Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Гледам си ставал лајкови на овие кои се за користење на фосилни горива
Да, сум за користење чисти фосилни горива, како што е природниот гас. Памтам до пред дестина година цела Рузвелтова и околината смрдеа на запалена пластика, заради употребата на мазут кај топланите. Денес тој тежок мирис го нема заради користење на природниот гас. Камо среќа и дрвата да се заменат на ваков начин, Стокхолм нема да ни е рамен.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Не, насловот е намерно оставен со големи букви и со таа должина затоа што е соодветен на состојбата со загадувањето - алармантна.
Аха океј да еве сега ќе дојде Коце ќе се алармира од caps lock насловот на Кајгана и ќе среди.
Или евентуално некои што не знаеле дека воздухов е загаден ќе дознаат преку caps lock-ов.
Кајгана алармира, надлежните дејствуваат.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.017
Поени од реакции
80.846
Аха океј да еве сега ќе дојде Коце ќе се алармира од капс насловот на Кајгана и ќе среди.
Или евентуално некои што не знаеле дека воздухов е загаден ќе дознаат преку капс локов.
Боље нека боде очи у секој случај, бидејќи по значење е над многу други теми.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Ова се глупости.
ништо од тоа не е глупост. Кога гори било која органска материја, правилата се тие. Истото важи и за гумата, дрвото, било која органска материја. Во секој случај, кога ќе ја регулираш печката на дрва да го намалиш трошокот и температурата, не можеш да го избегнеш лошото согорување.
луѓето споредувале штетноста на јагленот и биомасата (дрва, остатоци, што и да е).
https://web.archive.org/web/20100205080916/http://michiganmessenger.com/33868/proposed-biomass-plant-better-than-coal

Во топ 10 фактори за болестите во Кина на 6то место е домашно согорување на цврсти горива, на 12то е надворешното аерозагадување.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да, сум за користење чисти фосилни горива, како што е природниот гас. Памтам до пред дестина година цела Рузвелтова и околината смрдеа на запалена пластика, заради употребата на мазут кај топланите. Денес тој тежок мирис го нема заради користење на природниот гас. Камо среќа и дрвата да се заменат на ваков начин, Стокхолм нема да ни е рамен.
Et tu Brute!!
Цела Европа и цел Свет се бори против употреба на фосилни горива а ти велиш „ чисти фосилни горива “. Кои се тие чисти фосилни горива? Демек гасот бил „ чисто “ гориво. Оваа мора да си го слушнал на некој предизборен митинг. Си земам за слобода да ти препорачам да не одиш на преизборни митинзи и да ги слушаш политичариве кои тврдат дека гасот е „ зелена енергија “. Зелени се нивните глави-тикви
Во 2016 е потпишан Договорот во Париз - прочитај:
https://en.wikipedia.org/wiki/Paris_Agreement
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Демек гасот бил „ чисто “ гориво. Оваа мора да си го слушнал на некој предизборен митинг. Си земам за слобода да ти препорачам да не одиш на преизборни митинзи и да ги слушаш политичариве кои тврдат дека гасот е „ зелена енергија “
Дадов и пример зошто сметам дека гасот е чисто гориво, паталец сум не гаталец.
На крај краеви, како што ти се бориш против лоповите од Паркинзи и тие од Топлификација (и имаш поддршка од мене), јас се борам против загадувачите што се греат на дрва и други цврсти горива и ме трујат на нивна сметка. Имав шанса да живеам во град кој е 2-3 пати поголем од Скопје и се грее на гас, зимно време загадувањето едвај стигаше до границата од 50 микрограми, а не пак 1.000 микрограми како што е кај нас во Лисиче. Решението е во гасификација на цело Скопје, не само на дел од топланите, како што е и во повеќето европски метрополи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Јас ама никаде не реков дека индивидуална употреба на фосилни горива е помалку штетна од горење на дрва. Да, фосилни горива се користат и при загревање на котлите, ама кај централно греење, голема разлика. Дали си ти озбилен дека у Њујорк се греат на дрва исто ко што у Скопје се греат на дрва? И не ми ставај слики од буџевани кои што живеат на Менхетен. Кажи ми просечен Њујорчанец како се грее? Грејна сезона им почиња од октомври па трае до мај и е до толку регулирано што си има за која температура надвор колку треба да биде минималната температура во станот.

http://ebmg.com/2014/11/what-are-the-winter-heating-regulations-for-residential-buildings-in-new-york-city/

СФ е муабетов за нас, Елон Маск почна да гради соларни куќи, ние уште расправаме дали горењето на дрва загадува или не.
На Менхетен има повеќе складови за огревно дрво - повели одбери каде ти одговара:
https://www.yelp.com/search?find_desc=firewood&find_loc=Manhattan,+NY[DOUBLEPOST=1479933247][/DOUBLEPOST]
Дадов и пример зошто сметам дека гасот е чисто гориво, паталец сум не гаталец.
На крај краеви, како што ти се бориш против лоповите од Паркинзи и тие од Топлификација (и имаш поддршка од мене), јас се борам против загадувачите што се греат на дрва и други цврсти горива и ме трујат на нивна сметка. Имав шанса да живеам во град кој е 2-3 пати поголем од Скопје и се грее на гас, зимно време загадувањето едвај стигаше до границата од 50 микрограми, а не пак 1.000 микрограми како што е кај нас во Лисиче. Решението е во гасификација на цело Скопје, не само на дел од топланите, како што е и во повеќето европски метрополи.
Каков паталец - каков гаталец
Гасот е смрдливо, нечисто, валкано фосилно гориво и треба да се исфрли
Посебно од каде Македонија да најде гас?
Ако се прориентираме на биомаса ќе има вработувања - илјадници луѓе ќе се вработат
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Каков паталец - каков гаталец
Гасот е смрдливо, нечисто, валкано фосилно гориво и треба да се исфрли
Ок, лично би сакал животот да го поминам во смрдлив, нечист и валкан град што се грее на гас со загадување под 50 микрограми, отколку во чист град што се се грее на дрва со над 1.000 микрограми. Мое право, демократија.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ништо од тоа не е глупост. Кога гори било која органска материја, правилата се тие. Истото важи и за гумата, дрвото, било која органска материја. Во секој случај, кога ќе ја регулираш печката на дрва да го намалиш трошокот и температурата, не можеш да го избегнеш лошото согорување.
луѓето споредувале штетноста на јагленот и биомасата (дрва, остатоци, што и да е).
https://web.archive.org/web/20100205080916/http://michiganmessenger.com/33868/proposed-biomass-plant-better-than-coal

Во топ 10 фактори за болестите во Кина на 6то место е домашно согорување на цврсти горива, на 12то е надворешното аерозагадување.
Tи однапред имаш мислење дека „ дрвото е штетно “ и бараш текстови кои тоа ќе го потврдат
САД се голем извозник на јаглен. Државата Вајоминг е најголем производител ( произведуваат 600 милиони тони јаглен годишно ) и затоа има вакви лобирања. Рудниците за јаглен се главен работодавач.

И Државата Мичиген има рудници за јаглен, но и увезува од Вајоминг и Монтана - значи ова се лобирања. Еве погледни ги возовите со јаглен кон Чикаго
https://www.yelp.com/search?find_desc=firewood&find_loc=Manhattan,+NY

Македонија нема гас, има малку лигнит и тоа е се што има од фосилни горива
Наша иднине се обновловите извори на енергија а тоа е пред се биомасата[DOUBLEPOST=1479935251][/DOUBLEPOST]
Ок, лично би сакал животот да го поминам во смрдлив, нечист и валкан град што се грее на гас со загадување под 50 микрограми, отколку во чист град што се се грее на дрва со над 1.000 микрограми. Мое право, демократија.
Зошто сакаш токму на гас да се грее Скопје?
Не знам дали знаеш - Љубљана има градски топлани кои кристат јаглен. И таму нема загадување со ситна прашина. Барем тоа загадување лесно се одстранува
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.724
Поени од реакции
12.155
Tи однапред имаш мислење дека „ дрвото е штетно “ и бараш текстови кои тоа ќе го потврдат
не барам текстови, јас знам дека дрвото е штетно, само сакам пластично да ти доловам за органски материи. Јас се греев до лани на дрва ама ти си заборавил од кога не си се греел на дрва. Затоа велиш дрвото е убаво. Убаво е за во викендица ама за дома нема шанси да е убаво. Не само штетно за луѓето туку и прљаво, скапо за домот и нефункционално (што е за друга тема). За само 2-3 месеци прљавштина се собира на мебелот и по ѕидовите. Ако случајно пробие вода во оџакот (што беше случај со оџаците каде фатија поплавите), погледни ги трагите од влага. Истечен катран кој не може да се покрие со ниеден поликолор. И сето тоа го дишеме дома, надвор, сето тоа влегува во плуќата. Од централното/комуналното греење пофункционално и почисто, здравје.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Суштински е дека треба греењето да се централизира т.е и куќите да се приклучуваат кон контролирани централни системи за греење со што полесно може да се внесуваат новини и секогаш да се бараат помалку загадувачки горива и што е побитно да се затвора можноста да се користи се и сешто за греење.
Тука во голема мерка се битни и загубите на енергија - голем дел од објектите за домување се без соодветна термичка изолација, а и овие предизборни зашљакувања (како во општина Карпош на пример) се со неквалитетен стиропор со слаба густина. Нормално дека објект со помали енергетски загуби ќе има потреба за помала потрошена енергија за греење, а со тоа и помал еколошки импакт.
Инаку ова со биомасава ми е непроверена работа. Еден податок кој го имам од пред неколку години е дека Макпетрол има некој обид да произведува биодизел од свои насади на репка (или од што се добива, може грешам) и дека производен литар биодизел со сите хемиски процеси чини многу повеќе од дизел гориво добиено со рафинирање на нафта.

Et tu Brute!!
Цела Европа и цел Свет се бори против употреба на фосилни горива а ти велиш „ чисти фосилни горива “. Кои се тие чисти фосилни горива? Демек гасот бил „ чисто “ гориво. Оваа мора да си го слушнал на некој предизборен митинг. Си земам за слобода да ти препорачам да не одиш на преизборни митинзи и да ги слушаш политичариве кои тврдат дека гасот е „ зелена енергија “. Зелени се нивните глави-тикви
Во 2016 е потпишан Договорот во Париз - прочитај:
https://en.wikipedia.org/wiki/Paris_Agreement
„Зелена енергија“ се ветерници, фотоволтаици, геотермални извори, користење на кинетичка енергија од морски струи. Договорот во Париз не се однесува на амбиентален воздух, туку на стакленички гасови кои се топли и ги загрозуваат горните слоеви на атмосферата.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.781
Поени од реакции
18.393
Македонија нема гас, има малку лигнит и тоа е се што има од фосилни горива
Наша иднине се обновловите извори на енергија а тоа е пред се биомасата[DOUBLEPOST=1479935251][/DOUBLEPOST]
Колку што знам Македонија нема ниту нафта, исто како и пола свет.

Биомаса е многу широк поим, а се надевам не си сериозен со тоа дека дрвата се обновлив извор на енергија?

Видовме летово кои се последиците од соголувањето на Скопска Црна Гора, 30 луѓе се удавија.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
не барам текстови, јас знам дека дрвото е штетно, само сакам пластично да ти доловам за органски материи. Јас се греев до лани на дрва ама ти си заборавил од кога не си се греел на дрва. Затоа велиш дрвото е убаво. Убаво е за во викендица ама за дома каде што дишеш, јадеш, спиеш, чуваш мали деца, нема шанси да е убаво. Не само штетно за луѓето туку и прљаво, скапо за одржување на домот и нефункционално (што е за друга тема). Сети се кога си се греел на дрва, за само 2-3 месеци каква прљавштина се собира на мебелот и по ѕидовите. Ако случајно пробие вода во оџакот (што беше случај со оџаците каде фатија поплавите), погледни ги трагите од влага. Истечен катран кој не може да се покрие со ниеден поликолор. И сето тоа го дишеме дома, надвор, сето тоа влегува во плуќата. Катран како да си испушил по 2 кутии дневно. Од централното/комуналното греење пофункционално и почисто, здравје.
Се согласувам - најдобро е централно греење но на биомаса. А гасот, мазутот и јагленот се смрдливи, гнасни фосилни горива кои треба да се забранат. И уште се од увоз, затоа што побргу треба да се исфрлат од употреба![DOUBLEPOST=1479937040][/DOUBLEPOST]
Колку што знам Македонија нема ниту нафта, исто како и пола свет.

Биомаса е многу широк поим, а се надевам не си сериозен со тоа дека дрвата се обновлив извор на енергија?

Видовме летово кои се последиците од соголувањето на Скопска Црна Гора, 30 луѓе се удавија.
Биомасата е обновливо гориво. Еден од изворите на биомса се шумите
Шумите се одгледуваат со сечење. Ако шумата не се сече тоа е знак дека не се одгледува. Основна алатка на шумарите е „ секира “
Повели убава книга како се одгледуваат шумите
http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/pdf/40_Podiganje i ureduvanje na sumite za III_MAK_PRINT.pdf[DOUBLEPOST=1479937849][/DOUBLEPOST]
Суштински е дека треба греењето да се централизира т.е и куќите да се приклучуваат кон контролирани централни системи за греење со што полесно може да се внесуваат новини и секогаш да се бараат помалку загадувачки горива и што е побитно да се затвора можноста да се користи се и сешто за греење.
Тука во голема мерка се битни и загубите на енергија - голем дел од објектите за домување се без соодветна термичка изолација, а и овие предизборни зашљакувања (како во општина Карпош на пример) се со неквалитетен стиропор со слаба густина. Нормално дека објект со помали енергетски загуби ќе има потреба за помала потрошена енергија за греење, а со тоа и помал еколошки импакт.
Инаку ова со биомасава ми е непроверена работа. Еден податок кој го имам од пред неколку години е дека Макпетрол има некој обид да произведува биодизел од свои насади на репка (или од што се добива, може грешам) и дека производен литар биодизел со сите хемиски процеси чини многу повеќе од дизел гориво добиено со рафинирање на нафта.

„Зелена енергија“ се ветерници, фотоволтаици, геотермални извори, користење на кинетичка енергија од морски струи. Договорот во Париз не се однесува на амбиентален воздух, туку на стакленички гасови кои се топли и ги загрозуваат горните слоеви на атмосферата.
Најдобро е тоа што ти го тврдиш - централно греење на биомаса. Тогаш се добива повисок коефицијент на искористување на горивото и најдобра заштите од прашина
Во право си за Договорот во Париз - тој се однесува за стакленички гасови - односно на употреба на фосилни горива.
Но нас тоа ни одговара, Македонија има малку лигнит и зошто да не преминеме на домашна биомаса и да престанеме со увоз на гнасни, смрдливи фосилни горива. Наши луѓе ќе се вработат
Голините кои минатиот август предизвикаа трагедија во Стајковци треба да се пошумат и ете и вработување и безбедност и поефтино затоплување за Скопје[DOUBLEPOST=1479938416][/DOUBLEPOST]@Branchez
Eве страница за Љубљана
Во секое време имаш информција з состевот на воздухот а работи на јаглен
http://www.te-tol.si/
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom