- Член од
- 29 јуни 2014
- Мислења
- 23.600
- Поени од реакции
- 38.754
ова е ден бабите да се видат, муабет да си поправат. Мене ко дете увек ми беше добро, пошто лапачка имаше, колачиња ово оно, и кифлички исто чат пат.
А они кога идат на гробишта лошо ли прават?И една работа со бабите кажуваат дека во ден понеделник не се одело на гробишта, бидејќи цела недела да не почнувала со лошо, а во вторник не се одело за да не се повторува лошото.
Пак поготово да се најдат две баби што се јатрви или пак снаа и золва и да се двете од други крај ко ќе почнат да се расправаат ние во Битола не прајме така, другата ние во Охрид не прајме така...
Aдетите и традициите не се во согласност со Библијата. Каде пишува во Библијата (доколку си ја читал/а) дека треба да правиме вакви адети за покојните???Треба да се радуваме што останалр толку адети и традиции. Тоа е богатство за луѓето. Колку повеќе и поразлични толку побогато. Задушницата не е само христијански празник, слични практики имало и претходно и во различни култури.
Адетите се менуваат во согласност со времето и околностите. Од научна гледна точка е супер да се набљудува, но за жал се исчезнува и се претопува во некое еднородно тело. Јас сум за скромно практикување и сметам дека човек треба да е доволно разбран, паметен и способен да расудува што е суштината а што е денешна бесмислица.
Традиционално во Индија :Aдетите и традициите не се во согласност со Библијата. Каде пишува во Библијата (доколку си ја читал/а) дека треба да правиме вакви адети за покојните???
Адетите за покојните се пагански работи. Се што е паганско треба да се искорени.
Еднаш гледав на телевизија за во Кенија имаат адет покојниот да го откопуваат на 11-тиот ден едните го нишаат другите вртат околу него и третите тропаат на разно разни тропачки инструменти...И зарем тоа во Кенија не треба да се искорени бидејќи било традиција???
Јас мислам дека нема потреба од искоренување на нешто што толку долго се задржало во колективната свест. Па половина од празниците во христијанството и исламот се базираат врз постари празници, обичаи кои имаат поинаква смисла која е во кореспонденција со битот на заедниците во тоа време.Aдетите и традициите не се во согласност со Библијата. Каде пишува во Библијата (доколку си ја читал/а) дека треба да правиме вакви адети за покојните???
Адетите за покојните се пагански работи. Се што е паганско треба да се искорени.
Еднаш гледав на телевизија за во Кенија имаат адет покојниот да го откопуваат на 11-тиот ден едните го нишаат другите вртат околу него и третите тропаат на разно разни тропачки инструменти...И зарем тоа во Кенија не треба да се искорени бидејќи било традиција???
Има потреба од искоренување на нешто што толку долго се задржало во колективната свест. Адетите за покојните прават доста несогласувања, кавги, раскол и заблуди измеѓу луѓето... Пример татко ми почина 2006 година, јас по потекло по татко сум од Битола, а по мајка Охриѓанец. И дојде до недоразбирање измеѓу нашите најблиски роднини. Битолчаниве кажуваат кај нас е вака, охриѓани кај нас е вака. Ај сега шо требаше јас и по Битолските и по Охридските адети да ги правам работите??? Пак ако бев женат со жена од Прилеп ај и прилепските адети да ги правев...!!!Јас мислам дека нема потреба од искоренување на нешто што толку долго се задржало во колективната свест. Па половина од празниците во христијанството и исламот се базираат врз постари празници, обичаи кои имаат поинаква смисла која е во кореспонденција со битот на заедниците во тоа време.
Религиите само кога сакаат да омасоват нешто тогаш стануваат радикални. Задушницата е комеморација, славење на меморијата за покојникот, не гледам ништо лошо во тоа. Лошо е кога не е скромно, како во случајот што го спомнуваш ти луѓето забораваат на скромноста.
Исто и ова фестивалов во Индија.
Во Африка поголемиот дел од луѓето не го смениле начинот на живот уште од праисторија. Сегде каде што допрела модерната цивилизација е хаос и војна. Незнам што е полошо: откопување на покојникот на единаесетиот ден и танец околу неговото тело, или распукување и стотици мртви на улиците.
Неможе цела планета и сите луѓе да имаат исти обичаји. Нешто што за нас е неприфатливо на друго место е секојневие, а во тоа влијаат многу фактори. Религијата е само еден од нив. Нема смисла да дебатира за бесмисленоста на некој ритуал во друга религија која нас не ни е позната.
Старите адети и ритуали кои се измешале со христијанството и те како треба да се искоренат, да се заборави на истите. Искасапени и неразбрани ритуали се отров.
...и ќе воведете свои, кои, како замена на погрешните, ќе станат уште попогрешни, уште попагански и уште побезбожни...Така потоа полесно ќе расправаме ние, другите, за паганските ритуали.
Тоа што ти знаеш и ние, изучувајќи ја историјата на разните иницијаторски школи и учења во тоа време при „раѓањето“ на христијанските секти, дека истите тие христијански секти на почетокот воведуваа свои искасапени ритуали лика прилика на старите учења, без „амин“ од иницијанти кои ги знаеле симболите и зошто нештата се прават како што се прават - не значи дека така е и денес......и ќе воведете свои, кои, како замена на погрешните, ќе станат уште попогрешни, уште попагански и уште побезбожни...