Законот на Телема

Член од
4 јули 2014
Мислења
287
Поени од реакции
74
Значи само ако слушнеш за истиот, тој е полутаен или уште како што рече-јавен!? Не си свесен колку ова е нелогично. Но добро. Како дојде до овие заклучоци? :)

Spored toa kakvi informacii ,soznaninja imas ili nemas takvo ti e i viduvanjeto na redot :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Што значи дека сепак волјата ја ставате над љубовта. Односно тоа “божја волја“ што е кулминацијата кај политеистичките религии сте го свртеле кон човекот односно “сопствената волја“ (кое според мене е многу пологично). Но сепак ме интересира, дали Круоли го дефинирал тој поим? И нормално, како? :)
А сепак да најдеш време да читаш книги, а не вака да даваш размисли од ракав. Што да ти кажам со вакви претпоставки? Ако почнам да ти раскажувам тука, ќе испадне ете, Хепта пак е гуру - зошто не најдеш време да читаш? Немаш ни саат време слободен во денот?

Не знам како очекуваш да добиеш одговор за Љубовта, од друг човек! Ти реков Liber AL vel Legis има се што ти треба + има уште неколку книги кои ќе ти доловат доволно за да разбереш барем мала искра од Законот.

Бидејќи немаш време да читаш:

“Љубовта е закон, љубов под волја” е интерпретација на општиот закон на Волјата. Тоа е целосно изложено во Книгата Алеф.

Исто:
Секоја активност или движење е акт на љубовта; соединување со едниот или другиот дел од „Нуит“; секој таков акт мора да биде „под волја“, избран така да исполни, а не да ја препречи вистинската природа на даденото битие. - Вовед во Книгата на Законот

И нормално:
Тоа треба да се сфати во ова значење: додека Волјата е Закон, природата на таа Волја е Љубов. Но таа Љубов всушност е нуспродукт на Волјата; таа не е во контрадикција со Волјата, ниту ја истиснува; и ако се појави привидна контрадикција во некоја криза, Волјата е таа која ќе не поведе по правиот пат. Погледни, иако во Книгата на Законот се говори многу за Љубовта, таму нема ниту еден збор за Сентименталноста. Омразата е речиси еднаква на Љубовта! Борбата е сосем сигурно љубов! “Како браќа борете се!” Сите мажествени раси на овој свет го сфаќаат тоа.
- Liber II

Сакате да научите за Љубовта, а не знаете ништо за вашата Волја!

И зошто прашувате работи кои може сами да ги дознаете и научите само ако одвоите малку време за вас?
Чудно.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Не реков дека немам воопшто време за читање. Оваа година имам +40 книги, но конкретно немам (воопшто) време овој период од годината. Се менува времето, се менува и личноста. :)

И да ти одговорам и на последното прашање. Дали јас можам да ги пронајдам неколкуте значења на поимот “ѕвезда“, и истовремено да ја сфатам и дефиницијата зададена од Круоли за истиот збор (збор) во своите книги!?. Затоа прашав, дали и за овој поим имате свое сфаќање поради тоа што е дел од вашиот законик. Ништо страшно/лошо, нели? :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Ах друже, ако од тие 40+ книги, ниту една не е со телемитска содржина, тогаш ништо. Џабе е.
За темава, да џабе се тие 40 книги ако не прочитал ништо за философијата на Телема, а доаѓа овде и прашува сешто. Не мора и ти да заморуваш со сарказам, знаеш.

Он:
Еве нешто заборавено: Системот на О.Т.О. - ова е извадок од „Магика без Солзи“ од А. Кроули. Книгата содржи писма адресирани до една негова колегиница во водите на магиката!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
За темава, да џабе се тие 40 книги ако не прочитал ништо за философијата на Телема, а доаѓа овде и прашува сешто. Не мора и ти да заморуваш со сарказам, знаеш.

Он:
Еве нешто заборавено: Системот на О.Т.О. - ова е извадок од „Магика без Солзи“ од А. Кроули. Книгата содржи писма адресирани до една негова колегиница во водите на магиката!
Морам да ти реплицирам затоа што дел од коментарот се однесува на мене.
Прво викаш читање саат-2. Потоа следува “фрлање“ во вода на +40 книги само затоа што не се поврзани со Телемата. Што по некоја логика сметаш дека сите треба да читаме во врска со она што сакаме да го дознаеме односно во конкретниот случај со Телемата. Има логика не викам дека нема. Но исто така рече дека треба да се прочитаат уште неколку помошни книги за да се разбере Книгата на Законот. Уште од старт велам дека немам време, но тоа, нели, не значи дека не би ги прочитал во иднина (или препрочитал Книгата на Законот). Покрај тоа повторно ќе кажам дека треба да си навлезен во оваа философија за да ја сфатиш. Јас прв пат слушнав и прочитав нешто во врска со Телемата месеци откако се зачленив. Ја прочитав книгата на Законот лани, и не ја разбрав. Има поими кои треба да се објаснуваат како на пример магика која е уникатен поим, или пак Нуит која исто така е уникатен карактер (работи кои веќе ти и Ипси убаво сте ми ги објасниле). Со читање на неразбирливи работи ништо не се постигнува, нели? :)

Дали прашувам сешто? Не, прашувам основни работи со цел полесно да ја разберам основната книга на која се потпирате со цел да ви влезам во логиката, кога веќе сте на форумов. Зошто да нема квалитетна дискија? Е сега, ако сакаме квалитет треба да има и квантитет т.е. прочитани книги во врска со темата. Но пак ќе се навратам на тоа дека се се гради со основата. :)

пи.ес. Ме интересира, дали со првото читање ја сфати Книгата на Законот? :)
пи.ес.ес. Немој да мислиш дека одам на кавга или нешто слично. Напротив баш сакам една нормална комуникација. ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
пи.ес. Ме интересира, дали со првото читање ја сфати Книгата на Законот? :)
пи.ес.ес. Немој да мислиш дека одам на кавга или нешто слично. Напротив баш сакам една нормална комуникација. ;)
Во самиот вовед на Liber Al е нагласено дека станува збор за шифриран текст или криптограм. Значи станува збор за симболика. Дали и од кое читање некој ќе ја свати, зависи од тоа колку од своето разбирање и сознанија за природата на реалноста ќе препознае во оваа симболика.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
пи.ес. Ме интересира, дали со првото читање ја сфати Книгата на Законот? :)
пи.ес.ес. Немој да мислиш дека одам на кавга или нешто слично. Напротив баш сакам една нормална комуникација. ;)
Што, ти не ја разбра „Книгата на Законот“ после првото читање? Не најде некоја порака која како да е упатена за тебе? :)

Со првото читање дознав дека Законот на Телема е за мене. И јас прв пат кога ја читав, не претрчав преку Законот само за да кажам дека сум го прочитал. Првото поглавје, еден ден. Второто исто. Третото, нормално, исто! Три дена пишувана, три дена читана! :)
Што мислиш, се разбира повеќе така отколку на брзинка читање и барање логика по брза постапка.

Со наредните читања секоја порака од Liber AL ја сметав за директна порака упатена кон мене, и разбрана колку што ми дозволуваа тие млади години кои ги имав тогаш. Секое погрешно интерпретирање - носеше веднаш „казна“, инстант „карма“ во моето дејствување тука на Земјата меѓу луѓето :)

Секоја наредна книга која доаѓаше постојано ме навраќаше на Законот и како практично да се применува во општеството кое како што гледаме, не е баш едноставно.

П.С. И прашуваш сешто бидејќи да читаш и да си запознаен со философијата на личноста позната како Кроули, ќе поставуваш други прашања. Можеби и нема да поставуваш воопшто прашања. И не поставувајте прашања во множина. :) Што мисли еден Телемит за Љубовта има мнооогу одговори... :)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.329
Поени од реакции
8.933
Дали и Оriflamme доаѓа од orifice's flame (вагинален пламен) со оглед на поставеноста на путирот со пламен во мандорлата?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали и Оriflamme доаѓа од orifice's flame (вагинален пламен) со оглед на поставеноста на путирот со пламен во мандорлата?
Не сум истражувал за потеклото на зборот орифлејм, ако најдам информација во врска со него, ќе ја споделам овде.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Дали и Оriflamme доаѓа од orifice's flame (вагинален пламен) со оглед на поставеноста на путирот со пламен во мандорлата?
Ако мешаме јазици, посебно транскрипција ќе добиеме и God дека е Гад! Нели...
Повели за oriflamme.

А да, има и таков весник, започнат 1902, во кој што после 10 години за прв пат отворено се зборува за О.Т.О. ! Исто и Препород на Магиката и други есеи од Кроули е всушност Oriflamme, ако може така да се каже :) Достапна е на македонски јазик.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.081
Поени од реакции
12.054
Темата е Телема... за кабала има тема. Чекај на темата таму за да некој ти одговори.

И додека прашуваш, прочитај ја книгата па сподели на темата за кабала, дали има нешто интересно во таа книга :)

На темата:
Ете ви линк до познатата публикација на A.'.A.'. позната како Еквиноксот! Ќе најдете од каде се препишуваат денешните „мудреци“ кои не наведуваат од каде им се информациите и кои се цитираните дела во нивните книги ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Your friends will notice at once that glib vacuities fail to impress, and hate you, and tell lies about you. It's worth it.

Aleister Crowley, Magick Without Tears.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.329
Поени од реакции
8.933
На темата:
Тука може да го прочитате Гностичкото кредо на EGC, кое што е извадок од Гностичката Миса или Liber XV!
Дали јас не гледам убаво но никаде не најдов да се споменува Водата во Гностичкото кредо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom