- Член од
- 6 јануари 2010
- Мислења
- 1.120
- Поени од реакции
- 104
Сега да, се стремам во границите на моите можности кон нешто повеќе, кон поголем успех и кон задоволување на поголемиот број на сопствените потреби. Секако, затоа што цел живот е пред мене и за подобра иднина морам да мислам уште од сега и да се замарам за понатамошниот живот затоа што средината во која што сите живееме е таква што најубавите години се упропастуваат се со цел да се постигне понатамошен просперитет.
Но, како што повеќе размислувам, сфаќам дека еден ден ќе дојдам до оној момент кога се ќе стагнира и ќе бидам задоволна со просечен живот, затоа што им дошло крај на моментите кога требало да се докажам и да се обидувам да постигнам поголем успех.