Здраво на сите. Се регистрирав специјално на форумот да ја раскажам мојата приказна и да побарам помош за она што ми се случи на работа.
Јас сум таксист, работам во сегашната такси компанија година и пол. Пред празниците ми се качи во кола една госпоѓа да ја префрлам меѓу две спротивни места во градот.
Значи се работеше за подолга релација. Кога ја донесов до местото каде што побара да ја префрлам, жената мртва ладна излезе од колата без да плати. Јас тргнав по неа и на неколку метри пред автомобилот ја пресретнав и реков дека мора да ја плати сметката.
Дотичната се сврте кон мене и арогантно ми одговори: тргни се од мене или ќе те пријавам дека сакаш да ме силуваш. Јас бев упорен и и возвратив: госпоѓо какво силување, го барам само своето. Да ја платите сметката што ја направивте.
Тогаш почна да ми вика: море тргај ми се од пред очи ќе почнам тука да пиштам дека сакаш да ме силуваш и ќе ти дојдам со полиција.
Немав избор и не сакав да ризикувам. Цело време додека траеше расправијата од околу една минута немав никаков физички контакт со дотичната. Се повлеков и си заминав на такси станица.
Подоцна додека седевме со колегите на станица и им кажував што ми се случи, еден од колегите раскажа дека и на него му се случило нешто многу слично пред 2 години.
Помлада девојка му излегла од такси без да плати. Тргнал по девојката која почнала трчајки да бега. Успеал да ја стигне девојката и и рекол плати си ја сметката или дојди со мене во полиција да се разбереме.
Девојчето во тој момент почнала да вреска на цела глас: Помооош сака да ме силува !Силување помагајте ми ве молам.
Во тој момент поминувала група од тројца дечки што кога виделе дека девојката бара помош помислиле дека навистина сака да ја силува.
Му рипнале на мојот колега и го истепале. Девојката веднаш шпринт избегала. Човекот останал без пари и со скршен нос.
Вчера разговарав со мое братучетче што е постдипломец на правен.
Тој ми вели дека најчесто жените што лажно пријавуваат силување многу често не добиваат никакви реперкусии од судот и законот. Со цел да не се обесхрабрат вистинските жртви на силување.
За секое лажно пријавување на кривично дело се одговара кривично, освен за силување каде што поемотивно се гледа на лажната жртва и таа најчесто се излекува без кривична одговорност со цел да не се обесхрабрат од пријавување вистинските жртви на полов напад.
Лично јас сум сум за најстрога можна казна за силувачите и малтретирачите на жените. Ама некои знаат да злоупотребат. Кој мене ќе ме заштити од лажна пријава за силување како што ми се закани дотичната?
Дали доколку бидам неправедно обвинет и мојата невиност биде докажана на суд некој ќе поднесе одговорност за стресот кој ќе ми го предизвика на мене и моето семејство.
Татко сум на две малолетни деца, работам по 12 саати за 150 евра месечно што не стигнуваат за сметки само.
Значи ако мене некој лажно ме пријави за провала ќе одговара за лажна пријава. Да ме пријави некоја жена за лажно силување големи се шансите да не одговара.
Дајте ве молам.
Ги барав статистиките на интернет колку наводни "жртви" одговарале за пријава за лажно силување. Не можев да ги најдам. Ако некој нешто најде нека ми прати, сакам да видам дали во другите земји е вака.
Не добив кривична пријава. Но ја платив од сопствен џеб сметката на госпоѓата од 350 ден. Со плата од 150 евра секој денар е вреден. А јас ги дадов 350 на гладно срце. Други колеги исто ми кажуваат дека на оваа финта им бегале жени и девојки без да платат
Ве молам доколку на некој му се има случено нешто слично како на мене да го раскаже тоа тука, да видиме колку не има.Споделете ја вашата приказна