Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Скоро се сега е достапно во јавност и може да се најде ако си заинтересиран, има видеа или пак сведоштва на нет од поранешни телемити со објаснување на симболи и ритуали како се пушта по малку крвца и пробуваат сперма за просветлување, ама истото се негира од постојните членови на телемата.
Не викам дека се од тоа што се пласира на нет е вистина, но кај што има чад има и оган.
Информацијата сама по себе не е Знаење затоа што и фали искуство. Како што е потребно повеќе години на факултет за да се здобиеш со одредена титула, така и во овој случај е потребно истото.
Студентот мора да помине низ разни тестирања, пракси и подучувања за да може да каже дека има знаење. Токму затоа и постојат тие степени.
На нет има се и сешто и како што и самиот кажа огромен процент од тоа не е вистина или е некој микс од полувистини и сензационализам, се со цел да биде попривлечно и интересно.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Види ја Liber Israfel, Liber O, Liber XV, Liber Samekh, Liber XXV итн итн (сто пати ти реков да видиш за да знаеш од каде ни се ритуалите, ама ти се вадиш со тоа: ме мрзи, а ако јас ти кажам ќе ми најдеш линк од некој шубе њу ејџ автор што напишал нешто на некоја страна и сите задоволни)
.
Друго, линкот е од scribd.com така да ништо не се плаќа, седи и читај за Тот. Ако те мрзи, оди читај веб страни, но ќе најдеш сосема различни размисли за едно едно та исто, е сега кое е точно :)
Сите љубите скратени патеки до „знаење“ и полнење со инфо кое после како ви текне така си ги врзувате работите.

За Сонцето со крила јас дадов мое мисење малку наназад на темава кога ти праша што е иако знам дека си читал насекаде во разни системи дека го има и сега дојде да ми досадуваш и да ми тврдиш не, не е тоа ова е. Ок нека ти биде тоа што ти мислиш дека е, зарем ќе се убедуваме за симболи што се? :)

Што бараат на кориците на О.Т.О.? Бидејќи го симболизира Хадит :) Тајните жештини на Хадит, да бидам поточен, да не ми најдиш грешка и да ми кажеш како некој од некој линк веќе ме побил :)

Друго... ах розенкројцерскиот феномен... за тоа, не зборувам воопшто бидејќи нема цел да се зборува :)
А за Ружа и Крст, тоа се универзални симболи. Слично како што е се и двата триаголника, едниот свртен нагоре другиот надолу, кои го градат хексаграмот на Земја во Ритуалот на Хексаграм.

„The Tau and the circle together make one form of the Rosy Cross, the uniting of subject and object which is the Great Work, and which is symbolized sometimes as this cross and circle, sometimes as the Lingam-Yoni, sometimes as the Ankh or Crux Ansata, sometimes by the Spire and Nave of a church or temple, and sometimes as a marriage feast, mystic marriage, spiritual marriage, "chymical nuptials," and in a hundred other ways. Whatever the form chosen, it is the symbol of the Great Work.“ - Магика, Книга 4

Исто така земи ја Магика, Книга 4 и таму пишува, во додатокот Една Ѕвезда на Видикот, за степен во А.'.A.'.
Zelator. —His main work is to achieve complete success in Asana and Pranayama. He also begins to study the formula of the Rosy Cross.

Adeptus (within). —Is admitted to the practice of the formula of the Rosy Cross on entering the College of the Holy Ghost.

Исто така постои и име на внатрешен Ред во A.'.A.'. кој што се вика Order of the Rосае Crucis но дали треба да се врзува со розенкројцерите или не, тоа не е мое да го разглобувам овде за структурата на некој Ред.

П.С. Кога веќе доаѓате да плукате по нас како не знаеме, ставете си на знаење дека и да знаеме мораме да не ве поправаме за „знаењето“ што го имате. И да, научете си ја лекцијата дома: читајте телемитски книги ако сакате да дојдете да коментирате овде како ова или она не е точно или не валидно.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 09:41 ---
Поранешен телемит...
Во О.Т.О. е точно дека може да се откажеш од Редот, но ако си инициран во I степен, (не Минервал или 0) врската со Редот останува засекогаш како и заклетвите што си ги дал пред себе си. Кога гледате вакви видеа, треба да се запрашате зошто некој одстапил од Редот, што не успеал каде што другите успеваат, зошто неуспехот го натерало да одстапи итн итн. Секако, има секакви луѓе... не може да ги осудуваме за нивните дела.
Јас знам луѓе што заминале во минатото од Редот бидејќи некоја личност xxx од Редот не била како што очекувала личноста иницирана во Редот.
Јас се прашувам: Како може да имаш очекувања за нешто што е сосема тајно и непознато за надворешниот свет?
Како може да очекуваш сите да бидат по твој терк и твое разбирање на работите? Си разбрал ли ти што значи Ред и каде одиш и што значи иницијација?
Па ние што учиме, телемитите? Да се заморуваме со другите или не? Да си го гледаме нашиот пат или туѓиот?
Редот се цени според праксите за напредување или според тоа колку познати фаци и богаташи има истиот?
Редот си има формула која ги бутка надвор оние кои што треба и тие потоа цел живот трчаат да „обелоденат“ некаква си тајна...

А дека има будали што се снимаат изведувајќи глупости по нет, и кои ја „разоткриваат“ големата тајна на Редот си има такви и ќе има колку сакаш :)
Премногу чад има Windfucker но слабо оган, а без оган ќе измрзниш.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Ова не е малку контрадикторно во однос на целата философија од Телемата, која е прави што ти е волја и нека биде тоа закон. Зошто некоја религија, ред, философија на која основен постулат и е токму сопствената волја би ги ограничувала поранешните членови кои се иницирани да бидат во врска со неа против нивната волја? :cautious:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ова не е малку контрадикторно во однос на целата философија од Телемата, која е прави што ти е волја и нека биде тоа закон. Зошто некоја религија, ред, философија на која основен постулат и е токму сопствената волја би ги ограничувала поранешните членови кои се иницирани да бидат во врска со неа против нивната волја? :cautious:
Те разбирам на што мислиш , но располагаш со малку информации и затоа и ова мислење.
Како може Волјата на еден кандидат да стане иницијант одеднаш ја снемало и неговата волја одеднаш менува правец и бара сосема нешто друго?
Зборуваме за чиста волја или зборуваме за желби кои со текот на времето се менуваат од околностите?
Таков кандидат секако ќе си замине од Редот... подобро порано отколку покасно.

Воопшто не е контадикторно тоа што врската останува, ниту пак ги ограничува бившите членовите. Она што еднаш ќе го научиш, не се заборава, исто како возењето велосипед :)

Иницијација не може да се избрише. Затоа јас напишав дека се прашувам кога луѓето бараат иницијација, дали воопшто разбираат што е тоа и дека пристапување во Ред не е играчка...
Заклетвата кога се дава се мисли многу дали да се даде или не. Никој не е присилен да даде заклетва. Тука игра Волјата на кандидатот кој што сака да има магиска врска со Редот.
Ако сме ние Кралеви, зборот на кралот не оди никогаш назад. Го знаеш ова од приказните нели.

За подобро да разбереш зошто е ова вака, види го Поглавје 14 (За магиската врска) од Магика, Книга 4 и ќе ти се разјаснат некои работи.

П.С. А и врската постои од I степен. Размислете зошто не постои за Минервал.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ок, само да ве известам дека сега страницата на О.Т.О. се наоѓа на оваа адреса:
http://oto-mk.net
а Алатката 777 (која наскоро ќе биде надградена) се наоѓа на http://www.777.oto-mk.net

Повелете видете што како е...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Формулата на Тетраграматонот е совршен математички израз за Љубовта. Нејзината суштина е следнава: секои две работи се соединуваат со двоен ефект; првин уништување на двете, проследено со екстаза која се должи на олеснувањето од напорот на одвоеност; потоа создавање на трето нешто, проследено со екстаза на оствареното постоење, која е Радост се додека со развојот не стане свесна за сопствената несовршеност и љубов.
Оваа формула на Љубовта е универзална; сите закони на Природата се нејзини слуги. Оттука гравитацијата, хемиската валенца, електричниот потенцијал и останатите – и овие се само аспекти на општиот закон – се многубројни (различно набљудувани) потврди на ова единствено тежнеење.
Универзумот се одржува преку двојното дејство што е вклучено во формулата. Исчезнувањето на Таткото и Мајката прецизно се надополнува со појавата на Синот и Ќерката. Затоа тоа може да се разгледува како perpetuum mobile машина, која континуирано развива восхит во секоја од нејзините фази.

Мали есеи кон вистината – Љубов
 
С

Само Човек

Гостин
ајде малку да скокоткаме што воља?
нели прави се што ти е воља, но што е воља ?
хептасрам пред некој ден беше прашан не одговори
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ајде малку да скокоткаме што воља?
нели прави се што ти е воља, но што е воља ?
хептасрам пред некој ден беше прашан не одговори
Кога поставуваш прашање со намера да скокоткаш, нормално дека нема да добиеш одговор.
За оние што им е до одговор, Волјата е динамички аспект на битието.
 
С

Само Човек

Гостин
Кога поставуваш прашање со намера да скокоткаш, нормално дека нема да добиеш одговор.
За оние што им е до одговор, Волјата е динамички аспект на битието.
објасни ...
или ќе ми речеш прави што ти е динамичкиот аспект на битието...
а што е динамички аспект на битие незнам
објасни (ако знаеш)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
објасни ...
или ќе ми речеш прави што ти е динамичкиот аспект на битието...
а што е динамички аспект на битие незнам
објасни (ако знаеш)
Битието е микрокосмосот кој е одсликување на макрокосмосот. Затоа и е кажано дека чистата Волја, ослободена од страст за резултат е дел од Божјата.
 
С

Само Човек

Гостин
Битието е микрокосмосот кој е одсликување на макрокосмосот. Затоа и е кажано дека чистата Волја, ослободена од страст за резултат е дел од Божјата.
значи прави што му е воља на космосот
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
значи прави што му е воља на космосот
Нормално, се е дел од космосот.
Секој од нас има свој сопствен универзум, но тоа е истиот универзум за секого се додека тој го вклучува сето можно искуство. Тоа подразбира проширување на свеста за да ги вклучи сите други свести во себе.
За поопширно овде
 
дали ова значи дека човекот не може да се ослободи од ропството на универзумот ?
да развие соствена воља ?
зошто тогаш практиките која е целта
за какво искуство збориш , па нели универзумот прави све
компјутерот ли има искуство или ти шо го управуеш ?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
дали ова значи дека човекот не може да се ослободи од ропството на универзумот ?
да развие соствена воља ?
зошто тогаш практиките која е целта
за какво искуство збориш , па нели универзумот прави све
компјутерот ли има искуство или ти шо го управуеш ?
Ропство постои само во светогледот на оние, чиј креатор ги создал со волја спротивна на тоа што го бара од нив. Чистата Волја е твојата суштина, да ја следиш значи да бидеш тоа што си, тоа во никој случај неможе да биде ропство.
Да "развиеш сопствена волја" никој не ти брани, но тогаш ќе навлезеш во слепи улички кој неводат никаде, ќе се обидуваш да бидеш нешто кое не си, а тоа неизбежно води до страдање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom