Загина новинарот и сопственикот на Фокус - Никола Младенов

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Никој новинар веќе не кажува информации во врска со сообраќајката.
Општо земено новинарите секогаш објавуваат тоа што треба и не треба па затоа си заслужуваат
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Никој новинар веќе не кажува информации во врска со сообраќајката.
Општо земено новинарите секогаш објавуваат тоа што треба и не треба па затоа си заслужуваат
Мислиш дека за тоа почина.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Никола Младенов,добар човек беше.Сомнежите за негово убиство се големи,но нема никакви докази.Беше опозиционер,не беше близок ни со СДСМ кога беа на власт до пред 8 години и кон ВМРО-ДПМНЕ кои моментално се на власт,на македонија потребан и е барем еден единствен пишан медиум кои ќе може слободно да општи и пишува-слободата на говор е малку повеќе загрозена.
Веќе го имаме 24 часа вести-телевизиски медиум,не користат цензура односно не фаќаат политичка страна,барем сега за сега ,и но има и неколку електронски медиуми кои исто така не фаќаат страна,објективно известуваат,тие вредат да се пратат.
Што се однесува директно до овој новинар,освен што беше добар човек,беше и добар новинар,досието му беше чисто инаку во која и да власт со таков став ќе лежеше затвор,како некои новинари на А1.
Нека му е лесна земјата и нема почива во мир.
 
Да подсетам Младенов преживеа политичко пазарено тепање од Бранко :Ц.
Тепачот дури било и учтив на крај се зивинил , а нарачката беше маање само у глава.
Штета што погина без врска .( во несрекен случај)
Беше секогаш критички настроен кон власта и тоа е во ред.
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 13:26 ---

Прво викаш загина без врска,а потоа во несреќен скучај.2различни поими.Размислли што сакам да ти укажам.
Младенов бил политички тепан.Па беше тепан од секоја власт,само таа влада малку повеќе не ја дозволуваше оваа политичка пропаганда што ја прават медиумите,но во секој случај ја имаше.Пр.Латас:)
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
како си одговорил , ни знам што е твој текст ни што е мој.
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 18:46 ---
Успут кога го спомена последниов и он беше член на фокус едно време.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
како си одговорил , ни знам што е твој текст ни што е мој.
--- надополнето: 25 октомври 2013 во 18:46 ---
Успут кога го спомена последниов и он беше член на фокус едно време.
Треба да знаеш кој е твој текст,горниот дел односно првите 4 реда се твој текст,а останатото е мои.Добар простор ги разделува,Латас како новинар можеби работел таму,искрено незнам,никогаш тој манипулатор не ме интересирал,но фокус не беше истиот форус што се печатеше од пред 5-6 години со овој истиот фокус што се печати денес.Не се работи за промената на власта и ставот туку за внатрешната политика на весникот и финансиите кои одвај успева да ги собере.
 
Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Сосем се согласувам со тебе.
За жал во Мк има и мистериозно погинати новинари и тоа многу сомнително ( Драган Наовселски) и еден новинар од Охрид ама неможам да с есетам на човекот.
Некој луге очигледно го даваат шемекот ама тоа тоа .
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.155
Поени од реакции
18.184
Да не ја убиеме и темава.

Кежаровски го урна мрачниот заговор во ДБК за случајот Ореше, а како што тргна, беше на пат да ја разоткрие и мистеријата околу загинувањето на Младенов. А тоа мораше да се исече во корен! Затоа во врвот на преродбата падна наредба – да се апси и да изгние зад решетки.

Априлско утро, 2013-та, неколку дена по загинувањето на Никола Младенов, новинаротТомислав Кежаровски иташе со редакциската „лада“ за Велес. Со помош на своите пријатели, поранешни полициски професионалци и новинарски душкала, требаше да провери дали и каде во Велешко патувал или престојувал сопственикот на „Фокус“ таа кобна ноќ. Во„Нова Македонија“ веќе два дена со ред ги објавувавме неговите фамозни истражувачки извештаи – репортажата за белешките од патарините кои Кежаровски и редакциската екипа ги пронајдоа на местото на трагедијата, како и скандалозното откритие оти истражниот судија предвреме го напуштил увидот – местото на сообраќајката. Текстовите сериозно ја вознемирија власта. Добивме предупредувања, од судот и од МВР „да олабавиме“. Го бараа изворот на информациите. Бараа да падне нечиј скалп!

Бидејќи белешките од патарините сугерираа дека „мерцедесот“ двапати го заобиколил автопатот Скопје – Велес, но притоа некаде се задржал барем половина час, Кежаровски дента ги свртел сите велешки кафеани, ги прегледал ТВ камерите на бензинските станици, разговарал со вработени на патарините, во рестораните…Но, пред да се врати и да почне да ја пишува третата репортажа, добил пријателски совет, со гранитни аргументи „неколку дена да исчезне“.

„Во ДБК врие. Не ли гледаш што се случува!? Изгледа автомобилот на Младенов е намерно удрен. Двајца професионалци кои љубопитно пребарувале по службениот компјутер барајќи податоци за „мерцедесот“, експресно добија шут-карта од МВР. Исклучи го телефонот и одмори неколку дена!“, му порачал добронамерникот.

Кежаровски постапи токму така. Неколку дена „исчезна“ и не доаѓаше на работа. Кога по некој ден се јавил на непознатиот телефон што упорно го барал – обвинителката му за’ржала – „Каде си? Зошто не се јавуваш!“. Томче заминал во обвинителството на мачен разговор. „Кој е твојот извор на информациите за текстовите што ги пишуваш?
Почни веќе еднаш да ми пееш! Ми рекоа дека си тврд орев, ама јас ќе те скршам.Ако не пееш, ќе скапеш во Идризово!“,грмела обвинителката

ШТО ЗНАЕ ГРУЕВСКИ ЗА „ЛИКВИДАЦИЈА“?

Едно пролетно мајско утро истата година, ми заѕвони телефонот. Телал на пастирот со церење ми зеде муштилак – „Изгледа уапсиле некој новинар!, ми вели. Демек не знае оти е Кежо, ама ме провоцира. Ми се збурбати кога разбрав. Му свртев на надлежен џелат во МВР. „Не се грижи, не е за текст во „Нова Македонија“, ми вели, а ако новинарот соработува со истрагата и со судот, нема ниту притвор да добие!?” Е од каде знаеш бе, џелату, па нели судството е независно!?

Судијката насилнички, но овојпат поексплицитно бара Кежаровски да го каже изворот за двата фамозни написа во „Репортер 97“, од ноември и декември 2008-та, со кои наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок Златко Арсовски за убиството на еден осумдесетгодишен жител на велешкото село Ореше. Арно ама, за разлика од судиите и обвинителите на пастирот, Кежаровски го почитува Уставот. Затоа е експресно испратен во Шутка. Адвокатот по службена должност не се ни жали на притворот. Почнува кошмарот за Кежаровски. Македонија е единствената земја во Европа, покрај Турција, која затвора новинар поради напишан текст!

Но, текстовите се само изговор зашто вистинската причина за затворањето на Кежаровски се неговите новинарски истражувања кои ѝ ги бодат очите на власта. Море џигерот ѝ го кинат. Попусто Груевски подоцна ќе изјави дека не го познавал Кежаровски, за него чул од медиумите, демек тој не ни бил некаков познат новинар, уште помалку „соросоид“ и власта нема причина да му се одмаздува. Но, факт е оти премиерот имал блиски семејни контакти со еден пратеник, кој е лично заинтересиран за разврската на случајот Ореше и не е за верување оти не ја знаел приказната. Напротив!

Како и да е, МВР-ДПМНЕ не можеше да ја поднесе новинарската истрага за трагедијата на Младенов. Таа ја прелеа чашата на преродбениците. А истрагата за случајот „Ликвидација“, дел од судско-обвинителска пресметка на моќниците во Велешко, во која без причини го сместија и новинарот Кежаровски, се поклопи со трагедијата во која загина Младенов. Или можеби не!?

ЕДЕН В ЌЕЛИЈА, ДРУГ „ПОД ЗЕМЈА“

Џандари и владини медиумски труби тие неколку тешки месеци додека власта насекаде ловеше предавници, како што впрочем лови и сега, на тајни и блиски средби почнаа лично да ме обработуваат дека зад „Ликвидација“, а особено зад „Шпион“, апсењето за шпионажа што се случи подоцна истото лето, всушност се криел огромен заговор против државата, обид за уривање на легално избраната власт по насилен пат – вооружена револуција, преврат! Групата од „Романтик“ (хотелот на Велешко чиј газда исто така беше осуден во „Ликвидација“) сакала да изврши атентат врз Груевски, ечеше на Фејсбук еден антички барабанџија, сакајќи да ги поврзе „Ликвидација“ и „Шпион“, со истиот куршум да го скине Кежаровски и „шпионите“.

„Ќе видиш во што сѐ е инволвиран Кежаровски!“, се обидуваа да ме замолчат и да ме деморализираат во битката за негова слобода, божем добронамерни мои пријатели, полициски доушници, професионални полицајци, па дури и моите претпоставени!?

Истовремено, заговорничка и предавничка кал фрлаа и врз лицето на трагично загинатиот Младенов и смислуваа фантазмагорични теории за неговата трагедија. Во една своја колумна минатото лето Д.П. Латас дури и јасно напиша оти наводно сопственикот на „Фокус“ требало да биде апсен во аферата „Шпион“!? Значи, ако Кежаровски ја истражувал трагедијата во која загина Младенов и се најде зад решетки во случајот „Ликвидација“ („предавниците од Романтик“), ако Младенов требало да биде апсен во аферата „Шпион“, а „Ликвидација“ и „Шпион“ биле само кодни имиња за болните идеи на луѓе во ДБК и во власта за наводен заговор против државата од мегаразмери, тогаш авторите на тој политички погром на слободното мислење и на вистината сакаа да сугерираат оти е одлично што едниот е сега во ќелија, а другиот под земја!

Но, на Кежаровски пред судот требаше да му се конструира некаков случај и кога веќе немаше елементарен доказ за контакти со другите обвинети во „Ликвидација“, а новинарот е апсен и суден со нив како дел од организирана криминална група, полициско-обвинителските подлизурковци го призакрпија случајот со „заштитениот сведок“.

А само два месеца пред апсењето на новинарот, во март истата година, т.н. заштитен сведок во случајот „Ореше“, Златко Арсовски на јавно судење им плесна в лице на судиите оти никогаш не бил автентичен, туку лажен сведок на убиството во Ореше, наместен од полицијата, која му ветила дека ќе му ја намали казната затвор што ја одлежувал за друго кривично дело, ќе му даде безбедносна заштита и редовен финансиски надомест. Новинарот Кежаровски со тоа сведочење на Арсовски конечно доби признание за тоа што го пишувал пред пет години, кога во „Репортер 97“ ја разоткрил полициско-судската шашма дека едно „наапано“ и криминално друштво во ДБК мести лажен сведок за убиството. На „сведокот“ Арсовски, по разоткривањето, Томче му направи интервју за „Нова Македонија“, во кое тој објасни во детали како бил наместен. Поширока верзија на неговото сведоштво има во писмена форма и таа ќе остане да им пркоси на лагите на полициските егзекутори. Но, наместо награда за тоа што ѝ помогнал на полицијата да открие монструозен заговор во нејзините редови – следуваше казна од полициско-државната мафија!

„Абе, зошто прашуваш за случајот Ореше, кога ти ни го сруши со своите текстови“, дрско му одговорил новинарски џелат од МВР, кога Кежаровски му се јавил за коментар на изјавата на „сведокот“ кој се разоткри.

Да, да. Кежаровски го сруши мрачниот заговор во ДБК за случајот Ореше, а како што тргна, беше на пат да ја разоткрие и мистеријата околу загинувањето на Младенов. А тоа мораше да се исече во корен! Затоа во врвот на преродбата падна наредба – да се апси и да изгние зад решетки.

ВИСТИНАТА В ЗАНДАНА

Помина една година од минатиот 23 октомври, денот кој владејачката ДПМНЕ си го прогласи за државно-партиски празник, кога Иницијативниот одбор за слобода на Кежаровски организираше новинарски протест пред Музејот на револуционерната борба. Сликите со специјалните полициски кордони наспроти мирните демонстранти го заобиколија светот. На пастирот му чепнавме во славната епопеја на вмровската борба за слобода и човечки правдини. За жал, тој не може на вмровските војводи да им се фати ниту за фишеклијата, а за ножот и камата и да не говориме.

Силниот европски и меѓународен притисок ја принуди власта притворот на Кежаровски да биде заменет со домашен. Но, тоа не ги смени нештата. Безобразно, по наредба на власта, судот речиси цела година не закажуваше рочиште по жалбата, иако постојат јасни рокови, држејќи го новинарот „ни на небо-ни на земја“, наводно поради техничка грешка во пресудата, која демек го одложила процесот пред Апелација.

Но, освен тоа што сега веќе нема привилегија да ги „ужива“ животинските услови во Шутка, новинарот е сѐ уште „во ќелија“. И физички и психички. И материјално и професионално. Битката на семејството Кежаровски е животна борба за егзистенција. Тој и неговите речиси година и пол се без никакви приходи.

Луѓето на „големиот газда“ Минчо Јорданов, според Форбс најбогатиот Македонец, очигледно препаднати од режимот и од неговата асли-џелатка во „Нова Македонија“, не се охрабрија на Кежаровски да му даваат барем делче од неговиот и онака безначаен месечен хонорар за кој неколку години ги полнеше страниците на рубриката црна хроника во „Нова Македонија“, за да може да преживее со семејството. Не оти пастирот лично интервенирал за таков аранжман. Страв пусти ДПМНЕ да не ги направи и нив предавници, како што направија со другите! Кога газдите ќе го чујат презимето Кежаровски, на неговата сопруга не сакаат да ѝ дадат работа ниту како продавачка, ниту како хигиеничарка. На правда Бога, сите од Кежаровци бегаат како да се лепрозни. Да не е солидарноста од колегите, меѓународните новинарски организации, и се разбира поддршката од поширокото семејство, Кежаровци ќе страдаат за леб.

Но, Грижата за иднината е уште потегобна од сегашноста.Режимот создаде таква страховлада, што какво било сомневање кон некого, ги стутулува душите на луѓето и бегаат од жртвите, наместо да се охрабрат и да им писнат на џелатите.

НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО!

А доказ оти МВР и обвинителството „го спакувале“ Кежаровски за време на паниката што ја предизвикаа текстовите за сообраќајката на Младенов, е фактот што и обвинителскиот катиљ-ферман против новинарот бил склопен на-две-на-три, па затоа пресудата е без елементарни докази.

Да потсетиме. Новинарот беше прво обвинет дека „оддал име и презиме и идентитет на заштитен сведок“, а во истрагата судот ги немаше ниту текстовите од магазинот „Репортер 97“!? Судијката го притвори Кежаровски без да види што воопшто напишал!? Дури, во еден миг од судењето, судијката побара од Кежаровски од дома да ги донесе текстовите за кои го обвинува :facepalm: – сам да си купи јаже со кое ќе го обесат!?

Кога конечно виде оти Кежаровски само еднаш и тоа во еден од насловите во „Репортер“ сведокот го именувал како „Златко од Штип…“, обвинението еволуираше со нова фраза „оддавање идентитет на заштитен сведок“ – без „име и презиме“. Бидејќи Златковци во Штип има многу, а сведокот Арсовски воопшто не е од Штип, туку таму бил во затвор, откривањето на идентитетот на сведокот судот го темели наводно на неговиот телефонски број кој демек Кежаровски го објавил! Арно ама, новинарот ги објавил само првите четири броја од телефонскиот број на мобилниот – вклучувајќи го и повикувачкиот број (секој мобилен телефонски број има 9 броја) од што никој жив не може да разбере за кого станува збор, ниту, пак, да открие нечиј идентитет! Згора на тоа, судот во текот на постапката одбил да утврди за чиј телефонски број станува збор, наведувајќи оти „не може со сигурност да се утврди дека лицето на кого се води телефонскиот број е и корисник на телефонот, односно кое лице го користело тој телефонски број“. А ако судот не може да го утврди идентитетот на корисникот, како тогаш Кежаровски го открил идентитетот објавувајќи дел од телефонскиот број!? Циркус невиден!

Проблем на пресудата и на „доказите“ во неа е и статусот на сведокот Арсовски, чиј идентитет наводно го открил новинарот. Бидејќи тој станал заштитен сведок дури во 2010 година, а не кога Кежаровски ги објавил текстовите (2008), обвинението постепено еволуираше во „оддавање идентитет на загрозен сведок“, каков што статус наводно добил Арсовски кога за првпат бил сослушан во судот во Велес, 2008-та. Во жалбата до Апелација по пресудата за новинарот, одбраната прашува – зошто сведокот Арсовски влегол во постапката за заштита, зошто станал заштитен сведок 2010-та, ако Кежаровски пред тоа го открил неговиот идентитет!? Нели смислата на заштита на сведокот е да му се прикрие идентитетот и да се заштити од опасност, која му се заканува? Од што го штителе, ако веќе идентитетот ѝ бил познат на јавноста!?

Клучната причина за ослободување на Кежаровски, апелациските судии може да ја најдат во тоа што во пресудата на Кежаровски недостасува еден елемент од кривичното дело за кое е осуден – „Неовластено оддавање информации и податоци за сведоците, соработниците на правдата, жртвите кои се јавуваат во својство на сведоци и нивните блиски лица“ од чл. 42 ст. 1 од Законот за заштита на сведоци.

За да постои ова кривично дело, како што вели одбраната, потребни се два елементи, прво – откривање на идентитетот на сведокот и второ загрозување на неговиот живот, здравје, слобода, физички интегритет или имот од поголем обем, или на нему блиско лице. А во пресудата е наведено дека спротивно на Законот, Кежаровски го оддал вистинскиот идентитет на загрозениот сведок што можело да го загрози неговиот живот, здравјето, слободата или физичкиот интегритет. Значи, животот и здравјето на Арсовски не биле загрозени, туку, како што тврди судот, тоа можело да се случи! А според законот, не се бара откривање на идентитетот што би можело да го загрози сведокот, туку загрозување на сведокот! Со други зборови, кривичното дело во случајот на Кежаровски не постои, особено што и Арсовски дал нотарски заверена изјава дека немал никаква закана или загрозување на здравјето и животот.

ШАНСА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ОБРАЗОТ

Се разбира, ова се само дел од небулозите на судската фарса во случајот Кежаровски. Пресудата е полна со идиотски и контрадикторни образложенија и на секој полуписмен правник му е јасно оти не само што треба да падне, туку апелациските судии треба веднаш новинарот да го ослободат од апсурдните обвиненија.

Битката за ослободување на Кежаровски истовремено стана и симбол на борбата за слободата на медиумите, за новинарството, кое се обидува да трага по вистината, за истражувачките стории. По неговото затворање, како и по мистериозното загинување на Младенов, новинарската острица во Македонија драматично отапе. Всушност, власта реши да ја притвори вистината по секоја цена.

Ние, новинарите кои имаме граници кога станува збор за вистината, правдата и слободата, на 24 октомври ќе бидеме пред судот. Ќе се обидеме да ги охрабриме судиите да се ослободат од политичкиот притисок и стравот од режимот и да го пуштат Кежаровски на слобода, зашто за неговата наводна вина нема никакви докази. Случајот против новинарот е класична полициско-политичка конструкција – казна и одмазда поради неговото трагање по вистината. Без оглед што срамот за осудителната пресуда ќе падне на власта, евентуалната одлука на апелациските судии за ослободување на новинарот ќе значи и нивен придонес кон општата демократизација на македонското општество. Ете им шанса да го спасат и сопствениот и образот на Македонија!

ДПМНЕ ГИ ОТФРЛИ ПРЕДЛОЗИТЕ НА ТРАЈАНОВ

Поради пресудата за Кежаровски од 4,5 години затвор, која е непримерена за европската правда, каде што казните за новинари што оддале идентитет на заштитен сведок, варираат од 3-6 месеци затвор или парична глоба, пратеникот Павле Трајанов пред крајот на 2013 година во Собранието покрена иницијатива за промена на законот за заштита на сведоци. Идејата на промените беше намалување на казната затвор предвидена за оние што ќе го откријат идентитетот на заштитен сведок, како и утврдување на одговорност за откривање на идентитетот на сведоците единствено на службените лица, не и на новинарите. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го притисна Трајанов да ја повлече иницијативата, со идеја дека владејачката партија ќе предложи соодветни измени на законот. Тоа до денешен ден не се случи. Очигледно, џелатот не се откажува од мечот.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Да не го цитирам цел текст..Тоа е така уште во 2011 година,кога Велија го затворија,оти се здружи со земјоделците,и со другите луѓе и го осетија како можна закана за власта,и затоа го уништија човекот до коска..Затаил "наводно" 3 милиони евра,13 години затвор,некој човек ќе убие,2 години затвор..Го стрпаа во затвор,му ја уништија фамилијата,му ја затворија фирмата..Некои викаат криминал правел,океј,ами овој градоначалников човек утепа не лежи затвор ни 1 саат,обезбедувањето на Мијалков,згази човек на пешачки исто,ако ова не е криминал,тогаш јас сум Рики Рубио..И уште милијарда примери..Али,После на ред дојде Цаноски,му ја срушија цела зграда,поради што беше заедно со Велија..Па после беше Младенов,па Љубе Бошковски,па Алфа телевизија едно време беше опозициска,ја претворија и неа во ВМРО,и на крај Кежаровски..Се знае јасно како ден,или со власта,или го јадеш курот..
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
469
Поени од реакции
462
Да потсетиме. Новинарот беше прво обвинет дека „оддал име и презиме и идентитет на заштитен сведок“, а во истрагата судот ги немаше ниту текстовите од магазинот „Репортер 97“!? Судијката го притвори Кежаровски без да види што воопшто напишал!? Дури, во еден миг од судењето, судијката побара од Кежаровски од дома да ги донесе текстовите за кои го обвинува :facepalm: – сам да си купи јаже со кое ќе го обесат!?

Кога конечно виде оти Кежаровски само еднаш и тоа во еден од насловите во „Репортер“ сведокот го именувал како „Златко од Штип…“, обвинението еволуираше со нова фраза „оддавање идентитет на заштитен сведок“ – без „име и презиме“. Бидејќи Златковци во Штип има многу, а сведокот Арсовски воопшто не е од Штип, туку таму бил во затвор, откривањето на идентитетот на сведокот судот го темели наводно на неговиот телефонски број кој демек Кежаровски го објавил! Арно ама, новинарот ги објавил само првите четири броја од телефонскиот број на мобилниот – вклучувајќи го и повикувачкиот број (секој мобилен телефонски број има 9 броја) од што никој жив не може да разбере за кого станува збор, ниту, пак, да открие нечиј идентитет! Згора на тоа, судот во текот на постапката одбил да утврди за чиј телефонски број станува збор, наведувајќи оти „не може со сигурност да се утврди дека лицето на кого се води телефонскиот број е и корисник на телефонот, односно кое лице го користело тој телефонски број“. А ако судот не може да го утврди идентитетот на корисникот, како тогаш Кежаровски го открил идентитетот објавувајќи дел од телефонскиот број!? Циркус невиден!
И ајде сега. Ова треба што повеќе луѓе да го прочитаат бидејќи малкумина се запознати со тоа и што се се случува во неписмените судови во нивно име под дирекција на други исто неписмени.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.216
Поени од реакции
18.141
Целиот случај е смешка жива,читав пред некое време дека уствари типот сведочел под присила и кога новинаров објавил за тоа као демек направил кривично дело(а уствари го спречил кривичното дело).Штета што еден куп новинари лапаат пари иако се опозиција,од странски фондови и работат против интересите на државата а непознат новинар го изеде за сите нив.
Да не го цитирам цел текст..Тоа е така уште во 2011 година,кога Велија го затворија,оти се здружи со земјоделците,и со другите луѓе и го осетија како можна закана за власта,и затоа го уништија човекот до коска..Затаил "наводно" 3 милиони евра,13 години затвор,некој човек ќе убие,2 години затвор..Го стрпаа во затвор,му ја уништија фамилијата,му ја затворија фирмата..Некои викаат криминал правел,океј,ами овој градоначалников човек утепа не лежи затвор ни 1 саат,обезбедувањето на Мијалков,згази човек на пешачки исто,ако ова не е криминал,тогаш јас сум Рики Рубио..И уште милијарда примери..Али,После на ред дојде Цаноски,му ја срушија цела зграда,поради што беше заедно со Велија..Па после беше Младенов,па Љубе Бошковски,па Алфа телевизија едно време беше опозициска,ја претворија и неа во ВМРО,и на крај Кежаровски..Се знае јасно како ден,или со власта,или го јадеш курот..
Не го мешајте Велија во овој случај,он беше држава во држава заедно со цела фамилија.Само што немаше доволно моќна власт да го пикне во затвор за сите криминали што ги имаше направено.Ја изгуби битката и заврши во затвор иначе братот за премиер се местеше ако му успееше тоа што сакаше. Благодарение на тоа што цела контра-власт екипа се луѓе со криминална репутација, ќе си имаат алиби и оние кој се стварно невини да ги уништат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Штета што еден куп новинари лапаат пари иако се опозиција,од странски фондови и работат против интересите на државата а непознат новинар го изеде за сите нив.
Ова не ми се допаѓа
Тие кои се опзиција не се лоши и не работат против интересите на државата
На исклучените од Топлификација, лошо им направија луѓе од власта. Лепотаните од регулаторна се поставени од власта.
Треба да одиш да видиш како не судат, па после да кажеш кој работи против интересите на државата
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Ова не ми се допаѓа
Тие кои се опзиција не се лоши и не работат против интересите на државата
На исклучените од Топлификација, лошо им направија луѓе од власта. Лепотаните од регулаторна се поставе од власта. Нив власта ги постави.
Да беа добри ќе беа на власт, нели?
Немој, немој, ми текиња на по еден вработен од секое сњмејство, змиско око, ау :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom