Загреб

Pallatino

Батулец
Член од
29 декември 2011
Мислења
63
Поени од реакции
21
Дај кажете како нај ефтино до Загреб, како цените одприлика и што има таму вредно за да се види ?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Загреб како град многу не се разликува од средно и западноевропските градови, има попримено многу. Но од друга страна си има свои проблеми, делумно и балкански. Градот не е нешто многу голем за разлика од центарот на пример на Белград во Загреб центарот е далеку помал. Тоа што прво вака остава утисок е што е многу чисто и уредено, има патеки за точкови, нови трамваи и владее култура ред за коли и паркирање едноставно не е како Скопје. Од друга страна според мене, далеку е од некои поголеми метрополи како Будимпешта, Прага, Виена па дури и Белград, нема некој изразен ноќен живот, цените варираат, во маркети е евтино има скапи кафичи и ресторани, но и некои со пристојни цени нешто поскапи од Скопје. Во Загреб има голем Вест Гејт шопинг центар надвор од Загреб према словенска граница, нешто најголемо на Балкан вреди да се види Загребачка Арена, Сјеме планината, во центар катедралата и тој ридот што е во центар, ама се на се не треба да се очекува којзнае што за мене Белград е сепак далеку по пространет и поинтересен и мнооогу подинамичен град.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
За цени не знам не сум бил веќе 6-7 години,но е сепак убав град.Би се согласил со супервизор....... сличен е со повеќето средноевропски градови,но не е во класата на една Прага,Виена или Будимпешта (сепак Загреб бил провинција во времето на австро-унгарија за разлика од овие другиве набројани градови).
Ноќниот живот не го знам,но го зборат дека не е нешто посебно.Тука Белград е појак,но како град мене лично ми е многу поубав Загреб.
Имаш доста шопнг центри.......ако ти е до тоа.

Катедралата е дефинитивно најубавата зграда во Загреб според мене.Ремек дело е.......




Регент Еспаланде хотелот


Театарот


Арената


Бан Јелачиќ плоштадот


--- надополнето: 16 март 2012 во 21:56 ---
Не е туристичка атракција али стварно би сакал да го видам чудово.Најголемата стамбена зграда во Европа, Мамутица. Преку 5000 луѓе живеат во нејзе........240 метри долга, 70 метри висока.

 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.466
Загреб е 2-3 пати поскап од Скопје. Трамвајот им е ТоБ!!!
Кога бев таму есенва немав многу време за скитање.
Од урбана гледна точка одличен е ѕидот покрај улицата што иде од железничката до автобуската станица. Тоооолку многу графити. Ако застанев да ги сликам ќе ми избегаше бусот :)))
Кога сме кај бус, Хисар Туризам возат за нешто под 100 евра повратна карта.
Мене единствено ми е криво што во Равнице кај што се наоѓа фабриката КРАШ бев преку викенд и не си купив ништо од продавницата што е на влезот на фабриката.
И да го споделам еден од најдобрите графити што ги имам видено некогаш, го најдов шетајќи по Илица.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Загреб ми е многу убав град, уживам да се шетам по плоштадите и да ги гледам уличните свирачи со варено вино и хот дог. Се чуствувам многу сигурно во градот и ми има некоја атмосфера која ме смирува, ако би бирал каде да живеам сигурно би бил еден од градовите во потесниот избор. Знаменитости нема некои екслузивни да земиш мапа и да ги ловиш но затоа мене ми е уште поубав. Јас би го издвоил Музеј Мимара, Музеј на Скршени Срца, Каптол, Музеј на Дражен Петровиќ, Археолошки Музеј, Катедралата и Народниот Театар се убави за посета.
Хисар Туризам има линија секој ден и цената е или беше до пред некој месец 90 евра повратна карта.
Топло му го препорачувам на секој Хостел Ноктурно кој е на извонредна локација веднаш зад пазарот и на 2 минути пешки од споменикот на Бан Јелачиќ.
Не е ништо екслузивно, но собите се чисти и персоналот приемчив и да повторам дека е дефинитивно смештај со најдобра локација во Загреб за таа цена. (околу 20 евра од вечер) Веднаш под хостелот има и пицерија со исто име која ги прави меѓу најдобрите пици во Загреб со фер цени.
http://www.hostel.nokturno.hr/

Најдрага фотографија од Загреб ми е во кафулево направена

kavkaz.JPG


Еве и зошто

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Не е туристичка атракција али стварно би сакал да го видам чудово.Најголемата стамбена зграда во Европа, Мамутица. Преку 5000 луѓе живеат во нејзе........240 метри долга, 70 метри висока.

Цел живот да запознаваш нови комшии :pos:

Баш прееска налетав на чудово на Википедија, а барав нешто друго.Затворам таму, овде прва в око темата за Загреб.Ова некој знак ќе да е...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
И никој не му кажа колку пари е карта :D
Му кажаа бе и Тончи и Виндфакер дека е околу 90-100 евра повратна со Хисар......
--- надополнето: 17 март 2012 во 09:13 ---
Цел живот да запознаваш нови комшии :pos:

Баш прееска налетав на чудово на Википедија, а барав нешто друго.Затворам таму, овде прва в око темата за Загреб.Ова некој знак ќе да е...
Баш ме занима дали имаат у зградана некој пензионер што сите ги знае како што има секоја зграда........:D
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710

Овде имаш се што те интересира за Загреб.
http://www.zagreb-touristinfo.hr/

Не знам што поточно те интересира.
Не е голем град, и за кратко време може да се види многу. На Тргот има туристичка заедница каде што има бесплатни карти на градот, веројатно и промотивен материјал.
И кога шеташ, не гледај во каратат и пред себе туку нагоре, да ги видиш убавите фасади :)

И молим те немој да си како некои кои одат од 5 дена во Виена, 3 поминуваат во шопинг центрите! Истите партали за цури и машки играчки ги има секаде.
Ако одиш до вестгејт- отиде денот!!!

Напиши што те интересира. Има многиу културнио настани, концерти, свашта.
 
Член од
16 јануари 2012
Мислења
11
Поени од реакции
2
Загреб како град многу не се разликува од средно и западноевропските градови, има попримено многу. Но од друга страна си има свои проблеми, делумно и балкански. Градот не е нешто многу голем за разлика од центарот на пример на Белград во Загреб центарот е далеку помал. Тоа што прво вака остава утисок е што е многу чисто и уредено, има патеки за точкови, нови трамваи и владее култура ред за коли и паркирање едноставно не е како Скопје. Од друга страна според мене, далеку е од некои поголеми метрополи како Будимпешта, Прага, Виена па дури и Белград, нема некој изразен ноќен живот, цените варираат, во маркети е евтино има скапи кафичи и ресторани, но и некои со пристојни цени нешто поскапи од Скопје. Во Загреб има голем Вест Гејт шопинг центар надвор од Загреб према словенска граница, нешто најголемо на Балкан вреди да се види Загребачка Арена, Сјеме планината, во центар катедралата и тој ридот што е во центар, ама се на се не треба да се очекува којзнае што за мене Белград е сепак далеку по пространет и поинтересен и мнооогу подинамичен град.[/quote
го опиша така фино и мило .... :)
 

Pallatino

Батулец
Член од
29 декември 2011
Мислења
63
Поени од реакции
21
фалави за информацииве а иначе која е ова Љупка ? :)
 
P

PewDiePie

Гостин
Најубав град на Балканот,единствено место на Балканот да не ти е криво што си се родил таму. :D Би сакал да живеам таму ама скапо е у пм,а и не примаат странци така лесно,со право реално. :)

Само на поминување сум го видел,ама здравје ако се укаже прилика сакам да одам и да го шетнам цел град.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Многу многу многу јаки графити има во Загреб, километарски ѕид направен со графити, 10 минути ти треба сите да ги видиш. Истотака ептен е среден ко град и има доста паркчиња. Автобуската станица им е доста убава. Иначе колку што се сеќавам 5500 беше повратна. :cool:
--- надополнето: 27 јули 2013 во 05:51 ---
Еве за што ви зборам :)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Малце да ја реактивирам темава,ми требаат информации...

Карта Скопје-Загреб-Скопје со воз (ако има) или со автобус што пари е и колку време важи картата ?
Дали се исплати повеќе да се оди со воз или со автобус,за колку време се стигнува,каде се застанува и се тоа
После тоа ми требаат и информации колку е со воз од Загреб до Нова Градишка.
 
C

cige

Гостин
Вреди ли да се потрошат пари и денови од одморот за да се посети Хрватска?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom