Here we go again...секоја година истите проблеми, истите мантри на телевизија, се до наредниот пат и така се одново се вергла во круг.
Ова е системски проблем кој не е создаден за една година туку континуирано проблемите се трупале од година во година за да дојдат до ова ниво на кое се сега. Исто, решението нема да дојде во рок од една година и граѓаните каде проблемот со загадувањето е најизразен ќе дишат чист воздух како да се наоѓаат на швајцарските алпи.
Ние не сме способни за превентива, ние не знаеме да го препознаеме проблемот пред да се случи и обично реагираме кога е веќе доцна.
За да се реши овој проблем се потребни години и години системски решенија. А мислам дека е малку доцна.
Скопје, град конструиран за максимум до 300к жители сега ближи до кај милион. Потребна е децентрализација во вистинска смисла на зборот а не само на хартија. Неконролираното градење и сечењето на зелените површини во градот се случувало со години а е резултат на сите нефункционални и корумпирани влади до сега.
Срамота е за држава од нецели два милиони жители 50% од популацијата да живее во главниот град ко да е Пекинг, напикани во станови од 50 квадрати. Тоа му доаѓа исто како Германија, држава од 80 милиона 40 да живеат во Берлин.
Ете Германскиот модел ви е модел на права децентрализација. Сите региони да се стремат да бидат еднакво развиени, да се спречи внатрешната миграција а не се да биде насочено кон еден центар.
Ако во бивша ју се одеше кон Белград сега се е насочено кон Скопје и природно народот ќе мигрира онаму каде шансите за преживување се најголеми.
Додадете ја непостоечката гасификација, непланското градење, му го исчистивме ѓубрето на европејцине увезувајќи скапани коли без никакви еколошки сертификати, местоположбата на градот, неконтролираното доселување со години и години наназад...и ете ви го резултатот.