На времето можеби пред 4-5 години чисто од инает за да им докажам на некои членови тука дека секој кој е барем малце од малце опортунистички настроен може да извади едно 200 евра месечно без никакви познавања од програмирање и такви работи направив бесплатна страна ( од оние готовите само да ги пополниш) која активно ја работев скоро две години. Мислам дека и уште постои само немам проверено, којзнае. Во првите неколку месеци приходите беа така така, но со оглед дека влогот беше нула денари и потрошеното време не е ни вредно за спомнување сепак бев задоволен. Веќе по третиот или четвртиот месец стекнав стални муштерии ( со некои и ден денес соработувам) и приходите станаа и постабилни и поголеми, така да до кај шестиот месец веќе имав приходи од страната од околу 200 евра месецот плус минус. Муабетот ми беше дека ем појма си немав од програмирање нити пак сега имам. Сепак има и други полесни начини за заработка одколку со кликање или очите да ти паѓаат пред монитор, а сепак да се заработи солидна сума. Треба само да си малце инвентивен. Јас си се водам од мотото дека од работа само грпка се добива па сега вие размислите што и како. А да нормално како што е ред кај нас одма се појавија дежурните сезнајковци да ти објаснат дека тоа не можи така, дека незнам што и како , мислам стандардно серење. Можеби и вреди да се спомене дека најголем процент од муштериите беа баш од овој форум, сигурно имаше и некој од нив, кој да ги знае.
Кога ке прочитам како некој кликал цел месец за да заработи неколку долари стварно не ми е јасно зошто си го губи времето со глупости. Ако изговор му е дека незнае да програмира , незнаев ни јас. Ни ден денес незнам. Чисто информативно во последната соработка со еден член исто од форумот месечно заработував многу многу повеќе отколку да кликав на еден куп сајтови. А работата беше што да ви кажам. Намерно нема да го споменам, ама мислам дека ке се препознае.
П.с Инаку дали ми си добар? Оди бизнисот?