротивни места во градот.

Значи се работеше за подолга релација. Кога ја донесов до местото каде што побара да ја префрлам, жената мртва ладна излезе од колата без да плати. Јас тргнав по неа и на неколку метри пред автомобилот ја пресретнав и реков дека мора да ја плати сметката.

Дотичната се сврте кон мене и арогантно ми одговори: тргни се од мене или ќе те пријавам дека сакаш да ме силуваш. Јас бев упорен и и возвратив: госпоѓо какво силување, го барам само своето. Да ја платите сметката што ја направивте.

Тогаш почна да ми вика: море тргај ми се од пред очи ќе почнам тука да пиштам дека сакаш да ме силуваш и ќе ти дојдам со полиција.

Немав избор и не сакав да ризикувам. Цело време додека траеше расправијата од околу една минута немав никаков физички контакт со дотичната. Се повлеков и си заминав на такси станица.

Подоцна додека седевме со колегите на станица и им кажував што ми се случи, еден од колегите раскажа дека и на него му се случило нешто многу слично пред 2 години.

Помлада девојка му излегла од такси без да плати. Тргнал по девојката која почнала трчајки да бега. Успеал да ја стигне девојката и и рекол плати си ја сметката или дојди со мене во полиција да се разбереме.

Девојчето во тој момент почнала да вреска на цела глас: Помооош сака да ме силува !Силување помагајте ми ве молам.

Во тој момент поминувала група од тројца дечки што кога виделе дека девојката бара помош помислиле дека навистина сака да ја силува.

Му рипнале на мојот колега и го истепале. Девојката веднаш шпринт избегала. Човекот останал без пари и со скршен нос.

Вчера разговарав со мое братучетче што е постдипломец на правен.

Тој ми вели дека најчесто жените што лажно пријавуваат силување многу често не добиваат никакви реперкусии од судот и законот. Со цел да не се обесхрабрат вистинските жртви на силување.

За секое лажно пријавување на кривично дело се одговара кривично, освен за силување каде што поемотивно се гледа на лажната жртва и таа најчесто се излекува без кривична одговорност со цел да не се обесхрабрат од пријавување вистинските жртви на полов напад.

Лично јас сум сум за најстрога можна казна за силувачите и малтретирачите на жените. Ама некои знаат да злоупотребат. Кој мене ќе ме заштити од лажна пријава за силување како што ми се закани дотичната?

Дали доколку бидам неправедно обвинет и мојата невиност биде докажана на суд некој ќе поднесе одговорност за стресот кој ќе ми го предизвика на мене и моето семејство.

Татко сум на две малолетни деца, работам по 12 саати за 150 евра месечно што не стигнуваат за сметки само.

Значи ако мене некој лажно ме пријави за провала ќе одговара за лажна пријава. Да ме пријави некоја жена за лажно силување големи се шансите да не одговара.

Дајте ве молам.

Ги барав статистиките на интернет колку наводни "жртви" одговарале за пријава за лажно силување. Не можев да ги најдам. Ако некој нешто најде нека ми прати, сакам да видам дали во другите земји е вака.

Не добив кривична пријава. Но ја платив од сопствен џеб сметката на госпоѓата од 350 ден. Со плата од 150 евра секој денар е вреден. А јас ги дадов 350 на гладно срце. Други колеги исто ми кажуваат дека на оваа финта им бегале жени и девојки без да платат

Ве молам доколку на некој му се има случено нешто слично како на мене да го раскаже тоа тука, да видиме колку не има.Споделете ја вашата приказна

Не знам дали разбираш англиски, ама еве http://www.hg.org/article.asp?id=31767

Не знам каков е законот во Македонија и дали воопшто ова е некако регулирано, ама најубаво е да одиш во полиција да им кажеш што се случило и да ги прашаш за совет како да реагираш ако повторно ти се случи.
Ако имаш некаква опција да чуваш некаква направа за снимање разговори (стар телефон на пр) пожелно е да земеш со тебе нешто за да снимиш што се случувало и да имаш доказ дека лажно си обвинет.


Претпоставувам дека последици нема за некој ако пријавува лажно силување затоа што во некои случаеви кога ќе има силување ама не може да се докаже, односно нема докази освен зборот на обвинителот против зборот на обвинетиот, и силувачот се пушти како невин може да ја искористи ситуацијата и да тужи за лажна пријава и покрај тоа што е вистинска.
На цела мака жртвата ќе биде обвинета.
 
Здраво на сите. Се регистрирав специјално на форумот да ја раскажам мојата приказна и да побарам помош за она што ми се случи на работа.

Јас сум таксист, работам во сегашната такси компанија година и пол. Пред празниците ми се качи во кола една госпоѓа да ја префрлам меѓу две спротивни места во градот.

Значи се работеше за подолга релација. Кога ја донесов до местото каде што побара да ја префрлам, жената мртва ладна излезе од колата без да плати. Јас тргнав по неа и на неколку метри пред автомобилот ја пресретнав и реков дека мора да ја плати сметката.

Дотичната се сврте кон мене и арогантно ми одговори: тргни се од мене или ќе те пријавам дека сакаш да ме силуваш. Јас бев упорен и и возвратив: госпоѓо какво силување, го барам само своето. Да ја платите сметката што ја направивте.

Тогаш почна да ми вика: море тргај ми се од пред очи ќе почнам тука да пиштам дека сакаш да ме силуваш и ќе ти дојдам со полиција.

Немав избор и не сакав да ризикувам. Цело време додека траеше расправијата од околу една минута немав никаков физички контакт со дотичната. Се повлеков и си заминав на такси станица.

Подоцна додека седевме со колегите на станица и им кажував што ми се случи, еден од колегите раскажа дека и на него му се случило нешто многу слично пред 2 години.

Помлада девојка му излегла од такси без да плати. Тргнал по девојката која почнала трчајки да бега. Успеал да ја стигне девојката и и рекол плати си ја сметката или дојди со мене во полиција да се разбереме.

Девојчето во тој момент почнала да вреска на цела глас: Помооош сака да ме силува !Силување помагајте ми ве молам.

Во тој момент поминувала група од тројца дечки што кога виделе дека девојката бара помош помислиле дека навистина сака да ја силува.

Му рипнале на мојот колега и го истепале. Девојката веднаш шпринт избегала. Човекот останал без пари и со скршен нос.

Вчера разговарав со мое братучетче што е постдипломец на правен.

Тој ми вели дека најчесто жените што лажно пријавуваат силување многу често не добиваат никакви реперкусии од судот и законот. Со цел да не се обесхрабрат вистинските жртви на силување.

За секое лажно пријавување на кривично дело се одговара кривично, освен за силување каде што поемотивно се гледа на лажната жртва и таа најчесто се излекува без кривична одговорност со цел да не се обесхрабрат од пријавување вистинските жртви на полов напад.

Лично јас сум сум за најстрога можна казна за силувачите и малтретирачите на жените. Ама некои знаат да злоупотребат. Кој мене ќе ме заштити од лажна пријава за силување како што ми се закани дотичната?

Дали доколку бидам неправедно обвинет и мојата невиност биде докажана на суд некој ќе поднесе одговорност за стресот кој ќе ми го предизвика на мене и моето семејство.

Татко сум на две малолетни деца, работам по 12 саати за 150 евра месечно што не стигнуваат за сметки само.

Значи ако мене некој лажно ме пријави за провала ќе одговара за лажна пријава. Да ме пријави некоја жена за лажно силување големи се шансите да не одговара.

Дајте ве молам.

Ги барав статистиките на интернет колку наводни "жртви" одговарале за пријава за лажно силување. Не можев да ги најдам. Ако некој нешто најде нека ми прати, сакам да видам дали во другите земји е вака.

Не добив кривична пријава. Но ја платив од сопствен џеб сметката на госпоѓата од 350 ден. Со плата од 150 евра секој денар е вреден. А јас ги дадов 350 на гладно срце. Други колеги исто ми кажуваат дека на оваа финта им бегале жени и девојки без да платат

Ве молам доколку на некој му се има случено нешто слично како на мене да го раскаже тоа тука, да видиме колку не има.Споделете ја вашата приказна

Пред се, помош се бара во полиција а не на форум.

И не после 1 сат, 1 ден или 1 недела, туку одма во моментот. Пријавуваш во полиција и им објаснуваш во детали. Диспечерката ке ја потврди рутата на движење (што си ја пријавил по радиостаница), а после надлежните според локацијата кај што си ја однел, и по физичкиот опис што ќе им го кажиш (колку шо се сеќаваш) ке ја побараaт дотичната.

НЕМОЈ ДА МИСЛИШ дека во МВР не се запознаени со вакви случаи кај што жени во обид да се спасат од било што, ја користат опцијата "ќе се дерам, ке викам, ме силува!".
А на неа што нема траги од никакво насилство? Кое црно силување? Ке одговара и за лажење и за неплаќање. Ама пак ке повторам, тука треба да се реагира брзо, и да се пријави. А не во станица со колегите да разгибавате муабети...

И како што кажаа веќе другиве, во помодерни опшества такси возилата се опремени со гпс и камери.
 
Последно уредено:
Сулувањето немора да значи и `коитус`. Доволно е `силуваната` особа да преживеала сексулно малтретирање.Доколку се работи за лажно пријавување,тогаш ако тоа се докажи не е така едноставно за пријавителот.Денес е многу незгодно некој да е кривично осуден и да има казнено досие.Затворени му се сите врати од амбасадите за виза,посебно во САД и Британија,пречкиу про вработување,кариера....

Докажувањето на ова или она е исто како и во другиот случај-кога има вистинско силување.

Добра превентива е невиниот `силувач` исто така да ја пријави особата во полиција или за лажно пријавување или на пример за `заканување со пријавување ` за да не се плати услуга.Ако си сигурен дека си немал физички контакт,барај соочување,а ако одбијат во полиција ,барај полиграфско вештачење на двајцата па да се докажи кој е `пуковник` а кој `покојник`.

Ако е твое таксито,не лошо да си инсталираш од тие камерчината(иако не е баш скроз покриено со закон).Најосновните можи во Скопје да се најдат и за 1500 денари и се добра заштита од вакви несакани случки.

Ако ти треба плус нешто пиши ПП
 
Во твојот случај не може ништо да се стори бидејќи ќе биде твојот збор спроти нејзиниот. Единствено што можеш да сториш заедно со твоите колеги е да побарате дозвола од газдата да овозможи камера во вашите возила дури и по цена сами да ги земете бидејќи неовластено снимање е забрането со Закон. Така ќе се заштитите Вие во иднина од било какви несакани случувања бидејќи сега во полиција прво што бараат е дали има камера во објектот или во близина на објектот.

Не е лошо да видиш дали во близина каде што ти ја остави има камери од локални продавници кои можеле да фатат што се случувало во тоа време иако и` на нив им е дозволено само излозите да ги снимаат. Сепак провери за секој случај да видиш дали се гледа дека си излегол по неа нормално, а не како лудак што сака да ја силува.
 
Ти си невин додека таа не го докаже силувањето
Таа мора да даде доказ, лекарско уверение, искинати алишта повреди, сведоци опис на настанот каде се случил и сите детали Не е то така едноставно.
тие докази ќе ги разгледуваат стручни лица па и кинење на алишта и модринки и повреди и прикаската како се случило може да пукне како балон,
Па утре некој и навистина да ја силува - ќе и стои во досије дека веќе била осудена за лажна пријава на силување
 
Ако нема доказ неможе ништо да ти направат. Лекарски преглед одма ќе утврди дали била силувана или не. Гребаници, твоја ДНК на нејзино тело, модрици итн. А после ако испадне дека не е, каде што она ќе добие висока казна плус ти можеш да ја тужиш и да бараш голема оштета.

Јас би ти препорачал камера(и) да си ставиш и ќе ти помогне во случај на сообраќајка и во случај на вакви мизерни луѓе.
 
Интересна случка. За да се заштитиш од вакви работи, добро е да имаш видео надзор во возило, а на видно возило да си пишува дека све се снима. Некој погоре мислам дека спомена да ја заклучиш додека не плати. Тоа е крупна грешка, затоа што ако не и дозволиш да излезе со тоа што ќе ја заклучиш внатре, правиш дело „Противправно лишување од слобода“ (нека ме поправи некој од поискусните ако сум грешка).
Колку до силувањето, правилно напишаа погоре, дека потребно е лекарски уверенија, секоја жена кога и прети опасност од силување се брани и тоа прилично силно, гребење, удирање, касање и слично, а за да се совлада отпорот потребна е сила, која резултира со модринки, подливи, хематоми и т н.
Конкретниов настан си требало да го пријавиш во полиција, можеби сега без резултат, но МВР би била алармирана за појавата на вакви настани, со што во иднина би можело поефикасно да се реагира, од аспект на превенција. Штом само во твојата компанија има два вакви случаи, сигурно и во другите компании има слични настани, така што потребно е за ваквите работи да се дознае.
 
Прв пат слушам за ова, стварно е ептен глупо, на кое ниво треба да паднеш за да го направиш ова. Пријави ако си имал сведок, ако не камерче во колата и ќе си немаш мака во иднина, колку толку ќе имаш доказ за во иднина со секаков тип на вакви луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom