Како што знаете (ако не знаете, сега ќе дознаете) - секоја година Телемитите на Земјата во периодот од 8-ми до 10-ти април го прославуваат запишувањето на „Книгата на Законот“ во Каиро, од страна на Кроули, далечната 1904 e.v.
Сето ова се случува додека бил на меден месец со неговата жена, Роуз - која е онаа жена преку која доаѓа Законот на Телема (иако многумина неупатени претежно дрдорат за Кроули во негативна конотација).За ова и самата историја на настани кои претходат во однос на запишувањето на Законот, може да ѕирнете во четвртиот дел од „Магика, Книга IV“ наречен „Еквинокс на Боговите“, во „Исповедите“ на Кроули, а исто така има нешто расфрлани информации и на мојот блог, а и како што гледам има и на О.Т.О. страницата каде што имаат кратка историја за
Роуз Кели.
Денес, ние, Телемитите кои го имаме прифатено Законот на Телема како водич/правилник за дејствување на Земјата, помеѓу живите, го празнуваме Вториот ден од запишувањето на Законот.
Ако ви е волја, празнувајте и вие - нема ограничување.
И бидејќи ве знам премноду добро, кликнете смајли на постов или тажно лице или коментар нешто, може ќе украдам насмевка кај вас - само не бидете рамнодушни. Не сакам рамнодушни луѓе кои глумат „зен состојба“, а вријат ко вуклан од внатре.
„Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.“
-
Liber AL, II:44
„34.
Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
35.
Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
36.
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
37. Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
38.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
39. Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
40. Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.
41. Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
42. Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојот восхит!
43. Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!
-
Liber AL vel Legis svb figura CCXX, II
Оваа книга е диктирана во Каиро, помеѓу 12 и 13 часот, три последователни дена, на 8,9 и 10 Април, 1904 година. Авторот се нарече себе си Аиваз и тврдеше дека е
„пратеник на Хоор-Паар-Краат“, т.е. пратеник на силите коишто сега владеат со Земјата, што ќе биде објаснето подоцна.
Како можел тој да докаже дека е всушност суштество од вид посупериорен од секоја човечка раса, и со тоа овластен да говори со авторитет?
Очигледно дека тој морал да покаже Знаење и Моќ какви што до сега ниеден човек не поседувал.
...
Оваа Книга го објаснува универзумот.
Основните елементи се
Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и
Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку
египетската божица Нуит,
жена што се свива долу какo Свод на Ноќното небо.
Хадит е симболизиран како
Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).
Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.
„Секој маж и секоја жена е ѕвезда“, т.е. збир на таквите искуства, кои постојано се менуваат со секој нов настан, и коишто влијаат врз него или неа свесно или несвесно.
Секој од нас има свој сопствен универзум, но тоа е истиот универзум за секого се додека тој го вклучува сето можно искуство.
Тоа подразбира проширување на свеста за да ги вклучи сите други свести за себе.
...
Оваа Книга изложува едноставен Правилник на однесување.
„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“.
„Љубовта е закон, љубов под волја“.
„Нема закон над прави што ти е волја“
Тоа значи дека сите ние, Ѕвезди, треба да се движиме по нашите вистински орбити, како што е означено со природата на нашата положба, законот на нашиот растеж и импулсот на нашите минати искуства. Сите настани се подеднакво законити – и секој е долгорочно неопходен за сите нас, теоретски гледано; но во практиката, само еден акт е законит за секого од нас во било кој даден момент.
Од тука,
Должноста се состои во одлучувањето да се искуси вистинскиот настан од еден до друг момент на свеста."
-
Книга на Законот, Мал Вовед