Задушница не е гробна гозба

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
so zborate be ? so zborate? tolku ste neinformirani ili so? se dava jadenje za dusa na pocinatite. nie obicno go prajme to jadenje so go sakale pokojnite i se razdava za to a ne za nesto drugo. takov e denot, da se spomnat pocinatite.. :(
abe znam, ama taka ostanalo od porano i taka i ke bidi sekogas
Македонски верници... прекрасен материјал за магистратура на тема религии :tv:
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Јован тоа не се верници. Тоа се адетичари. Тие не идат по религијата туку по адетите кои им ги кажала баба им и сеа мислат дека така треба правилно. Џабе ти е кога бабите мислат дека знаат повеќе за религијата отколку поповите. Затоа според мене, колку повеќе адети - толку повеќе штета за религијата.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
771
Македонски верници... прекрасен материјал за магистратура на тема религии :tv:
Како атеист, не верувам дека би правел магистратура на тема религија:pipi:. Инаку, не сите македонски верници се неинформирани со практиката на обичаите. Но, мислам дека поголемиот дел се заслепени ако може така да го наречам тоа, од она што традиционално им било пренесувано од семејствата како ,,адет". Уште кој знае колку грешки во христијанствувањето би пронашле, ако тргнеме по тој редослед. Затоа постојат свештеници, кои на начинов веќе споменат во воведниот пост, ќе не` поучуваат за да не ја загубиме суштината на религијата.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Пред да плукаме врз се што претставува адет, би требало да се потсетиме дека паганските обичаи биле прифатени од локалните цркви со цел полесно населението да го прифати христијанството. Така да не дека црквата од секогаш се борела против локалните адети и не дека нашите предци скришно обожавале други богови :tapp:Адетите се убава работа, даваат чуство на индентитет. А за гозбиве прв пат слушам, не дека се иде со тапани, се седи до сабајле и сл. Ептен сте преувеличиле.
На крај краева, ама баш никој не ве тера да носите храна на задушница, толку ако сакате идете само со свеќа, или и тоа не е потребно?
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Обичаите се дел од идентитетот на еден народ и како такви треба да се почитуваат и чуваат.Без разлика дали станува збор за убав(свадба,крштевка) или неубав(погреб т.е. Задушница) настан, треба да се одбележат т.е. да се испочитуваат.Е сега тоа што се преувеличува со гозби тоа е размислување на одредени индивидуи кои сметаат дека така треба да го истераат адетот затоа што така правеле нивните, па на нивните нивните and so one...Не е дека нема душите на починатите да имаат мир ако не се приреди еднодневна гозба или ако цел еден ден останеш на гробот на покојниот.
Сето ова може да се одбележи и да се оддаде почит и сеќавање со само посета и една свеќа.Сметам дека навистина во псоледно време некој претеруваат во поглед на адетите.Има адети и адети...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059

Точно, добро кажано и од двете.
Битно е да се оддаде почит кон лицето кое нешто значело во мојот живот и ради кое сум бил побогат-во секој смисол, никогаш да не биде заборавено. Дали ќе однесам свеќа, дали лепче и ќе му дадам на лицата што се близу или на комшиите, тоа го правам со добра мисла кон тоа лице.
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
Aбе важно да се јади ...Гага е :smir:
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Задушница не постои во христијанството!
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Линкот ти е катастрофален и анемичен.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
217
Поени од реакции
13
Ова што се прави по гробиштата е навистина претерано , освен тоа никаде во библијата не пишува дека треба да се дава и јаде за душа на умрените, разбирам декоа тоа останало адет од порано но сепак не треба на гробишта да се носат скари,пити,домашни колачи, краставици, патлижани,праски и што уште не... потоа тоа што ке се изеде добро а тоа што ке остане ке скапува по гробовите и ќе го јадат скитниците. треба да се најде некоја граница бидејќи сепак гробот не е домашна трпеза:nesvest:
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Добро бе шо е ова работа, во време на оваа сиромаштија и немаштија луѓево одат на задушници со полна кошница. И то не е само овој ден повеќе дена во годината има задуши. Им текнало на некои на гробишта се одело на 8 Јануар, после на вториот ден Велигден, на Духовден двата дена, на Поклади (прочка) на Богородица 28 август. Ако треба и последниот динар ќе го дајт и ако требат и пари ќе побарат на заем, ама на гробишта мора да одит. Нема правило кој ден се оди на гробишта, а кој не. Секој кога си сака, кога си можи... Овие работи само во Македонија и Србија ги има. Другиот православен свет Русија, Украина, Белорусија, Грузија, Ерменија не верувам дека ги прават тие работи...

И како можи секој град и секое село да има свои адети. И сите кажуваат вака е правилно така е правилно, а уствари ништо никаде не е правилно тоа што го прават. Битола има адети за шест недели на покојниот да се раздаваат кошули и тоа строго со бела боја и требало да се предаваат преку гробот еден наспроти друг. И други работи во Битола освен кошули требало да се раздаваат и сервиси за кафе и пајнци... И тоа различни адети Битола во градот, Новаци други адети, Могила други адети... Пак во Струшките села адетите од денот на умирачката па се до шест недели секој ден да се одело. После до една година секоја недела да се оди...

А и многу претеруваат со тоа откако ќе почине човек. Дента ручек за двесте души, после следниот ден будење, па девет дена, па шест недели, (некаде и 3 недели има), три месеци. шест месеци, девет месеци, година, две години (некаде година и пол и две и пол години па се до три години. И одење на визита на покојниот (пример се вика Крсте и одат на 27 септември, се вика Никола и одат дента на 19 декември... И што постигнуваат со тоа ќе ги станат ли покојните со толку храна носење? Сето тоа од на гробот ќе го изедат чавките, гавраните и кучињата скитници.

Треба да се гледа да се рани човек додека е жив. И парите што се трошат на такви работи, најпаметно е да се збираат за убави работи веридби, свадби, крштевки...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ви сте криви што одите по адетите и по тоа што ќе кажат другите. Па тоа со купување филџани ми го имаат кажано. :tapp:
И секој ден да одиш џабе е не се враќа назад, но некако повеќе смирува на почеток кога почесто ќе одиш на тоа место. Ова посебно ако се рабти за блиска личност во фамилија.

Храната е непотребна и она луѓето ја фрлаат, а онаа што ја оставаат таму ја јадат кучињата.
Одење за време на именден и роденден е колку да се потсетиш на денот што сте го славеле додека бил жив и е лично негов ден. Подобро на такви денови да се оди, отколку на Бадник, Божиќ, Прочка, Велигден итн. Овие се празници за да ги поминеш со фамилијата, а не по гробишта.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Ви сте криви што одите по адетите и по тоа што ќе кажат другите. Па тоа со купување филџани ми го имаат кажано. :tapp:
Eee ама кај нас уште владее размислувањето, како да не го правиш тоа, абе страмота е што ќе речат роднините и комшиите...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Eee ама кај нас уште владее размислувањето, како да не го правиш тоа, абе страмота е што ќе речат роднините и комшиите...
Тие роднини и комшии што ги нема никаде додека некој е жив, а после први се за кажвање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom