Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ок, супер, очигледно му е на твојот Бог..., си прави што сака, уживанција, но тешко тебе, да се доживееш како хир негов, манифестација, форма..., и тоа методолошки ќе го сватиш, и соу вот?!
Што се случува со тебе?
Те снемува во нештото т.н. Бог?
Што ќе биде со Ипси како конкретна манифестација, креација?
Можно ли е твојата цел да биде да сакаш да не постоиш?:misticen:
Од кога вистината и реалноста зависат од тоа дали нешто сакаш или дали нешто ти одговара или не?
Демек не ми одговара нешто и ќе го прогласиме за неточно?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Единствено фалично во ситуацијава сте вие христијаните што ем одбивате да употребите методи и да го потврдите или негирате изложеното на тој начин, ем сакате да го побиете само преку верување.
Ти Исус нит си го видел, ниту ќе го видиш, а упорно ми кажуваш што е тој! Со верување во нечии приказни ќе откриваме што е Бог?!
Јас се што кажав се темели на заклучоци до кои е дојдено преку лично искуство, преку сознанија до кои сум дошол преку одредени методи. Ти не ни разбираш што е парадоксот за кој зборувам а за кој твојата религија нема решение! И не, тројството не е решение, бидејќи целиот концепт е заглавен во дуалност, прикажувајќи го господ како демијург, одвоен од својата креација, без можност да има слабости, да биде зол, грешен, нечесен. Наместо тоа, христијанството за овој ,,жежок костен" морало да измисли страшило наречено сатана, бетонирајќи го концептот на својот бог засекогаш како дуално битие. Но ти секако не си способен да го разбереш ова.
Кон болдот; пошто патиш од се‘ знаење, дај наведи го решението за смртта, според теоријата од вашата вера.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
@Ipsissimus - не му го кажувај решението за животот. :)
Понекогаш е добро да не го знаеш одговорот на јавни форуми ... така христијанинот ќе се чука по гради дека постигнал нешто ;)

Бесцелни се вакви разговори со луѓе кои не разбираат ништо надвор од нивното верување и религија.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
@Ipsissimus - не му го кажувај решението за животот. :)
Понекогаш е добро да не го знаеш одговорот на јавни форуми ... така христијанинот ќе се чука по гради дека постигнал нешто ;)

Бесцелни се вакви разговори со луѓе кои не разбираат ништо надвор од нивното верување и религија.
Хепта,

а решението за животот е?...

Ваљда решнието не ви е исто како и одговорот за вистината или решението за смртта. :icon_lol:

Што сте толку таинствени? Дај споделете и со нас, кои не‘аме појма од ништо друго, освен што веруваме...:icon_lol:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Верувајте... нема потреба да знаеш што е решението. Види колку си полн со себе си заради само едно верување, заради црква, заради догма... замисли да знаеш работи... кај ќе ти биде крајот :)
Над Исус најмалку - животот и смртта до бескрај!

Ниту едно решение не доаѓа од верување и догма! Што е добро во новиот еон.

Без тајни ќе биде како со вашата историја: ќе го свлечкаат профани божественото во калта на човештвото и ќе направат од него бурлеска на чии темели ќе изградат тиранија за да човекот пак не биде слободен!
НЕ така!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Верувајте... нема потреба да знаеш што е решението. Види колку си полн со себе си заради само едно верување, заради црква, заради догма... замисли да знаеш работи... кај ќе ти биде крајот :)
Над Исус најмалку - животот и смртта до бескрај!

Ниту едно решение не доаѓа од верување и догма! Што е добро во новиот еон.

Без тајни ќе биде како со вашата историја: ќе го свлечкаат профани божественото во калта на човештвото и ќе направат од него бурлеска на чии темели ќе изградат тиранија за да човекот пак не биде слободен!
НЕ така!
Хм, да...

Одговорот на моето прашање е во облик од твој монолог. Веќе видено и очекувано.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Хм, да...

Одговорот на моето прашање е во облик од твој монолог. Веќе видено и очекувано.
Со тебе секој разговор е монолог бидејќи е досаден разговорот... да читам глупости од христијански надуенко кој што се дрзнува простачки сите да ги осудува дека се зли и бесцелни заради неговата догма? Не, благодарам.

Искуството не учи дека ако магарето не сака да се тргне од мостот, или го претепај или најди друг пат :)
Бидејќи Телема е исто со Агапе , а од друга страна бесконечноста на Нуит значи многу патеки... мудро е да се избере друга патека според ѕвездата и нејзините искуства и да се остави магарето да биде магаре... !

Гледаш, од искуството што си го имал до сега, после секое твое бладање за Телема (за која нели не знаеш ништо, но по default според твоето верување мора да е нешто лошо) доаѓа мој говор што сакам јас да кажам за Телема без да се заморувам за твоите искривени христијански погледи кон философија различна од религијата на која ти гордо припаѓаш.

Цело време зборуваме за тоа: искуството те прави подобар утре! Не ни требаат верувања во догми, тоа раѓа стерилност во духот на човекот! ;)
 
Последно уредено:

што мислиш, дали твоето и моето учество на форумов се рамноправни?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Хепта,

што мислиш, дали твоето и моето учество на форумов се рамноправни?
Нормално дека не се рамноправни. Ти имаше куп кориснички имиња бидејќи те банираа заради дрскоста и простачкиот говор на омраза кон се што не е православие!
Ти постојано некој осудуваш, го прогласуваш за зло, за сатанизам - на основа на тоа што има различен став од твојата црква.

Јас од друга страна си зборувам за Телема, за О.Т.О., за пракси и како е различна оваа философија од философиите и религиите на стариот еон, што носи од старото време, а што има да понуди за новото... тоа што ти и останати се чуствуваат загрозени и имаат некоја чудна потреба со клевети и глупости да бидат во стилот „борба за веру јер долази судни дан“ те прави нерамноправен со моето дејствување :)

П.С. Ти се тепаш за патријархат, сакаш да не убедиш дека постои божественост која суди како му е волја, дава како му е волја... се залагаш за догма, заговараш суптилно со тајни намигнувања и знаци со раката како жената е помалку од мажот , а бараш рамноправност!
Не е убаво кога ќе те осудат а ти мислиш дека си во право и ништо не грешиш, боли нели?
Двојни аршини на друго место... не тука.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
“The greatest, like Rembrandt, paint a gallant, a hag, and a carcass with equal passion and rapture; they love the truth as it is. They do not admit that anything can be ugly or evil; its existence justifies itself. This is because they know themselves to be part of an harmonious unity; to disdain any item of it would be to blaspheme the whole. The Thelemite is able to revel in any experience soever; in each he recognizes the tokens of ultimate Truth. It is surely obvious, even intellectually, that all phenomena are interdependent, and therefore involve each other.”

-Commentaries to The Book of the Law
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595

Книга на Законот

Ова е Сржта на ЕОНОТ на ДЕТЕТО!
Ова е Сржта на Слободата, Љубовта, Животот и Светлината!
Ова е Законот од кој се излеваат Четири Светлини на Новиот Еон!

Сите сте Слободни!
Сите сте полни со Живот!
Сите зрачите Светлина!
Сите привлекувате со Љубов!
Обединете се преку Законот на Телема - и надминете!

И оваа нова V:iv година ќе се прославува примањето на новиот Закон и новото време, точно 114 години откако гори стариот свет, издигнувајќи се новиот Еон, Еонот на Детето - каде што секој е дете, секој бара искуство, смеа, знаење, надминување

Фрлете ги оковите на гревот и ограничувањата и нурнете навнатре, не нанадвор!

"Ритуалите нека бидат изведувани правилно со радост и убавина!
Постојат ритуали на елементите и прослави на времињата.
Прослава за првата ноќ на Пророкот и неговата Невеста.
Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот."
- Книга на Законот, Поглавје II:35-38

На 08.IV.1904, точно на пладне во времетраење од еден час е диктирано Првото поглавје од Законот, каде што е даден зборот на Нуит!

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595

"Некој си Јогин мислел дека ќе биде извонредно достигнување ако научи да оди преку реката Ганг.
По четириесет години успеал и отишол кај својот Гуру за да ја демонстрира својата моќ и да ја прими очекуваната награда.
Се случило овој Гуру да биде ист како мене (Кроули, заб. на Х.), барем во однос на неговиот Непријатен Карактер; кога ученикот пристигнал весело чекорејќи преку Светата Река, очекувајќи комплименти, се сретнал со:
„Па добро, мислам дека ти си комплетен будала, сите овие години твоите соседи одеа преку река со сплав за две парички!“."
- Магиска Моќ
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Забележете како прво се дадени Обврските (должностите) на Браќата и Сестрите во Редот во ова посланине на BAPHOMET XI°, а потоа следуваат Привилегиите во Редот кој го знаете како Ordo Templi Orientis !

"Првата и најголема привилегија на еден Брат е да биде Брат; да го има прифатено Законот, да стане слободен и независен, да го им уништено сиот страв, било да е од обичај или од вера или од други луѓе или од самата смрт.
Во други списи детално е објаснета, иако нецелосно, радоста и славата на оние кои ја прифатиле Книгата на Законот како единствено правило за животот; и овде тоа нема да го рекапитулираме."
- Liber CI, Ordo Templi Orientis
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Бидејќи денес сите несвесно сте дел од еден чуден христијански ритуал на спомнување на мртвите и делење храна, нешто слично што се правело во Египет, но само за фараони - а Вие никако да можете да се ослободите од Вашите семејства и нивната волја да бидете дел од овие чудни ствари :)

Да Ве потсетам за Смртта!

„Дали сеуште си замрсена во трњата од џбунот на дива роза кои си ги вткајала во својот магичен танц по земјата?
Зарем твоите очи не се доволно силни да ја издржат светлоста на ѕвездите? Мораш ли да се колебаш додека си сеуште во долината?
Мораш ли да денгубиш со сенките на зајдисонце? Тогаш, ако тоа е твоја волја, немаш никакво право освен да правиш што ти е волја!

Сакај ги сеуште овие призраци на земјата; си направила крал од себе; ако те прави среќна да си играш со играчки од материја, зарем тие не се направени да му служат на твоето задоволство? Тогаш следи ги во својот ум чудесните зборови од самата Стела на Откровението.
Врати се ако тоа ти е волја од пребивалиштето на ѕвездите, живеј смртно и насладувај се.
Затоа што во овој ден си прогласена за Господар на Небото и Земјата.“

- Liber CVI - За Смртта
 
Kajgana Shop

На врв Bottom