Закопани работи

Член од
15 април 2013
Мислења
53
Поени од реакции
34
има доста легенди кои говорат за скриени богатства кои најчесто се од турците бидејки како што ми имаат кажувано според некои легенди се вели дека ги закопуваат телата на богатите турци со целото богатство со цел да му остане и во задгробниот живот , слично е и во Египед каде што ги закопувале и фараоните со нивното богатство . Овде кај нас во нашава дршава има повеке локалитети каде што има закопани такви богатства . Се смета дека војската на Александар Македонски поминувала низ Овче Поле и било оставено богатство кое денес многу луѓе од тие краеви па и пошироко се трудат да го најдат закопаното богатство , но без никакви успеси . Но секако не е докажано дали и навистина постои такво богатство . :)
 
M

Muranyi

Гостин
според некои легенди се вели дека ги закопуваат телата на богатите турци со целото богатство со цел да му остане и во задгробниот живот
Турците биле Муслимани и биле закопувани според исламски обичаи,кои сигурно не налагаат закопување на богатството заедно со покојниот,за тој да има во задгробниот живот.
Инаку,интересна приказна за легачи кои мислат дека преку ноќ ќе се збогатат.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
53
Поени од реакции
34
Така ми имат кажувано дека имале доста големо богатство и голем дел од него чувале за задгробниот живот ;)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.370
Поени од реакции
4.172
има доста легенди кои говорат за скриени богатства кои најчесто се од турците бидејки како што ми имаат кажувано според некои легенди се вели дека ги закопуваат телата на богатите турци со целото богатство со цел да му остане и во задгробниот живот , слично е и во Египед каде што ги закопувале и фараоните со нивното богатство . Овде кај нас во нашава дршава има повеке локалитети каде што има закопани такви богатства . Се смета дека војската на Александар Македонски поминувала низ Овче Поле и било оставено богатство кое денес многу луѓе од тие краеви па и пошироко се трудат да го најдат закопаното богатство , но без никакви успеси . Но секако не е докажано дали и навистина постои такво богатство . :)
Муслиманите според нивните обичаи се погребуваат буквално без ништо, дури и без ковчег, односно каков им го пратил алах таков му го враќаат, така што нема закопани богадства во муслимански гробови освен ми се чини венчални прстени. Има доста злато кое е сокриено, закопано од турците при нивното иселување од Македонија, односно кога си оделе за турција сето злато што го имале го сокривале овде бидејќи било ризично да го носат со себе, ке им било одземено. Тие го закопувале со намера кога ке се смират времињата да се вратат и да си го земат. Многу од нив односно нивните наследници се вратиле и сеуште се враќаат по златото а многумина од нив и умреле и на златото се изгубила секаква трага. Многу злато има сокриено и од арамии кои се изгинати и златото е останато. Но како и да е, нечини човек да чепка по такви работи, не е тоа аирлија. Има некои работи кои се необјасниви, чудни, мистериозни......... но постојат, и затоа подалеку од такви богатства...
 
M

Muranyi

Гостин
Македонија е богата со природни богатства. Но, покрај нив, постојат и мистериозни скриени богатства за кои се смета дека се уште од времето на Турците, кои долг период беа на територија на Македонија.
Во последните неколку години, македонската земја е копана поради потрагата на злато. Трагачите на скриено богатство се буквално како на филм. Тие се опремени со најразлични мапи и детектори за наоѓање злато под земјата.
За новинската агенција Дојче Веле, еден од најискусните македонски трагачи на злато, 58-годишниот Борис Димовски од Битола, открива дека во Македонија се кријат многу закопани богатства, многу злато, алтани, накит, но не со тони, туку во грниња, скриени на тешко достапни места.
Димовски вели дека од соседните земји се носат мапи на скриено богатство, но тој лично, при потрагата на богатствата се води од преданијата и приказните раскажувани од колено на колено. Раскажува дека до скоро на многу куќи во македонски села, на самите тавани имало исцртано карти како да се стигне до закопаното богатство. Од Турција и Бугарија се носеле и мапи, рачно нацртани, кои упатувале до местата. Местата под кои се крие ковчежето или грнето со злато биле обележувани со точки или крст, најчесто во близина на некое старо дрво или чешма.
Според некои легенди, мапите со скриеното богатство биле цртани со крв. Легендите велат дека во источна Македонија се наоѓа злато што го закопале Турците додека бегале по Првата Светска војна, битолскиот регион е полн со закопано еврејско злато, додека пак во југозападните краишта на земјава се крие римско злато. Во Мариовско, пак, кај Расимбеговиот мост на Црна Река закопани се два тона злато во прачки, кои биле сопственост на Отоманската банка во Битола. Турците златото го закопале бидејќи не можеле преку Лерин да го изнесат од Македонија.
Некои сметаат дека на територија на Македонија има закопано повеќе од 220 тони злато.


Турското злато во Македонија е проколнато!

Сепак, мистеријата околу турското злато е што многумина сметаат дека е проколнато со една или повеќе клетви.
Се раскажува дека скриеното злато е проколнато и дека ако не го откопа личноста која таму го сокрила, ќе се исполни клетвата. Се верува дека многу алчни луѓе, бел ден не виделе од кога пуштиле рака по туѓото азно.
Секое злато бара да му се принесе жртва, курбан, и тоа најчесто човечка. Старите раскажуваат дека за да се откопа скриеното злато, потребно е местото да се посипе со брашно или пепел и да се остави така една ноќ.
Следното утро ќе има стапалки од жртвата што ја бара, било јагне, пиле или човек, и од бараниот курбан требало да се посипе крв. Како што ми раскажуваше еден добро упатен, постар човек, најчесто на поспаниот пепел се појавувала човечка дланка.
На тоа место требало да се посипат неколку капки крв. Ако крвта не е од првата личност, тогаш оној што ќе го откопа и искористи златото ќе го снајде неволја, трагедија. Алчните трагачи по злато, порано, се договарале со докторите, да им дадат малку крв од некој старец пред умирање, па подоцна да си го поделат богатиот плен. Кога ќе се потрошел првиот грош од туѓото злато, жртвата чија крв е посипана, умирала.

Друга верзија од приказната е дека луѓето кои зеле од проколнатото злато или умирале или пак им умирале децата. Некои го изгубиле паметот.
Иако сеуште не е потврдено, многу трагачи од Македонија, а и пошироко се заинтересирани за ова проколнато турско злато кое лежи на територијата на Македонија.
Да се надеваме дека приказните со клетвите се неточни, па можеби на некој трагач по злато ќе му се посреќи и ќе го најде токму ова „проколнато“ турско злато.
Превземено од Мотика
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
154
Поени од реакции
80
Еве една случка што мене ми ја кажуваше баба ми...
Каде што живеат тие(Битола), некои комшии при рушење на куќата како што копале во темелите пронашле грне злато. Пресреќни од тоа што го нашле одма го зеле и почнале да го користат златото. Мажот од семејството бидејки бил касап си отворил месарница, ја направиле куќата за брзо време, децата на факултет се запишале итн. По некое време касапот се разболел и умрел! Исто така и децата му се пореметиле и не се баш добри(од психичка гледна точка). Целото семејство му се растурило!! Баба ми мисли дека под сите киќи во околината каде што тие живеат има грниња со злато(проколнати), но никој не се осмелува да ги откопа, а исто така малку оф топик баба ми во сонот ја гушеше човек секоја вечер истиот!!! И таа мисли дека има некој труп закопан под нивната куќа ама таа отиде в црква и се консултира со попот и се е во ред сега.
 
Член од
4 јуни 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
znaci vaka jas so imam razgovarano so eden od najstarite mariovci od mariovo sega i ne e ziv mi imase kazano deka edinstvenoto zlato so se ima najdeno mariovsko e tocno koga se pravese patot do staravina nekade sedumdesetite ili osumdesetite godini tocno e deka bagerot koga otsranuval golema karpa na samiot pat kade sto treba da vrvi otkopale golem kazan za mandza od vojskata so 300 kg zlato vo nego i uste istiot den dosla vojskata i si go krenala toa e edinstvenoto i ne se letajte oti nema nisto drugo da najdite osven mini bombi i granati vo mariovsko poz
 
Член од
4 јуни 2013
Мислења
13
Поени од реакции
3
ka ko 1 treba da sednes na salata i rakicka so kopaci na zlato pa prikazni i mapi za bogatstvo kolko sakas
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Се збори дека кај мене на едни цигански(муслимански) гробишта има закопано злато,ама мене не ми е баш верно.
А и немам начин да провера,а сакам :sneaky:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.370
Поени од реакции
4.172
Еве една случка која не е од рекла- казала, не е од братучедот на кој му кажувал неговиот сват за некој си човек некаде, туку случка на која сум лично сведок.
Имено, пред некои дваесетина години кај нас се градеше објект- пошта и тоа на дел од место кое порано биле турски гробишта кои се неспорни и општопознати а сега се некое си паркче. Бевме деца и ни беше интересно да гледаме како работат багерите па постојано се врткавме таму. Кога со багерите се копаа темелите од земјата излегуваа многи коски и черепи. Мој денешен пријател, постар од нас некои десетина години, во земјата која се ископуваше најде златен прстен и веднаш го покажа па сите се собравме околу него да го видиме прстенот. Проба да го стави на средниот прст од левата рака но беше мал и влезе само на врвот од прстот, потоа проба да го стави на прстот до средниот од страната на малиот но и таму влезе некаде до средина и најпосле го стави на малиот прст на кој влезе нормално до доле. Тоа беше лето. Есента сечејќи дрва на циркулар пријателот ги загуби трите прста на кои го стави прстенот и тоа по таква косина што малиот го изгуби речиси цел, другиот до него до половина а од средниот само горниот дел. Може би е случајност ама тој си го знае дека му е од прстенот. И навистина колку и да не верува човек во такви работи, колку и да не е суеверен, сепак ваква случка ке го замисли.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Во Битола може и да има уште многу закопано злато под куќите
во кои до 1943 година живееле Евреите. Тоа не е пронајдено
ниту извадено. Само во Штип кај тамошните Еврејски куќи имаше
акција (и тоа успешна ) за вадење на ова закопано злато.
Во Битола точно се знае од каде до каде се простирало тоа Еврејско маало. Мислам од една страна на Црн мост.
--- надополнето: 22 август 2013 во 00:52 ---
Во Битола може и да има уште многу закопано злато под куќите
во кои до 1943 година живееле Евреите. Тоа не е пронајдено
ниту извадено. Само во Штип кај тамошните Еврејски куќи имаше
акција (и тоа успешна ) за вадење на ова закопано злато.
Во Битола точно се знае од каде до каде се простирало тоа Еврејско маало. Мислам од една страна на Црн мост.
--- надополнето: 22 август 2013 во 00:52 ---
Во Битола може и да има уште многу закопано злато под куќите
во кои до 1943 година живееле Евреите. Тоа не е пронајдено
ниту извадено. Само во Штип кај тамошните Еврејски куќи имаше
акција (и тоа успешна ) за вадење на ова закопано злато.
Во Битола точно се знае од каде до каде се простирало тоа Еврејско маало. Мислам од една страна на Црн мост.
 
Член од
28 ноември 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дај кажете нешто околу знаците поточно околу крстовите што означуват тие нешто повеќе околу тоа некој ако знае?
--- надополнето: 22 март 2012 во 11:42 ---
Дај кажете нешто околу знаците поточно околу крстовите што означуват тие нешто повеќе околу тоа некој ако знае?
krstovite oznacuvaat mesta so bogatstva
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Абе сега се сетив дека дедо ми ми кажа дека неговиот татко скрил сребрен пиштол на едно место, ама после овој таму не го нашол. Демек на секој што се пренесувал од човек на човек имало по една цртка од секого. Што викате да фатам детектор и да си кинисам таму јас да го и најдам? Според тоа што кажа бил стар околу 200 и више години. Барем додека е жив мојов, може знае каде е тоа место. Ако најдам, не ни планирам да го шиткам. А и така сакам да дознаам некој работи кој овие од кај татко ми ги кријат. Нешто ми мириса со години тука. :confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom