Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Нуит - Универзумот не нуди ропство, само искуство и радост. Си пишува во „Книгата на Законот“, прво поглавје, каде што Аиваз го објавува зборот на Бесконечноста.

Погрешен став имате дека универзумот ве мрази и ве зароува и дека вие ќе се ослободите од универзумот „ако умот ми е мирен како море“ и ако се молите на некаков си бог или пак ако се постигне таа многу зборувана нирвана ќе излезете од кругот на инкарнација (ако воопшто знаеме дека постои) која е сепак дел од Универзумот. Лага измешана со философијата на „умирачките црни богови“. Бегајте од такви размисли.
Праксите се дадени за да бидеш дел од Нуит со максимални искуства кои ќе ве направат богови, кралеви или што и да е вашиот хиероглиф за постигнувањето.
Универзумот не прави ништо во поглед на Хадит (не може да ја заврши работата на Хадит). Хадит е бесконечна мала точка која мора да ги има сите можни искуства за да го зголеми својот универзум. Од тука следуваат и праксите!
За да знаеш кој настан е најсоодветен во дадениот момент потребно е пракса. Инаку, ќе се греши и ќе се талка.
Нашите пракси се поделени на две патеки: јога и магика.
 

Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
Ропство постои само во светогледот на оние, чиј креатор ги создал со волја спротивна на тоа што го бара од нив. Чистата Волја е твојата суштина, да ја следиш значи да бидеш тоа што си, тоа во никој случај неможе да биде ропство.
Да "развиеш сопствена волја" никој не ти брани, но тогаш ќе навлезеш во слепи улички кој неводат никаде, ќе се обидуваш да бидеш нешто кое не си, а тоа неизбежно води до страдање.
:cuc:
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Нешто за оние форумски колеги, кој својот потенцијал и енергија ги насочуваат да докажат колку е погрешно тоа што не го разбираат, или колку малку знаење и вредност имаат оние кој се цел на нивните "отровни стрели":

Вредноста на секое суштество се одредува преку преку квантитетот и квалитетот на оние делови од универзумот, кои ги има откриено и кои оттука ја сочинуваат неговата сфера на искуство. Таа расте преку проширувањето на ова искуство, по пат на зголемување на оваа сфера. Во случајот на две суштества кои поседуваат мало или никакво заедничко искуство, взаемното разбирање очигледно е невозможно.

*******************************************************​

Како општо правило, значи колку е поголем збирот на истовремени искуства на кои било две суштества, поголема е веројатноста за нивно општо согласување. Оттука, во одреден момент од развојот многу веројатно е дека едно суштество ќе го разгледува секое несогласување со себе како дефинитивна грешка, а тоа е крајно важен стадиум во напредокот да се заземе навикнат став на умот кој сваќа дека секое различно гледиште на дадено прашање не се должи на морално застранување, туку на поголема разновидност од усвојливи искуства. Таквите личности растат на многу посебен начин кога ќе научат да ги пречекуваат различните гледишта и спротивставени искуства и кога ќе бараат да ги асимилираат, разбирајќи дека ова е најдобриот можен начин со еден удар да се стекнат многу нови искуства наместо да се поминува детално низ нив.


Целиот текст тука
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
„The Supreme and Complete Ritual is therefore the Invocation of the Holy Guardian Angel; or, in the language of Mysticism, Union with God.

All other magical Rituals are particular cases of this general principle, and the only excuse for doing them is that it sometimes occurs that one particular portion of the microcosm is so weak that its imperfection of impurity would vitiate the Macrocosm of which it is the image, Eidolon, or Reflexion.

For example, God is above sex; and therefore neither man nor woman as such can be said fully to understand, much less to represent, God. It is therefore incumbent on the male magician to cultivate those female virtues in which he is deficient, and this task he must of course accomplish without in any way impairing his virility.
It will then be lawful for a magician to invoke Isis, and identify himself with her; if he fail to do this, his apprehension of the Universe when he attains Samadhi will lack the conception of maternity.

The result will be a metaphysical and — by corollary — ethical limitation in the Religion which he founds.
Judaism and Islam are striking example of this failure.“

- Магика, Книга 4, Магика во теорија и пракса
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Телема – За должноста

„Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Нема Закон над Прави што ти е волја.
…ти немаш право освен да ја извршуваш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
Љубовта е закон, љубов под волја.
Секој маж и секоја жена е Ѕвезда.“ – извадоци од „Книгата на Законот“
  1. Должности спрема самиот себе си
    • Сфати дека ти си средиште на својот сопствен Универзум.
    • Истражи ја Природата и Моќите на своето сопствено Битие.
    • Развиј ја во соодветна хармонија и пропорција секоја способност што ја поседуваш.
    • Контемплирај за својата сопствена Природа.
    • Пронајди ја форумулата на оваа цел или „Вистинската Волја“ во еден израз колку што е можно поедноставно.
    • Прошири го до крајни граници опсегот на својата свесност и нејзината контрола над сите сили кои се туѓи.
    • Никогаш не допуштај мислите или волјата на кое било Битие да се вмешува во твојата сопствена.
    • Немој да го пригушуваш ниту ограничуваш ниеден вистински инстинкт на твојата Природа туку посвети се до совршенство само во служба на твојата Вистинска Волја
    • Радувај се’!
  2. Твојте должности спрема другите поедини мажи и жени
    • „Љубовта е закон, љубов под волја.“ – I:57
      „Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ – I:12
    • „Како браќа борете се!“ – III:59
      „Ако тој е Крал ти не може да го повредиш“ – II:59
    • Избегнувај го секое вмешување во другите волји.
      „Внимавајте никој да не го присилува другиот, Крал против Крал!“ – II:24
    • Настојувај ако ти е по волја да ги просветлиш другите кога ќе ти се укаже прилика за тоа.
    • Обожувај се’!
      „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – I:3
  3. Твои должности спрема човештвото
    • Воспостави го Законот на Телема како единствен темел во однесувањето.
  4. Твои должности спрема сите други битија и работи
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Ипси, го знаат веќе блогот, тие што ги интересира си доаѓаат постојано. Доста им е од блогот на темава, да не ги силуваме да читаат тоа што не им се чита...
Доволно е...
А и може да реагираат модераторите...

П.С.
Може да им вадиш во иднина цитати од блогот во темата Алистер Кроули во подфорумот Мистерии ако ти се чини тоа ок.
Можеби ќе им текне Кроули да иде во философија наместо во мистерии... :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Било је то некад....сега е време за фини нешта. Следи ја "струјата" иначе изгина под притисок на минатото.
Па така де... секој со своите фини нешта... :)
Current 93 :) Има и таков бенд... провери си го.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Па така де... секој со своите фини нешта... :)
Current 93 :) Има и таков бенд... провери си го.
Kaj ги најде овие бе.....луциферијанци :), јас за фини нешта ти објашњавам, кај што си ти и музиката. Не е*** никаква жива сила. :) не те интересира ништо....те нема уствари.
За ладење на муда увек ќе има некој, не е тешко да се најде....како и да е.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Јас така велев кога ми рекоа, слушни ги Behemoth... ах :)
Музика... телема... ритуали... месечини... ѕвезди... бесконечности...
И нормално, броеви во 10 000 светови. :свиркам:
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Јас така велев кога ми рекоа, слушни ги Behemoth... ах :)
Музика... телема... ритуали... месечини... ѕвезди... бесконечности...
И нормално, броеви во 10 000 светови. :свиркам:
Да се чудиш....ама секој со својата ѕвезда. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom