Законот на Телема

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Муабетот небеше за докажување, туку за објаснување.

П.С. Која е таа пракса со која муслиманот би докажал дека постои Алах?:) Слепата верба и покорност, не се пракса.
Каква е таа пракса и дали е дозволено практикантите да се осамостојат од одредени догми во езотеријата?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Каква е таа пракса и дали е дозволено практикантите да се осамостојат од одредени догми во езотеријата?
Во егзотеријата постојат догми, во езотеријата не постои такво нешто...
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
V

Vollstandig

Гостин
Муабетот небеше за докажување, туку за објаснување.

П.С. Која е таа пракса со која муслиманот би докажал дека постои Алах?:) Слепата верба и покорност, не се пракса.
Без разлика дали стаува збор за ислам, за христијанство, јудаизам,сатанизам, книги на законот, и ред други работи сепак се УПАТСТВА. И ќе те цитирам од многу одамна:
“Зошто би ни била потребна некоја книга, или упатство како да живееме? Дали на пчелите некој им дал упатство како да прават мед?“

Тоа значи не само кај муслиманот, и член на ото би бил ист случај само во друга заедница.
 
V

Vollstandig

Гостин
Kako ne vi e sram bre ve znam site koi ste i sto ste ej!!!!!! Abadon e facata sto se hejta so Bodidarma so ipissimus istiot toj ne se pocituva so sopstveniot drugar od isti grad heptagram...........tapetarot sto go znam licno gi mrzi i hepta i ipissimus posto nekoi luge se idioti sto sakaat da manipuliraat so site a site se mrzat zad grb....Da ne pocnam za muabetit sto Raziel gi pravel za nekoi od vas. i toa licni stvari ne zboram za forumski muabeti.....ima uste mn informaciiii ama ne ste dostojni da vi kazam i taka ste kucinja....i pritaeni spameri kako TheAstralWalker.....bravo....get a LIFE!!!!!
--- надополнето: 31 декември 2011 во 03:11 ---

Изгледа премногу гледаш шпански серии.
Рекла казала муабети , овој му рече на оној...
Уште малце да не откриеш дека админот е посвоен, модераторите се синови на богаташи, дека има мито и корупција на форумот, па тука некаде и ќе се појави некој од нигде никаде кој ќе тврди дека неговиот дедо го основал форумот и тој е сега новиот власник па сите ќе не држи под бан долго...долго време, додека не дојде чистачката и не испадни дека му е мајка, па сите, среќно да не одбанираат и да се вратиме на форум да трескаме глупости.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.947
Поени од реакции
12.551
Убаво да си го прославите дочекот на „новата година“... 93 93/93 :)
Четири порти водат кон една палата; подот на таа палата е од сребро и злато; лапис лазули и јаспис се таму; и сите ретки мириси; јасмин и роза, и симболите на смртта. Нека тој влезе наизменично или одеднаш на четирите порти; нека застане на подот од палатата. Нема ли да потоне? Амн. Хо! воину, ако твојот слуга потоне? Но, постојат начини и начини. Затоа бидете отмени: облекувајте се сите во убава облека; јадете богати јадења и пијте благи вина и вина што се пенат! Исто така, исполнете се со љубов по волја, како ви е волја, кога, каде и со кого ви е волја! Но секогаш за мене.

Јас сум Змија што дава Знаење и Восхит и блескава слава, и ги поттикнувам срцата на луѓето со пијанство. За да ме обожувате земете вино и чудни дроги за кои ќе му кажам на мојот пророк, и бидете опиени од нив! Тие воопшто нема да ви наштетат. Тоа е лага, таа лудост против јаството. Истакнувањето на невиност е лага. Биди силен, о човеку! страстен, уживај во сите сетилни и насладни нешта: не плаши се дека кој било Бог ќе се откаже од тебе заради тоа.

Постои помош и надеж во другите волшепства. Мудроста вели: биди силен! Тогаш ќе можеш да поднесеш повеќе радост. Не биди животно; облагороди ја својата наслада! Ако пиеш, пиј со осум и деведесет правила на вештината: ако љубиш, надмини со префинетост; и ако правиш нешто радосно, нека има суптилност во тоа!
Но, надмини! надмини!
Стреми се секогаш кон повеќе! и ако си навистина мој - а во тоа не се сомневај, и ако си секогаш радосен! - смртта е круна на се.
Ах! Ах! Смрт! Смрт! ти ќе копнееш за смртта. Смртта е забранета, о човеку, за тебе.

Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел Закон
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Без разлика дали стаува збор за ислам, за христијанство, јудаизам,сатанизам, книги на законот, и ред други работи сепак се УПАТСТВА. И ќе те цитирам од многу одамна:
“Зошто би ни била потребна некоја книга, или упатство како да живееме? Дали на пчелите некој им дал упатство како да прават мед?“

Тоа значи не само кај муслиманот, и член на ото би бил ист случај само во друга заедница.
Епа не е без разлика друже! Мотото на редот е "метод на науката, цел на религијата"
Исламот, христијанството, јудаизмот и ред други, немаат методи, не испитуваат, тие имаат правила позади кои стои ултиматум и закана. Нивна цел не е да го достигнат божественото, туку истото го замислуваат како деспот на кој мора да му се покоруваат и да му се плашат. Затоа реков дека се вртиме во круг, затоа што и покрај тоа што беше наведено кој се ставовите и позициите, повторно се ставаат на исто рамниште телемата и предходно споменатите религии.
Мојот цитат кој си го споменал, во никој случај не е во контрадикција со телемата. Баш напротив, тоа што некој ќе се посвети на пронаоѓање на својата вистинска - чиста воља, го прави да стане способен да види дека сите религии се само сенка или персектива на апсолутната вистина. Со што упатства од страна ќе му бидат непотребни и излишни.
--- надополнето: 31 декември 2011 во 17:11 ---
Јас и за Сатанизмот кажував, дека не го гледав како упатство како да го живеам животот, туку како рефлексија на моите ставови.
Патем речено, повели и пресуди самиот дали овој метод е ист како и религиите кој ги спомена:

ОСНОВИ НА МЕТОДОТ
  1. Теологијата е неважна; зашто и Буда и Свети Игнациј биле Христоси.
  2. Моралноста е неважна; зашто и Сократ и Мухамед биле Христоси.
  3. Над-свесноста е природен феномен; оттука нејзините услови треба да се бараат повеќе во делата отколку во зборовите на оние кои ја постигнале.
--- надополнето: 31 декември 2011 во 17:45 ---
Каква е таа пракса и дали е дозволено практикантите да се осамостојат од одредени догми во езотеријата?
Праксите во езотеријата се догми, колку што се догми и научните методи.
На пример, мерењето на воздушниот притисок е научен метод а не догма, затоа што преку испитувања, споредувања и експерименти се потврдило дека тој начин е исправниот.
 
V

Vollstandig

Гостин
Некој спомна нова година.
Нова година означува нов почеток, нова патека, нова сфера во животот. Нова година започнува кога доаѓа крајот. Во превод, годините ги рачунаме според движењето на нашата планета. На 31.12 никогаш планетата наша не го завршува движењето туку е во втора фаза на јарец. Зима. Сеуште сме во истото соѕвездие. Следното утро, на 1.1 верувајте освен гадниот мамурлак ништо друго човек нема да добие.Исто е се. Снег, ладно, ако до лани беше планетата во јарец, и после 1-ви ќе биди.Сеуште е зима, сеуште е истото, значи не се случила никаква промена, туку ја славиме нова година според статичен календар, кој во никој случај не се преклопува со патеката на планетата. Нова година, односно завршување на патеката и почнување на кругот одново, се случува на 21.март кога излегуваме од риби, а влегуваме во овен. Овенот е прв знак, почеток, пролетта тогаш започнува а исто така и целиот жив свет почнува да се буди на пролет, како од еден долг...сон.
Среќна нова година, која не се чувствува.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702

Пред да те дочитам сакав да кажам 21 Март треба да биде Нова Година - со пролетта се се буди и обновува, почнува животот пак. Преод од зима во зима....нема смисла - се сеуште спие.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
За да не ни забега пак муабетот и да имаме време да се подготвиме за „нова година“, повелете:

Прослава за Врвниот Ритуал
- (Инвокација на Хорус) – 20 Март го одбележува и почетокот на Телемитската нова година.​

http://www.oto-mk.org/?p=42
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Пријатели и непријатели :)
Повелете линк!

И „оваа година“ на кој му фали жена, нека ја добие и нека ужива во нејзините бесконечности, на кој му фалат пари, нека го добие и нека си докаже на самиот себе за својата минливост, на кој му фали инспирација нека ја има во претек како оган кој што тлее длабоко во секој од вас!

Непријатели, вие да добиете барем искра разбирање од она што ви го зборувам :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
ДОПИСНИЦИ ДО КАНДИДАТИТЕ
I. ТЕОРЕМИ
  1. Светот напредува преку појавата на Христоси(гении).
  2. Христосите (гениите) се луѓе со над-свесност од највисок ред.
  3. Над-свесноста од највисок ред може да се постигне преку познати методи.
Оттука, применувајќи ја квинтесенцијата од познатите методи правиме светот да напредува.
II. ОСНОВИ НА МЕТОДОТ
  1. Теологијата е неважна; зашто и Буда и Свети Игнациј биле Христоси.
  2. Моралноста е неважна; зашто и Сократ и Мухамед биле Христоси.
  3. Над-свесноста е природен феномен; оттука нејзините услови треба да се бараат повеќе во делата отколку во зборовите на оние кои ја постигнале.
Основните дела се повлекувањето и концентрацијата – како што подучуваат Јогата и Церемонијалната Магија.

III. ГРЕШКИ НА МИСТИЦИТЕ

  1. Бидејќи вистината е над-разумна, не може да се соопшти со јазикот на расудувањето.
  2. Оттука сите мистици пишувале бесмислици, а она што има смисла засега е неточно.
  3. И покрај се, како што мирната езерска површина дава поточен одраз на сонцето отколку надојдената поплава, оној чиј ум е најдобро урамнотежен, ако стане мистик, станува најдобар мистик.
IV. МЕТОДОТ НА РАМНОТЕЖА СТРАСТИТЕ итн.

  1. Бидејќи конечната вистина на тееологијата е непозната, сите морални прописи се произволни.
  2. Оттука студентот не го засега етиката како таква.
  3. Последователно, тој е слободен “да ја исполни својата должност во оној облик на живот во кој Бог милувал да го повика”.
V. РАЗУМОТ

  1. Бидејќи вистината е над-разумна, секоја разумна изјава е погрешна.
  2. Оттука студентот треба да се спротивставува на секое тврдење кое се презентира пред него.
  3. Штом разумните идеи се избркани од умот на ваков начин, се отвора простор за восприемање на духовната вистина.
Би требало да се нагласи дека ова не ја поништува целисходноста на расудувањето на неговото рамниште.

VI. СПИРИТУАЛНИОТ СЕНЗОРИУМ

  1. Човекот како ограничено суштество е неспособен да го сфати неограниченото. Комуникацијата со неограничено суштество (вистинско или лажно) не го менува овој факт.
  2. Оттука студентот нека и се спротивстави на секоја визија и одбие да ужива во неа; првин поради тоа што секако е можна друга визија, од сосем спротивна природа; второ, бидејќи иако е Бог, тој е сепак човек на една безначајна планета.
Вака урамотежен странично и вертикално, може да се случи да, или преку потврдување или преку одрекување на сите овие работи заедно, го постигне врвниот транс.
VII. РЕЗУЛТАТОТ
  1. Трансот се дефинира како екстаза на еден одреден дел од мозокот, предизвикана преку медитација за идејата соодветна за него.
  2. Оттука студентот нека внимава во таа идеја да нема ниту трага од несовршенство. Би требало да биде чиста, балансирана, смирена, целосна, погодна на секој начин да загосподари со умот и таа ќе го стори тоа. Еднакво како и изборот на кралот да биде крунисан.
  3. Затоа наредбите на кралот ќе бидат мудри и правични, бидејќи тој бил мудар и правичен и пред да стане крал.
Животот и работата на мистикот ќе ја одразуваат (иако замаглено) врвната водечка сила на мистикот, највисокиот транс што го постигнал.
VIII. ЈОГА И МАГИЈА
1. Јогата е вештина да се обедини умот на една идеја. Има четири методи:
  • Gnana-Yoga или Единство со Знаење
  • Raja-Yoga или Единство со Волја
  • Bhakta-Yoga или Единство со Љубов
  • Hatha-Yoga или Единство со Храброст
додади Mantra-Yoga или Единство со Говор и Karma-Yoga или Единство со Работа. Овие се обединуваат преку врвниот метод на Тишина.
2. Церемонијалната Магија е вештина да се обедини умот на една идеја. Има четири методи:
  • Светата Кабала или Единство со Знаење
  • Светата Магија или Единство со Волја
  • Делата на Обожување или Единство со Љубов
  • Искушенијата или Единство со Храброст
додади ги Призивите или Единство со Говор и Делата на Служење или Единство со Работа. Овие се обединуваат преку врвниот метод на Тишина.
3. Ако идејата е која било друга, а не Врвната и Совршена идеја и студентот загуби контрола, резултатот е лудило, опсесија, фанатизам, парализа или смрт (додади зависност од озборување и неизлечива мрзеливост), зависно од природата на неуспехот.
Оттука студентот нека ги разбере сиве овие работи и нека ги комбинира во својата Вештина, обединувајќи ги со врвниот метод на Тишина.
Која е врвната и совршена идеја? :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Која е врвната и совршена идеја? :)
Мислам дека никој не е обврзан да дава одговори тука... Овде сум само да го кажам она што мислам да го кажам и толку. Нема да добивате одговор на вашите прашања овде на форум... Ќе згасне темата инаку нели :)
Имате пракси, работете, сами ќе го добиете она кое што треба да го добиете...
Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: се е како што било секогаш. Сепак има маскирани, мои служители: може оној питач да е Крал. Кралот може да ја избере својата облека по волја: не постои сигурен тест: но питачот не може да ја сокрие својата беда.
Некои од вас не ги ни погледнале праксите не пак да ги испробаат нашите методи, а истите тие се секогаш најгласни...
Јас велам: Нека бидат! нивното завивање овде ќе биде доволно за да ова допре во секој дом :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Мислам дека никој не е обврзан да дава одговори тука... Овде сум само да го кажам она што мислам да го кажам и толку. Нема да добивате одговор на вашите прашања овде на форум... Ќе згасне темата инаку нели :)
Имате пракси, работете, сами ќе го добиете она кое што треба да го добиете...

Некои од вас не ги ни погледнале праксите не пак да ги испробаат нашите методи, а истите тие се секогаш најгласни...
Јас велам: Нека бидат! нивното завивање овде ќе биде доволно за да ова допре во секој дом :)
Првата грешка на мистиците ја направи кога објави дека има совршена идеја, :) сега не бегај од одговорноста и сноси ги консеквенците.
Биди доследен до краји одговори ми, ако сакаш секако.
Никој со сила не те тера...инаку немам јас никакви лоши намери, до сега требаше јасно да ти биде тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom