Задушница не е гробна гозба

Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Свештениците на МПЦ ги повикуваат граѓаните да престанат со таквото одржување, бидејќи тоа претставува непотребно расипништво. Задушница или Духовден се верски празници со кои двапати годишно им се одава почит на починатите. Но, почитта не треба да се изразува преку раздавање храна на гробовите на покојните.
Треба да се прави разлика со празнувањето на Задушница и Духовден тоа не е исто. Задушница се прави за спомен на починатите, а Духовден (Педесетница) е празник на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите.

Педесетница 07/06/2009

Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за Христовото испраќање на Светиот Дух врз апостолите. Ова е крајно радосен, извонреден и утешителен настан. Куќата во која тие пребиваат еднодушни одеднаш е преисполнета со шум од небото, сличен на силен ветар, а разделени јазици, како огнени, се спуштаат врз секого од учениците. Од ова тие се исполнуваат со Дух Свети и почнуваат да го благовестат Евангелието на разни јазици, онака како што Светиот Дух им даваше да изговараат. За разлика од мистиката на Успението на Пресвета Богородица, на пример, при доаѓањето на славата на Господ и другите одондестрани и чудесни појави кое им се открива како видение на некои од присутните, настаните на Педесетница стануваат очигледни за сите, не само за достојните. За да ги видат, на ерусалимјаните не им беше неопходен духовниот вид, иако на виденото не дадоа сите еднаков духовен одговор. Значи, зборувањето на сите јазици на кои луѓето од Ерусалим зборуваа (бидејќи во него живееја дојденци од разни краеви) едни го гледаа како прекрасно чудо, други како знак на пијанство. Петар вдахновено го објаснува настанот и ги упатува на пророштвата за овој настан до Избраниот народ дојдени преку Пророкот Јоил. Благовеста на Петар допре до срцата на многубројните луѓе што го чуја и тие го примија покајанието заради името на Исуса Христа. Во тој ден се крстија и присоединија кон Црквата Христова околу три илјади души. Оттогаш наваму Педесетница се смета за роденеден на црквата Божја. За првпат по падот човекот ипостасно Го прима Светиот Дух и ја добива полната и реална можност да живее според благодатта.
 
Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Секакви глупости сум се изначитал на форумов ама ова е врв. Од каде бе сега почнаа атеистите да објаснуваат и да критикуваат како треба да се однесуваат верниците кога 99,99 посто од вас појма немаат што всушност претставува христијанската религија и како се слават празниците.
Најголем број од вас се изнаплукавте по црквата, свештените лици и воведувањето на верско образование а сега се правите паметни и се знаете.
Што се нема да дочекам да видам, може еден ден и атеисти ќе проповедаат по цркви...бог да чува.
Ова ваљда на мене се однесуваше... пошо нели, ја сум атеист и ја ја отворив темава...

Ко шо гледаш воведниот текст е преземен од Дневник и има и свештени лица кои ти објаснуваат...

А зошто се заинтересирав, ја атеистот, за проблемов...
Хмм, викаш и дека појма сме немале што всушност претставувала христијанската религија и како се славеле празниците...

Епа вака чисто информативно... повеќето атеисти станале атеисти само поради тоа што имале повеќе појма од најголемите „верници“ кои се чукаат в гради а всушност ни Библија прочитале ни нишо... и имаат вакви пагански адети...

Наместо фала да ми речеш ти...:tv:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
771
Ми се допаѓа тенденцијата на црквата да влијае за општото добро од религиски аспект, преку медиумите. Но, нека земат во предвид дека адетите се имаат измодифицирано и превртено заради трендот, а не заради тоа што верниците се пагани. Типичен пример е вапцањето на јајцата, кои треба да се само црвени. Нема да окарактеризираме како неверник, некоја мајка, која за да го усреќи расплаканото дерле по дома, му залепила сликичка ,,Дигимон" на велигденското јајце... Така и овде, не можеш никому да му забраниш да си го тера адетот (пред се` семеен, бидејќи повеќето адети не сме ги учеле од Библијата туку од нашите баби и дедовци), но добро е да се знае, како е правилното и прописното одбележување на празниците.
 
Треба да се обрне внимание и на суштината на тие „адети“. Честопати ние луѓето ги поврзуваме, односно и ги препишуваме на Црквата. Дел од нашите обичаи кои се жал сеуште се практикуваат се превземени од паганизмот, а сега ние ги правиме како нешто религиозно, „оти ако не го направиме тоа Бог ке не казни“. Никаде низ житијата на Светите Отци не сум сретнал нда пишува нешто во врска со тие „адети“, тие иако не се во никава врска со Црквата сепак постојат, нескам да ме разберете дека одам директно против нив кој сака може да си ги почитува но дека е тоа семеен обичај а не своето незнаење што прави да го префрлува на Црквата.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Никаде низ житијата на Светите Отци не сум сретнал нда пишува нешто во врска со тие „адети“, тие иако не се во никава врска со Црквата сепак постојат, нескам да ме разберете дека одам директно против нив кој сака може да си ги почитува но дека е тоа семеен обичај а не своето незнаење што прави да го префрлува на Црквата.
Па ако е семеен а не црковен (христијански) обичај не знам што црквата има да сугерира кој како да го одбележува и колку и што да јаде.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Па ако е семеен а не црковен (христијански) обичај не знам што црквата има да сугерира кој како да го одбележува и колку и што да јаде.
Треба да се внимава точно која Црква го вели тоа, бидејки живееме во вреем со многу „цркви“.Ако мисите на постењето тогаш тоа е друга работа. А Црквата тоа што не е вред јавно ке го каже.Не сите обичаи се пагански, и дел од нив се прават само од традиција без некакво значење, а може да ги прашате луѓето што ги прават, што прават тешко дека некој ке ви даде одговор.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Треба да се обрне внимание и на суштината на тие „адети“. Честопати ние луѓето ги поврзуваме, односно и ги препишуваме на Црквата. Дел од нашите обичаи кои се жал сеуште се практикуваат се превземени од паганизмот, а сега ние ги правиме како нешто религиозно, „оти ако не го направиме тоа Бог ке не казни“. Никаде низ житијата на Светите Отци не сум сретнал нда пишува нешто во врска со тие „адети“, тие иако не се во никава врска со Црквата сепак постојат, нескам да ме разберете дека одам директно против нив кој сака може да си ги почитува но дека е тоа семеен обичај а не своето незнаење што прави да го префрлува на Црквата.
Соема точен одговор...сето ова се последици на паганизмот кој некако се проткајал низ Христијанството..дури ми е одвратно да помислам дека луѓето ја оставаат храната на гробовите за душите на покојните...
Проблемот се сепак црквите....ако молчиш значи се согласуваш....треба да ги упатат луѓето...не да го маскираат сето тоа под велот на традицијата и обичаите...туку одречно да го класифицираат како паганство и да им објаснат на разните бабички дека ова е погрешно...Уште пострашно е што денот треба да биде посветен на нешто сосема друго...слегувањето на Светиот Дух и формирањето на Црквата..
Преку глава ми е од формалисти..до кога бе..
 
S

Stefi070

Гостин
so zborate be ? so zborate? tolku ste neinformirani ili so? se dava jadenje za dusa na pocinatite. nie obicno go prajme to jadenje so go sakale pokojnite i se razdava za to a ne za nesto drugo. takov e denot, da se spomnat pocinatite.. :(
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
so zborate be ? so zborate? tolku ste neinformirani ili so? se dava jadenje za dusa na pocinatite. nie obicno go prajme to jadenje so go sakale pokojnite i se razdava za to a ne za nesto drugo. takov e denot, da se spomnat pocinatite.. :(
Неинформирани?!?
Стефи..знаеш што е Духовден...нема врска со кулинарски спосбности и мртви дегустатори...
Еве со што има врска..
http://www.mkbible.net/biblija/index.php
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
abe znam, ama taka ostanalo od porano i taka i ke bidi sekogas
Абе тогаш зошто се нарекуваат таквите Христијани..оти Хрстијанин се оние кои ја извршуваат божјата волја не оние кои и прават апдејт..
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=5231654B85D9C04C8F4E0C80B888E5B8&arc=1

МПЦ и свештениците даваат напаствија каква да е “гозбата“ за задушница

На покојните им се потребни помени со свеќи, цвеќе, пченица, лепче и малку вино, а не со храна, пијалаци и вистински гозби, им порачуваат свештениците од Македонската православна црква на верниците, спроти претстојниот верски празник Духовден.“

Значи Светите писма налагаат палење на свеќи (не знам во кое евангелие или послание тоа пиши) како и носење на гроб пченица, лепче и вино (и ова не знам каде е заповедано) како и носење на цвеќе на гробишта ( и ова не знам каде е заповедано)
Е сега ако некој однесе на гробшта и локум (кој не е споменат во библијата) или кашкавал или ракија, значи ли дека прави грев ??
Која е поентата на црквата дека леб пченица вино и цвеќе се богоугодни и оправдани а локум кашакавал маслинка се антихристијански. Каде е тоа наведено. Од кој правилник или закон МПЦ тоа го вади?
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585

Не, веројатно не е грев да однесеш, грев е истото да не им го дадеш на поповите. Посебно ако се работи за овчи кашкавал и некое вино поразлично од смедеревка и поскапо од неа за 500 денари.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Значи со Траминец и шарпланинско кашкавалче молитвите се услишуваат а со смедеревка и растителен кашкавал покојнико оди в пекол.
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Колку е само Горан Михајловски во право..не е ни свесен...
По повод Духовден, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги повика медиумите да забележат дека ќе палат свеќи во Соборниот храм во Скопје за покој на душите на борците за независна, самостојна и слободна Република Македонија.
Од кога публицитет се прави кога се пали свеќа за душа? Од кога станавме конзервативна и многу религиозна земја? Се прават големи верници, а не знаат дека ем верата ем задушница е најличен празник и нема врска со камери.
Не се виновни тие. Немале веронаука во школо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom