Законот на Телема

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Денеска е годишница од смртта на Алистер Кроули, пророкот на новот Еон.

Go on, go on in thy might; and let no man make thee afraid.

Aleister Crowley, "The Law of Liberty"
Koga ke se kaze prorok za Krouli, se misli na prorok od tipot na Muhamed, ili pak od tipot na Nostradamus, ili mozebi od tipot na mene omilenata Vangja?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Денес, пред 67 години се случи соединувањето на пророкот на красната ѕвезда со мноштвото на живите.

Кралот е мртов; да живее Кралот! :)
За многумина непознавачи беше познат како Кроули, за малкумина кои го препознаа, беше познат и е познат како V.V.V.V.V. !

„Влегов со тага; со радост сега заминувам и со благодарност, да уживам на земјата во мноштвото на живите.“
--- Liber CCCLXX

„ …Дали сеуште си замрсена во трњата од џбунот на дива роза кои си ги вткајала во својот магичен танц по земјата?
Зарем твоите очи не се доволно силни да ја издржат светлоста на ѕвездите?
Мораш ли да се колебаш додека си сеуште во долината?
Мораш ли да денгубиш со сенките на зајдисонце?
Тогаш, ако тоа е твоја волја, немаш никакво право освен да правиш што ти е волја!
Сакај ги сеуште овие призраци на земјата; си направила крал од себе; ако те прави среќна да си играш со играчки од материја, зарем тие не се направени да му служат на твоето задоволство?
Тогаш следи ги во својот ум чудесните зборови од самата Стела на Откровението.
Врати се ако тоа ти е волја од пребивалиштето на ѕвездите, живеј смртно и насладувај се.
Затоа што во овој ден си прогласена за Господар на Небото и Земјата.“
--- Liber CVI

„...благослов и обожување на пророкот на красната ѕвезда!“
--- Liber AL, II:79

"Unto them from whose eyes the veil of life hath fallen
may there be granted the accomplishment of their true Wills;
whether they will absorption in the Infinite,
or to be united with their chosen and preferred,
or to be in contemplation,
or to be at peace,
or to achieve the labour and heroism of incarnation on this planet or another,
or in any Star,
or aught else,
unto them may there be granted the accomplishment of their wills;
yea, the accomplishment of their wills. "
---- Liber XV, Gnostic Mass
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Со нашите пријатели од интернет книжарницата KupiKniga.mk се договоривме за 2 групни зделки по повод претстојните празници, првата е со 58% попуст поместена подолу, а втората е бесплатен примерок од Книгата на Законот со секои 3 купени книги.

Комплет - "Атлантида","Преку понорот"," Мали есеи за вистината" и "Препород на Магиката"
 
Член од
12 ноември 2014
Мислења
40
Поени од реакции
10
Da prasam ovde javno bidejki neuspeav da najdam soodveten odgovor za slednive prasanja ?

Под “народ” се мисли на таа дволична, расплакана, ропска раса од бичувани пци, кои одбиваат да ја прифатат својата божествена суштина. Толпата е секогаш заплашена за своето парче леб и путер (доколку нејзините тирани воопшто и дозволат да има путер), а отсекогаш лебот во 60 % е замена за сточна храна. Според тоа, бидејќи се плаши не се осмелува да удри. А кога неволјите ќе започнат, ние Аристократите на Слободата, од замокот или колибата, тврдината или резиденцијата, ќе ја имаме робовската толпа наспроти нас. Весниците ќе ни укажат дека “Народот” претпочита да гладува и фала му на Џон Д. Рокфелер што го дозволи тоа.

Ovoj del ne mi e jasen pogtovo toa so Rokfeler.

Ова си го знаела. Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето. За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.

Fakt e deka fizicka smrt ima a besmrtnost ne e dokazana.

Osim sto e nepoznato dali Sonceto umira ili ke umre.

Invokacija na bitie -dali vo Telema sistemot isklucivo se koristi za priblizuvanje i kontakt so licniot angel cuvar ili i nekoi drugi se koristat ?

I kako na koj osnov se garantira potpolna poslusnost od strna na cetirite princa od demonskiot svet ,koja e simbolikata na 4 pak i sto e toa demon i demonski svet ?

najbiten ritual diganjeto na covekot vertikalno nagore sekakva druga operacija e crna magija.?

Covekot ima pravo da gi ubie tie koj gi zagrozuvaat ovie prava ?

Da umre koga i kako mu e volja ?

Zosto proslavata za smrt e najgolema?

zosto das e ubijat neprijatelite?
Zosto da se jadat ?

Zrtvuvaj stoka a potoa malo dete,no ne sega,ti ke go sogledas toj cas o zveru,ke bides tazen poradi toa,?
prokolni gi onie sto sozaluvaat,ubivaj i izmacuvaj,ne posteduvaj,bidi nad niv?
najdobra krv e od lunata ,mesecinata ,potoa sveza krv od dete,ili taa sto kape od nebesnata hostija,potoa od neprijatelite,pa od svestenik,na kraj od nekoj zver?

Ovoj del pogotovo ne e jasen ,poradi ovoj del jas licno mislam golem broj na luge ke go gledaat vo bukvalno svetlo za koe nemozam da tvrdam so sigurnost dali e bukvalno kako vo staro sabatskite rituali ili e simbolicno .

Neka vnimava skarletata zena ,ako milost zozaluvanje,i neznost go posetat nejzinoto srce,ako go napusti moeto delo za da igra so starite slasti,togas ke se znae mojata odmazda ,jas samiot ke go ubijam nejzinoto dete ,ke ja izopstam od lugeto,kako zgrbavena kurva i prezrena kurva ke polzi niz mracni i vlazni ulici i ke umre premrznata i izgladneta?

Znaenje i konverzacija ?

Set,Saturn,Typhon,Zmija dali se edna te ista rabota za planetata Saturn vo naseto sozvedie ?

Sirius koja ne zvezda vo naseto sozvedie se spomnuva deka e sonce pozadi samoto sonce i se identifikuva so Saturn,Set i Typhon ne me jasno dali to znaci deak isto e Saturn?

Jupiter,Osiris i Isus ne e jasno zosto se obozuva kako bog koga e planeta i sto e tolku bitna taa bitka za vlast do
Sonceto pomegu Saturn i Jupiter?

Zosto ako se planeti se tolkuvaat i se zbori za niv kako da se Zvezdi i Sonce?

Za koe Sonce se zbori vo tekstovite?

Za koja Mesecina se zboruva vo vasite tekstovi dali na nekoja od ovie plaenti ili na mesecinata od Zemljata?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Под “народ” се мисли на таа дволична, расплакана, ропска раса од бичувани пци, кои одбиваат да ја прифатат својата божествена суштина. Толпата е секогаш заплашена за своето парче леб и путер (доколку нејзините тирани воопшто и дозволат да има путер), а отсекогаш лебот во 60 % е замена за сточна храна. Според тоа, бидејќи се плаши не се осмелува да удри. А кога неволјите ќе започнат, ние Аристократите на Слободата, од замокот или колибата, тврдината или резиденцијата, ќе ја имаме робовската толпа наспроти нас. Весниците ќе ни укажат дека “Народот” претпочита да гладува и фала му на Џон Д. Рокфелер што го дозволи тоа.
Што не ти е јасно? Што те буни Рокфелер?
Оди гледај го светото околу тебе во Македонија... човекот се плаши за корката леб што ја глода од пусти страв...
Подобро ќе зема плата од 9000 денари отколку да застане на улица и се престави себе си како божественост со свое јас!
Тоа е: народот е дволична, ропска раса... плашливци кои мора да научат дека имаат божествена суштина!
И таквите се најлесно поткупливи, заради стравот.
И такви ќе стојат секогаш против слободата, бидејќи тие не знаат да бидат слободни!
Може ваков одговор, како јас го разбирам?
Може да го поврземе и со стравот на припадниците на старо-еонските религии, кои бираат страв само за да добијат место во рајот?
Кои се робови?
Може и така нели?
Пробајте да разберете дека без силна бестрашна индивидуа, нема да постои здрава толпа! Ќе биде стадо кое го гушело и го гуши генијот.

Ова си го знаела. Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето. За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.
Факт е дека треба да почнеш да читаш книги поврзани со Телемата и хиероглифите што се користат.
Треба сега да ти давам цитати од книги, кои пак нема да ги разбереш и ќе прашуваш - а нема да ти даде никој одговор.

Invokacija na bitie -dali vo Telema sistemot isklucivo se koristi za priblizuvanje i kontakt so licniot angel cuvar ili i nekoi drugi se koristat ?
Јас мислам дека секој акт треба да е насочен кон таа работа.

I kako na koj osnov se garantira potpolna poslusnost od strna na cetirite princa od demonskiot svet ,koja e simbolikata na 4 pak i sto e toa demon i demonski svet ?
Зборуваш за Абрамелиновата операција?
Колку ти гарантираш дека ќе ја изведеш до крај истата таа операција? Ќе го добиеш одговорот.

najbiten ritual diganjeto na covekot vertikalno nagore sekakva druga operacija e crna magija.?
Најбитен „ритуал“ е Знаење и Разговор со Светиот Анѓел Чувар.

Covekot ima pravo da gi ubie tie koj gi zagrozuvaat ovie prava ?
Da umre koga i kako mu e volja ?
Зарем ова треба да го објаснуваме?

Zosto proslavata za smrt e najgolema?
zosto das e ubijat neprijatelite?
Zosto da se jadat ?
И се останато ...
Со поставување прашалник на крајот од стиховите во „Книгата на Законот“ - не ги прави прашања, ами покажува дека треба да почнеш да читаш книги и да изведуваш ритуали. :)

Zrtvuvaj stoka a potoa malo dete,no ne sega,ti ke go sogledas toj cas o zveru,ke bides tazen poradi toa,?
prokolni gi onie sto sozaluvaat,ubivaj i izmacuvaj,ne posteduvaj,bidi nad niv?
najdobra krv e od lunata ,mesecinata ,potoa sveza krv od dete,ili taa sto kape od nebesnata hostija,potoa od neprijatelite,pa od svestenik,na kraj od nekoj zver?

Ovoj del pogotovo ne e jasen ,poradi ovoj del jas licno mislam golem broj na luge ke go gledaat vo bukvalno svetlo za koe nemozam da tvrdam so sigurnost dali e bukvalno kako vo staro sabatskite rituali ili e simbolicno .
Не можеме да се мешаме во тоа кој како ќе ги разбере стиховите.
На пример, види го коментарот на стихот поврзан со крвта:
A: menstrual blood.
B: possibly "dragon's blood".
These two kinds of 'blood' are not to be confused. The student should be able to discover the sense of this passage by recollecting the Qabalistic statement that "The blood is the life", consulting Book 4 Part III.
The 'child' is "BABALON and THE BEAST conjoined, the Secret Saviour", that is, the Being symbolized by the Egg and Serpent hieroglyph of the Phoenician adepts. The second kind is also a form of BAPHOMET, but differs from the 'child' in that it is the Lion-Serpent in its original form.
И сега како да ти објаснувам понатаму?
Ќе ме прашаш што е Бабалон, што е Ѕверот, каква е таа операција на соединување?
Тоа е Тајна! Не даваме коментари за „Книгата на Законот“ бидејќи не сакаме да се мешаме во разбирањето ваше на тие работи. Мора сами да работите.
Ќе најдете по нет некои што напишале дека е ова или она, но дали е тоа тоа што тие го пишуваат?

Jupiter,Osiris i Isus ne e jasno zosto se obozuva kako bog koga e planeta i sto e tolku bitna taa bitka za vlast do Sonceto pomegu Saturn i Jupiter?
Zosto ako se planeti se tolkuvaat i se zbori za niv kako da se Zvezdi i Sonce?
И месечината не е планета но е ставена во иста група со останатите свети планети. Тоа нема врска со месечината што е сателит на Земјата. :) Ова е езотерија и познавање на хиероглифите и пропорциите меѓу нив.
Не те разбрав во врска со Јупитер, Озирис, Исус и каква битка помѓеу Сатурн и Јупитер? :)

Za koe Sonce se zbori vo tekstovite?
Во кои текстови?
Можеби за Сонцето како Ѕвезда, во чиј ценар гори таен оган? Види ја Книгата на Законот, Второ поглавје. Или пак Гностичката Миса.
Можеби за Sol Invictvs :)

И нареден пат, помалку прашања, бидејќи ако твоите прашања се 3км, моите одговори ќе треба да бидат 27км! :)
[/quote]
 
Последно уредено:
Член од
12 ноември 2014
Мислења
40
Поени од реакции
10
Jas mislam deka treba da se soberat prasanjata i da se napravi FAQ

Rokfeler ti dali go smetas za genije ili sloboden covek zatoa sto rakovodi so covecki resursi i dali mislis deka postapuva vo soglasnost so cistata volja ?:)

Za narodot e tocno sto go rece lesno podmitliv e nema integritet,se plasi i bara vodstvo i uteha:)

Staro eonski religii ne bile site so strav druze ja kolku sto razbrav tie pred Osiris bile u harmonija :)

Hireoglifite gi spomna u koja kniga se objasneti prakticno?

Mozda ke gi razberam mozda ne,na mene e da odlucam i probam.A na tebe e kako clen na redot da upatuvas i spodeluvas , da mu sluzis na redot i covestvoto ako ti taka sakas se razbira :)

Da ali kade ima prakticna primena i e objasneto sto znaci komunikacija i konverzacija so HGA i kako se izveduva dali samo preku rituali ili nesto drugo ,treto?

Koi se tie 4 princa od demonskiot svet?

Da umre koga i kako mu e volja ?

Da za ova treba ,ako mu e volja znaci moze i fizicki da si zivee do koga saka:)

Da izveduvam rituali za da osoznaam zasto treba neprijatelite da bidat ubieni i jadeni ,nema logika:)

Ok krv definirate vie kao zivot vo novo eonska religija sprotivno od staro eonska kaj sabatskite obicaii :0

Deteto cii zivot se zrtvuva e deluvanje ili akt megu Slobodnata Zena ili Zenskiot aspekt Sonceto sin akt na incest kade sto se stvara moon child,sega vie simbolicno za zrtvuvan zivot moze da kazete deka stanuva zbor i za semen ali nema nikakvi argumenti za sto stanuva zbor :0

E sto ne me razbra za Jupiter prasav zasto e obozuvan kao bog ?

Vecita bitka za mesto polozba megu Jupiter i Set zosto e tolku bitna i vo staro eonski a i vo novo eonski religii se spomnuva :)

Zosto ako se planeti se tolkuvaat i se zbori za niv kako da se Zvezdi i Sonce?

Epa ako za Sonceto se zbori kako zvezda u cii centar gori taen ogan koj go narekuvate Hadit a Sol Invictus neli e Set ,Typhon,Saturn,Sirius ?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Има FAQ тука.

Не се заморувам со Рокфелер и слични нему. Имам премногу за завршување тука на Земјата :)
Кој рече дека старо-еонските религии се врзани само со стравот? Не се старо-еонски заради тоа... ќе научиш. Само треба да читаш Телемитска литература. Не сешто, ако навистина те интересира философијата и животот на еден Телемит.

И пак истото продолжуваш. Со поставување прашалник на крајот од цитати од нашите книги, не го сметам за прашање.

А за твоите размисли - сепак се твои, нема да ги поправаме или коментираме. Сепак имаш ум и време да дознаваш и експериментираш.

Во ниту една единствена книга ги нема хиероглифите практично објаснети. Како си ти или било кој друг, достоен да ги знаете истите? И дали мислиш дека може да ви се пренесе вистинското значење на истите во оваа сегашна ваша состојба?
Мислам дека тука игра и интелегенцијата на човекот, на неговата волја, но најмногу иницијацијата како практично објаснување на симболите.
Јас сум тука да давам патокази колку што можам - не да подучувам неиницирани во нашите тајни мистерии.
Има разлика. Не можам да ти давам одговори поставени во врска со нашите свети книги.
Имам нешто пишувано за тоа на блогот, но тоа е толку површо и оскудно што не го сметаме за проблем.
Само уште повеќе ќе те застранам така. Не бидува.

Јас сум тука да ти помогнам да разбереш според својата способност дали Законот на Телема ти лежи на срце и си волен да дејствуваш според тој закон или тоа е нешто страно за тебе. Нормално, ако можам да ти помогнам со писанијата тука и на блогот.
Сепак, одлуката е твоја... ти имаш допир со највнатрешното кај тебе ;)
Така да... тоа е тоа.
Нема друго.

4-те принца се споменуваат во Абрамелиновата операција. Тоа е изгледа онаа теорија дека мора да се надмине подземниот свет, за да се оди нагоре. Некоја рамнотежа. Но тоа ќе го бараш таму...

Многу работи немаат логика додека не ги научиш. Затоа имај пракса... имаш ритуали, работи. Ќе ти има логика. И азбуката нема логика сама по себе... но, види што се може да се создаде со неа.
Работи.

За HGA и постигнување на истото ќе видиш во Магика - Книга 4, Разбудениот свет, Liber 418, Срце обвиткано со Змија, исто така кабала итн...
Има многу патишта, но никој нема да ти каже кој е Патот, бидејќи тоа е интимна работа . Да, работа како што ви велам и јас. :)
Види ја One Star in sight ;)

Посочи книга каде тоа се споменува Јупитер и Сет? Во кои тоа книги го има? Немој само Тифониското О.Т.О. и Грант...
Јупитер е од друг пантеон во споредба со Сет. Нели... :)
Мене единствено што ми текнува е оној проклет дуализам на + и -, на Исус и Сатана, на ниското со високото... собрано од различни системи..
И Јупитер и денес се обожува, од некои.
И има разлика Јупитер како бог и Јупитер како една од седумте планети.
Опасно е да ги мешате нивоата на магиска работа.

Што има Хадит со Sol Invictvs, не те разбрав... Ниту пак што има Sol Invictus сo Сет?

П.С. Како го разбираш Законот на Телема? Во две три реченици - кратки. Онака, даден во нашите свети книги од класа А.
 
Последно уредено:
Член од
12 ноември 2014
Мислења
40
Поени од реакции
10
И пак истото продолжуваш. Со поставување прашалник на крајот од цитати од нашите книги, не го сметам за прашање.

Ne go smetas za prasanje ,dali e toa poradi zabranata sto ja imas da ja komentiras knigata na zakonot ili pak imas nekoe drugo znaenje i tolkuvanje koe sakas da go spodelis zasto ne treba da ja komentiras i ispituvas ?

A da i zasto treba da se zapali otkako ke se procita?

И дали мислиш дека може да ви се пренесе вистинското значење на истите во оваа сегашна ваша состојба?

Mislam deka moze segasnata sostojba ne trajna pa da nemoze cekoj pat e razlicna :)

Cekaj sega malce intelegencija na voljata ok,no posle kazuvas deka najkljucen faktor i najbiten e иницијацијата како практично објаснување на симболите -ova bi go ispital kako moze ako nekoj ne vo polna parea so intelegenicjata na voljata i ne ja koristi dovolno da preku inicijacija razbere nesto mi nema logika toa da e pobiten del i da donese razbiranje so samoto toa sto ke se projde kroz inicijacija :)

Dali vasite tajni se samo i iskljucivo za inicirani ,zosto ne se za site ?

Dali e coveckata indivuda uslovena da gi doznae tajnite misterii da mora da projde kroz inicijacija i da se zaclenuva zarem toa ne e covecko pravo i sloboda na sekoja individua ?

Zosto nemozes da davas odgovor ,dali postoi strav od dogmatiziranje,razapnuvanje ,pogresno razbiranje i tolkuvanje koe ke dovede siroki masi da ve napadnat i da vi ja narusat slobodata na postoenje :)

Heheh si pisuvas po blogcinja :)

Nemozes da znaes dali ke me zastranis ili ne ako ne se vpustis vo prijatelski odnos na komunikacija,integritet ,nepreistrasno i bezuslovno spodeluvanje :)

Ok ako razbiram nesto spored svoja sposobnost i odgovrnost,ne gledam potreba od nadvoresen faktor na uteha i podrska kade i kako da prodolzam ili dali dobro rabotam si go imam kako kaza vnatresnoto koe smetam deka vodi kon razotrkivanje na rabotite bez razlika dali nekoj nadvoresno prosol inicjacija ili ne .Ima dosta poedini slucai na individui koi gi razbrale misteriite bez da bidat inicirani ili da progaat kroz skalilo na inicijatorski krugovi :)

Мене единствено што ми текнува е оној проклет дуализам на + и -, на Исус и Сатана, на ниското со високото... собрано од различни системи..
И Јупитер и денес се обожува, од некои.
И има разлика Јупитер како бог и Јупитер како една од седумте планети.
Опасно е да ги мешате нивоата на магиска работа.

Pa zatoa ti zborev de :)

da i denes tacno ,bogami opasno e da se mesaat nivoata na magiska rabota i zatoa baram da cujam vase tolkuvanje i objasnuvanje za tie raboti.Tocno za toa i ti zborev sto go spomna Isus i Satantata na hristijanski kazano :)

Pa so Sol Ivictus neli e Sirius ili Saturn,Set?

Hadit neli e jadroto vnatre vo nas i vo zvezdite i vo se.

Zakonot na Telemata ako me prasuvas za cela kniga na zakonot nemozam da ti ja kazam u tri recenici no ako me prasuvas za sloganot Love is the law ,love under will .Mozam da kazam deka ima dubina ako se posmatra i navleze dlaboko ,celosno ,nepristrasno ,bez dogmi i ideaologii,bez strav samiot toj slogan ja prikazuva sustinata dokolku se glade jasno i nepodeleno :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Цитирај во иднина, за да знам дека пишуваш тука... :)
И пробај да пишуваш кирилица... заморува ова латиницава.

Имам друго знаење кое не е мудро да го споделувам тука. Забрането е да се толкува Книгата на Законот на други (посебно на профани) од проста причина што ќе роди догматизам или онаа чудна човекова природа да се повикува некој на нечие мислење за да го подржи своето. Можеби и тотално неразбирање кое ќе направи само штета за оној што ја чита и сака да ја разбере Книгата на Законот.
Има доволно коментари од Кроули на многу места за да може секој да разбере.

А и сакаме да го потикниме поединецот самиот да ги разбира работите, не се да му е сервирано.
Од тоа нема да произлезе ништо добро.

За палењето: има нешто во огнот сигурно па затоа. Како да ја запалиш Liber AL ако за прв пат ја читаш на нет? :) Ќе го запалиш мониторот? :)
Јас напишав: Мислам дека тука игра и интелегенцијата на човекот, на неговата волја (волјата на човекот), но најмногу иницијацијата како практично објаснување на симболите.
Јас сум тука да давам патокази колку што можам - не да подучувам неиницирани во нашите тајни мистерии.

Лошо си ме разбрал во врска со болдираното.

Не постојат поедини случаи кои разбрале било што а да не се иницијанти (тука не мислам иницијанти во одредена тајна школа). Тоа е лага на оние кои немаат волја или храброст да бидат иницирани и да ги надминат искушенијата.
Не гледам дека некој некаде рекол дека ќе добиеш утеха за било што.
Запишано е:
.’. Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму. - Liber LXI

Кога ќе поминеш една иницијација ќе разговараме лично за тоа, сега е излишно тоа.

Уште малку 5 години ќе направам како основач и автор на телемитскиот блог Хептаграм XI.

Можам да знам многу според прашањата и комуникацијата со тебе...
Безусловно споделување рековме има до оние граници до кои нема да дојдеме во конфликт.
Запишано е и ова:
.'. Тебе, кој сеуште скиташ во Дворот на Профаните сеуште не можеме да ти откриеме се; но лесно ќе разбереш дека светските религии се само симболи и превези на Апсолутната Вистина. Исто како и философиите. За посветеникот, кој сиве овие работи ги гледа одозгора, не постои потреба за избор меѓу Буда и Мухамед, меѓу Атеизам и Теизам. - Liber X

За ова не ти треба објаснување нели. Може да се примени за било која работа, не само за религиите и философиите.

da i denes tacno ,bogami opasno e da se mesaat nivoata na magiska rabota i zatoa baram da cujam vase tolkuvanje i objasnuvanje za tie raboti.
За да „чуеш“ наше толкување и објаснување за магиката ќе читаш Телемитски книги и ќе пробаш магика. :)
Ќе разгледаш што има на мојот блог, што има тука на форум...
Може да дојдеш на некои идни јавни предавања итн итн..
Има начини...

Може и да напишеш мејл до Оазите во Скопје и Прилеп... секако може ако навистина те интересираат нашите мистерии и да добиеш одговор.

Она на крајот нема да го коментирам. Sol Invictus е Непобедливо Сонце. А за тебе може да значо сешто.
Сириус е интересен систем од ѕвезди. А и најсветла е мислам...

Исто и Хадит. Во втората глава на Liber AL пишува доволно за Хадит.

Ок. Штом не можеш во три реченици да кажеш за Законот, преку муабет ќе дознаеме повеќе, нели...
 
Точно дека можеш да знаеш многу ,но пак тоа знање ке биде ограничено затоа што има слика и субјективен поглед :)

Ако има граници споделувањето ни по што неможе да биде безусловно .
 
Границите се во капацитет на човекот да осознава.
Што мислиш, зошто метафорите се толку ефективни? Затоа што симболиката - алегоријата е најдобриот начин за соопштување на ситуација или искуство кое слушателот го нема.
Еве ќе се обидам преку метафора да ти ја објаснам улогата на мефаорите и симболите. Замисли дека и јас и ти знаеме што е вода и знаеме што е змија, но само јас сум видел река. Јас сакам да ти пренесам што сум видел, и за таа прилика морам да се послужам со она што ни е заедничко искуство, нешто кое и на двајцата ни е познато. Поради ова, јас можам реката да ти ја опишам како вода што има облик на змија и се движи. Но дури откако ти ќе ја видиш реката со сопствени очи, ќе ја дознаеш Вистината, и ќе знаеш дека иако јас сум ти објаснил како што е, сепак не би Знаел, доколку не видиш самиот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.164
Нема граници, безусловно споделувам со тебе онолку колку што треба без да ги нарушам моите заклетви кои сум ги дал при моите иницијации, а сепак да се обидам да ве потикнам на истражување. :)
Да не се повторувам...

Како да ти објаснам јас тебе за Хадит?
Ме прашуваш „Epa ako za Sonceto se zbori kako zvezda u cii centar gori taen ogan koj go narekuvate Hadit a Sol Invictus neli e Set ,Typhon,Saturn,Sirius ?“

Кои се тоа „ние“?
Зошто Сонце го пишуваш со голема буква?
Каде прочита „ние“ да велат „Сонцето како ѕвезда у чиј центар гори таен оган го нарекуваат Хадит“?
Каков центар?
Каков е тој таен оган кој ти го спомна?

И што има Sol Invictvs со Сет, со Хадит со Сонце (со голема буква) во Телемата?
Бидејќи сонцето е ѕвезда?

Јас се мислам дека ти имаш одбивност кон О.Т.О. и Телемата и изворот на инфо за Телемата ти е се, само не наши книги. Не знам зошто така мислам, некое чувство... :)
Поправи ме ако грешам некаде во оваа моја констатација.

Наместо тука да прашуваш, треба себе си да се прашуваш во врска со „Книгата на Законот“.

Може ја различно ке видам или доживеаам од тебе,затоа сметам дека сите метафори и симболи се сувишни него доловуваат доживувањето ,како сто рече сам треба да го увидиш и изодиш:)[DOUBLEPOST=1417899734][/DOUBLEPOST]
Нема граници, безусловно споделувам со тебе онолку колку што треба без да ги нарушам моите заклетви кои сум ги дал при моите иницијации, а сепак да се обидам да ве потикнам на истражување. :)
Да не се повторувам...

Како да ти објаснам јас тебе за Хадит?
Ме прашуваш „Epa ako za Sonceto se zbori kako zvezda u cii centar gori taen ogan koj go narekuvate Hadit a Sol Invictus neli e Set ,Typhon,Saturn,Sirius ?“

Кои се тоа „ние“?
Зошто Сонце го пишуваш со голема буква?
Каде прочита „ние“ да велат „Сонцето како ѕвезда у чиј центар гори таен оган го нарекуваат Хадит“?
Каков центар?
Каков е тој таен оган кој ти го спомна?

И што има Sol Invictvs со Сет, со Хадит со Сонце (со голема буква) во Телемата?
Бидејќи сонцето е ѕвезда?

Јас се мислам дека ти имаш одбивност кон О.Т.О. и Телемата и изворот на инфо за Телемата ти е се, само не наши книги. Не знам зошто така мислам, некое чувство... :)
Поправи ме ако грешам некаде во оваа моја констатација.

Наместо тука да прашуваш, треба себе си да се прашуваш во врска со „Книгата на Законот“.
Да сам треба да си се прашувам,хадит и сонцето кој се опишани во книгата на законот.Одбивност немам зашто би имал не сум условен со религиска доктринација ,политичка или филофска .Мислиш така бидејки поставувам многу прашања и дека имаш мислење за мене па од таму и имаш проекција на чуство .Непобедливото сонце е сатурн или сет .
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Може ја различно ке видам или доживеаам од тебе,затоа сметам дека сите метафори и симболи се сувишни него доловуваат доживувањето ,како сто рече сам треба да го увидиш и изодиш:)
Точно. Тоа е поентата да не се толкува на други.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom