Па јас и без негова желба, веќе од порано ги познавав
Поточно, уште од пред да го познавам него.
Меѓутоа, дружењето како пиење кафе со неговите (што јас не го сметам за практично) е знак дека не е пролазна работава, како тепање на време, туку дека сака да добие мислење од мама и тато за тоа дали направил добар/вистински избор. Што не значи дека ако на нив не им се допаднеш, дечково автоматски ќе те отсака
Не сум некој фан на дружење со неговите, но во врскава моја е невозможно и тоа да не се случува, зошто сме предолго заедно и мн. време поминуваме еден кај друг. Иако последно време си имаме ,,наше,, место, сепак, многу време сум кај неговите, и тој кај моите.
Со моите исто така не беше некоја фешта, си седевме кај мене во двор, моите се вратија од некое шетање, ги викнав, се запознаа, си отидоа дома...
--- надополнето: May 31, 2011 2:28 AM ---
јас сум многу против тоа да се запознаам или да ја запознаам со моите/нејзините родители. тоа може само негативно да се одрази на целата врска бидејќи знам многу примери на другари коа она пред неговите ќе се праи светица а уствари е змија и после он ќе треба да и раскине ама поради тоа шо неговите ја запознале и она била фина девојка од фамилија му праат проблеми па има иди навам натам и оп проблеми еден куп лично сметам дека девојка ќе однесам дома да ја запознаам со моите само кога ќе планирам да ја оженам да знаат која мома снаа ќе им биде
Јас се согласувам со тебе, затоа и гледам што помалку време да поминувам со неговите, а и тој со моите. А од друга страна, не глумам никому ништо, ниту тој ... Не треба да можеби идните свекор и свекрва да им глумам лудило, нема со нив во брак да бидам
Но сепак, добар впечаток е добар впечаток, и колку помалку се дружиме, толку помалку ќе имаме причина едни за други воопшто да размислуваме....