Па кој рече дека мора да следиш конкретен ,,рецепт"? Си го прочитал Liber Oz? Си ја забележал точката каде се вели: Човекот има право да живее по свој сопствен закон? Каде виде дека мораш да се ,,замараш"? Убаво нагласив дека симболиката треба да резонира со твоето разбирање и искуство, во спротивно не ти врши работа.
Колку сака нека биде една торта вкусна, секогаш ќе има луѓе што не сакаат слатки. Или ти можеби неможеш да смислиш луто, но има некој што се дави во феферони. Тоа е уникатноста кај Телемата, што не наметнува униформност на духовноста, не и става окови од догми. Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон!