Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.255
- Поени од реакции
- 12.266
Нуит - Универзумот не нуди ропство, само искуство и радост. Си пишува во „Книгата на Законот“, прво поглавје, каде што Аиваз го објавува зборот на Бесконечноста.
Погрешен став имате дека универзумот ве мрази и ве зароува и дека вие ќе се ослободите од универзумот „ако умот ми е мирен како море“ и ако се молите на некаков си бог или пак ако се постигне таа многу зборувана нирвана ќе излезете од кругот на инкарнација (ако воопшто знаеме дека постои) која е сепак дел од Универзумот. Лага измешана со философијата на „умирачките црни богови“. Бегајте од такви размисли.
Праксите се дадени за да бидеш дел од Нуит со максимални искуства кои ќе ве направат богови, кралеви или што и да е вашиот хиероглиф за постигнувањето.
Универзумот не прави ништо во поглед на Хадит (не може да ја заврши работата на Хадит). Хадит е бесконечна мала точка која мора да ги има сите можни искуства за да го зголеми својот универзум. Од тука следуваат и праксите!
За да знаеш кој настан е најсоодветен во дадениот момент потребно е пракса. Инаку, ќе се греши и ќе се талка.
Нашите пракси се поделени на две патеки: јога и магика.