Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Барем во нешто се согласуваме,ова не од ваште„Шаренките“,(Level Up е).Со својата амбидекстрозна рака сум ставил потпис на Liber OZ ,а да ми беше малку поарно здравјето би отишол во борба за човекови права,оти „нож на шија“ е ситуацијава во Украина.
Liber Oz е одличен збиен текст на „Книгата на Законот“ кој што може да се даде на секој!
Ми се допаѓа објаснувањето за таа книга што го имам сретнато некаде дека Liber OZ e книга за Правата на Човекот, за секој човек! Без разлика кој е, што е, во што верува, во што не верува итн итн...
Прифаќањето на Liber Oz значи прифаќање дека истото тоа важи и за секој друг човек...
 

Fr.Chlamidyus

Духовен Отец
Член од
25 март 2023
Мислења
15
Поени од реакции
20
Абе Кроули у свое време си носел и пистолетка(за самоодбрана) и граница поминувал без тресење :)(курназ),ама НЕ напишал у книгата„Човек има право да окупира територија,како му е волја и да им ебе матер на цивилите“.А знам у какво одвратно политичко време живеел тој.Така да Путин кур да јаде и да умре што поскоро.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Абе Кроули у свое време си носел и пистолетка(за самоодбрана) и граница поминувал без тресење :)(курназ),ама НЕ напишал у книгата„Човек има право да окупира територија,како му е волја и да им ебе матер на цивилите“.А знам у какво одвратно политичко време живеел тој.Така да Путин кур да јаде и да умре што поскоро.
За Украина и Русија има теми тука колку сакаш... нема крај...

И Кроули бил исфрлен од Германија и Италија. Дури и неговите наследници некои завршиле во затвори.
Карл Гермер бил затворен од страна на Хитлер во затвор само заради Телема (и тоа многу пред да стане следен О.H.O. на О.Т.О. како прв од староеонските Редови кој што го прифати Законот на Телема (има и други Редови)!
Гадови биле овие како Хитлер? Да!
Можеме нешто против нив? Да :)
Што?
Тајна...
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
439
Со подемот на технологијата и современата наука и медицина, потребата за филозофија и слични теми, за скоро ке биде сведена на нула.
Истото важи и за општествените науки што не произведуваат ништо.
Нема потреба од филозофија погодување и изигравање мудрец кога некој тоа може да го изведи по сигурен,проверен и на докажан начин.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Со подемот на технологијата и современата наука и медицина, потребата за филозофија и слични теми, за скоро ке биде сведена на нула.
Истото важи и за општествените науки што не произведуваат ништо.
Нема потреба од филозофија погодување и изигравање мудрец кога некој тоа може да го изведи по сигурен,проверен и на докажан начин.
Така е, кога некој може по сигурен, проверен и на докажан начин да погоди - само не знам што ќе погоди во однос на темава :)
Не се доискажа...

П.С. Постојано човештвото живее во некаков подем на технологија и наука - постојано.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
439
Со подемот на технологијата и современата наука и медицина, потребата за филозофија и слични теми, за скоро ке биде сведена на нула.
Истото важи и за општествените науки што не произведуваат ништо.
Нема потреба од филозофија погодување и изигравање мудрец кога некој тоа може да го изведи по сигурен,проверен и на докажан начин.
Вакви теми воопшто не би требало во иднина да постојат, губење време околу продажба на ветар и магла.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Вакви теми воопшто не би требало во иднина да постојат, губење време околу продажба на ветар и магла.
Да се надеваме дека не би требало да ги има... А до тогаш, here we are ;)

Се додека човекот се открива себе си и се прашува зошто и како и кога... Се додека се има волја... Ќе мора да се наоѓаат пракси за насочување на таа волја.

Се додека постојат овие прашања за една индивидуалност на Земјата, без разлика на технологија, ќе постои филозофија и магика и надминување со сите пропратни искушенија низ животот на човекот.
Некому не му требаат, сигурно други му ги решаваат равенките во животот...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Book_of_the_Law_Cover.png
Како што знаете (ако не знаете, сега ќе дознаете) - секоја година Телемитите на Земјата во периодот од 8-ми до 10-ти април го прославуваат запишувањето на „Книгата на Законот“ во Каиро, од страна на Кроули, далечната 1904 e.v.

Сето ова се случува додека бил на меден месец со неговата жена, Роуз - која е онаа жена преку која доаѓа Законот на Телема (иако многумина неупатени претежно дрдорат за Кроули во негативна конотација).За ова и самата историја на настани кои претходат во однос на запишувањето на Законот, може да ѕирнете во четвртиот дел од „Магика, Книга IV“ наречен „Еквинокс на Боговите“, во „Исповедите“ на Кроули, а исто така има нешто расфрлани информации и на мојот блог, а и како што гледам има и на О.Т.О. страницата каде што имаат кратка историја за Роуз Кели.

Денес, ние, Телемитите кои го имаме прифатено Законот на Телема како водич/правилник за дејствување на Земјата, помеѓу живите, го празнуваме Вториот ден од запишувањето на Законот.
Ако ви е волја, празнувајте и вие - нема ограничување.


И бидејќи ве знам премноду добро, кликнете смајли на постов или тажно лице или коментар нешто, може ќе украдам насмевка кај вас - само не бидете рамнодушни. Не сакам рамнодушни луѓе кои глумат „зен состојба“, а вријат ко вуклан од внатре.


Chapter_II.png „Навистина! празнувајте! радувајте се! нема страв од сега натаму. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну.“
- Liber AL, II:44

„34. Но вие, о мој народе, дигнете се и разбудете се!
35. Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
36. Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
37. Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
38. Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
39. Прослава за Тахути и детето на Пророкот – тајна, О Пророку!
40. Прослава за Врвниот Ритуал, и прослава за Рамноденицата на Боговите.
41. Прослава за оган и прослава за вода; прослава за живот и уште поголема прослава за смрт!
42. Прослава секој ден во вашите срца во радоста на мојот восхит!
43. Прослава секоја ноќ за Ну, и задоволство на крајниот занес!

- Liber AL vel Legis svb figura CCXX, II






Оваа книга е диктирана во Каиро, помеѓу 12 и 13 часот, три последователни дена, на 8,9 и 10 Април, 1904 година. Авторот се нарече себе си Аиваз и тврдеше дека е „пратеник на Хоор-Паар-Краат“, т.е. пратеник на силите коишто сега владеат со Земјата, што ќе биде објаснето подоцна.
Како можел тој да докаже дека е всушност суштество од вид посупериорен од секоја човечка раса, и со тоа овластен да говори со авторитет?
Очигледно дека тој морал да покаже Знаење и Моќ какви што до сега ниеден човек не поседувал.
...

Book_of_the_Law.png Оваа Книга го објаснува универзумот.
Основните елементи се Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку египетската божица Нуит, жена што се свива долу какo Свод на Ноќното небо. Хадит е симболизиран како Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).

Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.
„Секој маж и секоја жена е ѕвезда“, т.е. збир на таквите искуства, кои постојано се менуваат со секој нов настан, и коишто влијаат врз него или неа свесно или несвесно.
Секој од нас има свој сопствен универзум, но тоа е истиот универзум за секого се додека тој го вклучува сето можно искуство.
Тоа подразбира проширување на свеста за да ги вклучи сите други свести за себе.
...

Оваа Книга изложува едноставен Правилник на однесување.

„Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон“.
„Љубовта е закон, љубов под волја“.
„Нема закон над прави што ти е волја“



Тоа значи дека сите ние, Ѕвезди, треба да се движиме по нашите вистински орбити, како што е означено со природата на нашата положба, законот на нашиот растеж и импулсот на нашите минати искуства. Сите настани се подеднакво законити – и секој е долгорочно неопходен за сите нас, теоретски гледано; но во практиката, само еден акт е законит за секого од нас во било кој даден момент.
Од тука, Должноста се состои во одлучувањето да се искуси вистинскиот настан од еден до друг момент на свеста."

- Книга на Законот, Мал Вовед
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
И бидејќи ве знам премноду добро, кликнете смајли на постов или тажно лице или коментар нешто, може ќе украдам насмевка кај вас - само не бидете рамнодушни. Не сакам рамнодушни луѓе кои глумат „зен состојба“, а вријат ко вуклан од внатре.
:( (klikni i vidi ja mojata,taga)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Бидејќи вчера „заборавив“ да ве потсетам дека Телемитите го празнуваат Првиот ден од запишувањето на Законот на Телема, ете една интересна песна чиј текст се извадоци од Првото поглавје од „Книгата на Законот“, во кое што зборува Нуит. :love:

"I am the blue-lidded daughter of Sunset; I am the naked brilliance of the voluptuous night-sky."
- Liber AL, I:64


 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
1681147475898.png
„Не плаши се воопшто; не плаши се ни од луѓе ни од Судбини, ни од богови, ниту од што било.
Не плаши се од парите, ни од смеата на будалестиот народ, ниту од која било друга сила на небото или на замјата или под земјата.
Ну е твое засолниште, како што Хадит е твојата светлина; а јас сум јакоста, силата, жестината на твоите раце."
- Liber AL, III:17
:love:
„Ја призивам, ја поздравувам
Твојата присутност, О Ра-Хоор-Куит!

Единство потполно искажано!
Ја обожувам моќта на твојот здив,
Врховен и страшен Богу,
Кој чиниш боговите и смртта
Да треперат пред Тебе:
Јас, јас те обожувам!

Појави се на тронот на Ра!
Отвори ги патеките на Ку!
Осветли ги патеките на Ка!
Патеките на Кабс проаѓаат
Да ме вознемират или смират!
Аум! нека тоа ме убие!“

- Liber AL, III:37
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.109
Поени од реакции
10.138

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Пред 10 години..ајјј бре Хепта...и да се протнало, кој ке го памти :pos::pos::pos:
Од пред година дена е онлајн мислам, на тоа мислев ;)

Исто и „Магика без Солзи“ (писма помеѓу Кроули и жена иницијант во О.Т.О. и A.'.A.'.) е издадена 2003-та кога многумина од тука не ни биле забавиште или факс прва година и овие нешта ни на сон не им доаѓале, сега е поставен извадок исто на оваа страница, на овој линк.

Некои паметат и со децении претходно што прочитале, некои пред 2 часа што прочитале им е веќе во магла... така да, секој суди според самиот себе си :love:

Затоа реков можеби не сте го забележале тоа, а некому може да пронајде полезни нешта :)
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
876
Поени од реакции
439
Иако прв пат пишувам на теми за религија.
Дај бе @Хептаграм XI не го тупи со твоиве секти.
Оди дупни нешто и имај нормален живот батали ги овие сективе, и онака се безкорисни имаш интернет, ChatGPT , Професионалци во секоја свера од животот за да си го разубавиш и олесниш ти се бавиш со глупости.
А ништо не правиш со истиве глупости што ги проповедаш и губиш време да ги "учиш".
Одбери Х тема во која сакаш област или во темата што си најдобар од тоа ти што го знаеш јас можам барем 3х подобро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom