Види ја Liber Israfel, Liber O, Liber XV, Liber Samekh, Liber XXV итн итн (сто пати ти реков да видиш за да знаеш од каде ни се ритуалите, ама ти се вадиш со тоа: ме мрзи, а ако јас ти кажам ќе ми најдеш линк од некој шубе њу ејџ автор што напишал нешто на некоја страна и сите задоволни)
.
Друго, линкот е од scribd.com така да ништо не се плаќа, седи и читај за Тот. Ако те мрзи, оди читај веб страни, но ќе најдеш сосема различни размисли за едно едно та исто, е сега кое е точно
Сите љубите скратени патеки до „знаење“ и полнење со инфо кое после како ви текне така си ги врзувате работите.
За Сонцето со крила јас дадов мое мисење малку наназад на темава кога ти праша што е иако знам дека си читал насекаде во разни системи дека го има и сега дојде да ми досадуваш и да ми тврдиш не, не е тоа ова е. Ок нека ти биде тоа што ти мислиш дека е, зарем ќе се убедуваме за симболи што се?
Што бараат на кориците на О.Т.О.? Бидејќи го симболизира Хадит
Тајните жештини на Хадит, да бидам поточен, да не ми најдиш грешка и да ми кажеш како некој од некој линк веќе ме побил
Друго... ах розенкројцерскиот феномен... за тоа, не зборувам воопшто бидејќи нема цел да се зборува
А за Ружа и Крст, тоа се универзални симболи. Слично како што е се и двата триаголника, едниот свртен нагоре другиот надолу, кои го градат хексаграмот на Земја во Ритуалот на Хексаграм.
„The Tau and the circle together make one form of the Rosy Cross, the uniting of subject and object which is the Great Work, and which is symbolized sometimes as this cross and circle, sometimes as the Lingam-Yoni, sometimes as the Ankh or Crux Ansata, sometimes by the Spire and Nave of a church or temple, and sometimes as a marriage feast, mystic marriage, spiritual marriage, "chymical nuptials," and in a hundred other ways. Whatever the form chosen, it is the symbol of the Great Work.“ - Магика, Книга 4
Исто така земи ја Магика, Книга 4 и таму пишува, во додатокот Една Ѕвезда на Видикот, за степен во А.'.A.'.
Zelator. —His main work is to achieve complete success in Asana and Pranayama. He also begins to study the formula of the Rosy Cross.
Adeptus (within). —Is admitted to the practice of the formula of the Rosy Cross on entering the College of the Holy Ghost.
Исто така постои и име на внатрешен Ред во A.'.A.'. кој што се вика
Order of the Rосае Crucis но дали треба да се врзува со розенкројцерите или не, тоа не е мое да го разглобувам овде за структурата на некој Ред.
П.С. Кога веќе доаѓате да плукате по нас како не знаеме, ставете си на знаење дека и да знаеме мораме да не ве поправаме за „знаењето“ што го имате. И да, научете си ја лекцијата дома: читајте телемитски книги ако сакате да дојдете да коментирате овде како ова или она не е точно или не валидно.
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 09:41 ---
Поранешен телемит...
Во О.Т.О. е точно дека може да се откажеш од Редот, но ако си инициран во I степен, (не Минервал или 0) врската со Редот останува засекогаш како и заклетвите што си ги дал пред себе си. Кога гледате вакви видеа, треба да се запрашате зошто некој одстапил од Редот, што не успеал каде што другите успеваат, зошто неуспехот го натерало да одстапи итн итн. Секако, има секакви луѓе... не може да ги осудуваме за нивните дела.
Јас знам луѓе што заминале во минатото од Редот бидејќи некоја личност xxx од Редот не била како што очекувала личноста иницирана во Редот.
Јас се прашувам: Како може да имаш очекувања за нешто што е сосема тајно и непознато за надворешниот свет?
Како може да очекуваш сите да бидат по твој терк и твое разбирање на работите? Си разбрал ли ти што значи Ред и каде одиш и што значи иницијација?
Па ние што учиме, телемитите? Да се заморуваме со другите или не? Да си го гледаме нашиот пат или туѓиот?
Редот се цени според праксите за напредување или според тоа колку познати фаци и богаташи има истиот?
Редот си има формула која ги бутка надвор оние кои што треба и тие потоа цел живот трчаат да „обелоденат“ некаква си тајна...
А дека има будали што се снимаат изведувајќи глупости по нет, и кои ја „разоткриваат“ големата тајна на Редот си има такви и ќе има колку сакаш
Премногу чад има
Windfucker но слабо оган, а без оган ќе измрзниш.