Немаме ограничување на пракси... учењата и праксите на Редот се компатибилни со многу други системи...
И пак одиме со зборот верување! Ние не веруваме... Ако некој ти зборува за ентитет, и ти , ако не провериш дали воопшто постои такво нешто, како може да го негираш или пак да го потврдиш тој нечиј став?
Додека пак да дојде некој до точката да може да потврди дали постои или не некаков ентитет, потребно е работа... Не филозофирање, работа! Затоа и постојат пракси кои пак на вам профаните ви се дадени површно или со погрешни атрибуции и еден куп филозофија...
Не се дава ќибрит и динамит на дете кое што не знае да брои до 10!
А вие тоа го барате! Затоа и на форуми е дозволена „дискредитација“ на Редот бидејќи не е можно да ви ги дадеме кибритот и динамитот на обичен форум
Ете тоа чекам да го кажиш. Значи “постои таков и таков ентитет“ затоа што си го видел или докажал. Но тоа мене не ме уверува дека навистина постои, сега можам комотно да викнам еден муслиман и да не бомбардира со клипови од јутуб со божји знаци, јајца во кои го пиши името на господ,
па карпи кои имаат менструација, сонови, гледање ангели, и ред други работи за кои исто и тие викаат треба пракса и работа за да ги сретнеш тие ентитети.
Секој бил во средба со некаков ентитет, но местото на средбата мислам оти кај сите била нивната психа. А психата не е јавна институција за сите да ја проверат што е како е.
Да не бидам само како што ти љубиш да нарекуваш “профани , деца, и ред други зборови“ само ја разработувам дилемата која како нормален човек би било и нормално да ја имам, за разлика од слепо прифаќање на одредени догми,верувања или било како. Пред да речеш, нема верување и догми, не можев да најдам соодветен збор па го реков тоа.
Целта ми беше друга на целиот муабет, а тоа е , како може некој со атеистички став кон една религија да негира постоење божества, светци ангели и ред други замислени суштества кога самиот тој ги потврдува со неговите ОТО ритуали и учења. Тоа е целиот муабет на ова.
Значи - апсурдно е нели?
Еве уште еден пример:
Астрална проекција стана толку популарна особено низ форуми каде што се зборува за мистика или слични работи. Опишана е како патување на душата низ места каде што ќе посака.Автоматски гледано, ни дава некоја желба за пробување на тоа, но исто така на прв поглед сфаќаат повеќето ако не сите, дека не мора да оди пешки до чаршија вечерва како “дух“ ќе се појавам во тој и тој кафич. Многу гледање научнофантастични филмови не се во ред.
И не ми требаше многу време да ја проучам истата техника за да видам дека фактички се работи за имагинација, односно свесно креирање на сон, луцидно сонување на некој начин, кога си потполно свесен кој си а сепак не си во реалноста. Е сега, некој ако успее оваа техника да ја изведе, што кога после изведувањето си помисли дека стварно бил на-местото-каде-што-замислил? Почнува да тврди и да те убедува за истото, што ти радознал би го пробал.
Значи ова ќе го споредам со музичар. Тоа е исто, како да тврди некој што свири на труба, дека секој музичар треба да ги отфрли лажните инструменти и да ги открие тајните на трубата. Дека трубата е највисок инструмент и може скоро се да се отсвири на него. А јас ќе речам, оној што знае да свири, и на шупелка, и на труба и на сајзер, ќе отсвири иста песна. Би имал потреба да му го објасни накратно некој инструментот затоа што веќе талентот го има. А оној што нема талент, цел живот ќе сменува инструменти, ќе тврди дека едни чинат а други не, но никогаш нема да научи да свири како што треба. И да, преку целото вежбање ќе му бидат потребни...премногу книги и учители.