- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 5.447
- Поени од реакции
- 17.881
Ги слушам семинарите и емисиите на Марк Пасио последнава недела и мојот прв впечаток е дека не се работи за класична conspiracy будалетинка туку поседува суштинско разбирање на работите и знаење. Како поранешен припадник на Сатанистичката Црква на Лавеј има доста што да каже а забележувам дека гаи симпатии кон Телемата. Иако темата е Телема видеото што го поставив е за Алистер и перспективата на Марк за Алистер, вели го поставил патот но не одел по него, тука направете преседан и не се водете според тоа што гледате, туку според тоа што слушате - во врска со Кроули. Не знам баш се за животот на Кроули, знам за неговите зависности, бисексуализам и слично, не знам дали воопшто и има врска ова со дрогата и бисексуалноста со тоа што го кажува Марк, но баш би сакал да знам дали е вистина тоа дека Кроули тоа што го проповедал - сепак не го живеел, и ме интересира делот дека Кроули на моменти бил медиум и како таков пишувал а на моменти пишувал низ призмата на своето его. Мислам дека Кроули бил голем егоист но поставил и оставил добар систем и учење и тоа мора да се почитува.