Добро бе шо е ова работа, во време на оваа сиромаштија и немаштија луѓево одат на задушници со полна кошница. И то не е само овој ден повеќе дена во годината има задуши. Им текнало на некои на гробишта се одело на 8 Јануар, после на вториот ден Велигден, на Духовден двата дена, на Поклади (прочка) на Богородица 28 август. Ако треба и последниот динар ќе го дајт и ако требат и пари ќе побарат на заем, ама на гробишта мора да одит. Нема правило кој ден се оди на гробишта, а кој не. Секој кога си сака, кога си можи... Овие работи само во Македонија и Србија ги има. Другиот православен свет Русија, Украина, Белорусија, Грузија, Ерменија не верувам дека ги прават тие работи...
И како можи секој град и секое село да има свои адети. И сите кажуваат вака е правилно така е правилно, а уствари ништо никаде не е правилно тоа што го прават. Битола има адети за шест недели на покојниот да се раздаваат кошули и тоа строго со бела боја и требало да се предаваат преку гробот еден наспроти друг. И други работи во Битола освен кошули требало да се раздаваат и сервиси за кафе и пајнци... И тоа различни адети Битола во градот, Новаци други адети, Могила други адети... Пак во Струшките села адетите од денот на умирачката па се до шест недели секој ден да се одело. После до една година секоја недела да се оди...
А и многу претеруваат со тоа откако ќе почине човек. Дента ручек за двесте души, после следниот ден будење, па девет дена, па шест недели, (некаде и 3 недели има), три месеци. шест месеци, девет месеци, година, две години (некаде година и пол и две и пол години па се до три години. И одење на визита на покојниот (пример се вика Крсте и одат на 27 септември, се вика Никола и одат дента на 19 декември... И што постигнуваат со тоа ќе ги станат ли покојните со толку храна носење? Сето тоа од на гробот ќе го изедат чавките, гавраните и кучињата скитници.
Треба да се гледа да се рани човек додека е жив. И парите што се трошат на такви работи, најпаметно е да се збираат за убави работи веридби, свадби, крштевки...