Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
„Парапетчето“ фамозно е најмал проблем.
Во последно време се фокусирани на уништување на деловите со трска и претварање во факинг тропски плажи, на 600 метри надморска во континентална клима. Најкратко - тој дел од езерото го преработува огромното количество фосфор кое го испушта дивјачкото население од Охрид и околината преку канализација. Високо ниво на фосфор значи уништени алги и планктон - тоа значи уништен ланец на исхрана и мртво езеро - од бисер на природа претворен во говно - без рационално објаснување „Зошто?“

На овој принцип е решавано и за увоз на стари канти и за се' друго. Краткорочна шминка, убрљано срање за малоумната публика да си мисли дека нешто се дешава.

во врска со Луково поле сдсм ги подржува тие што се против а поради тоа што рисовите ќе треба или да пливаат или да кружат. Арно ама во критиките на владата секојпат дробат дека никако да се реализира јавниот тендер и да се изгради таму хидроцентрала а за да се намали загадувањето од термоцентралите.. сега еднаш нека се решат, доста во исто време и јаре и паре... е нема тоа во екологијата и економијата
Жими стојан ќе решиш загадување. Капацитетот на таа термоцентрала е за да работат сијалиците во самата централа, а штетата е ненадоместлива со милиони години. И не е само рисот, туку се стотици животински видови.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.038
Поени од реакции
80.890
„...ор значи уништени алги и планктон - тоа значи уништен ланец на исхрана и мртво езеро - од бисер на природа претворен во говно - без рационално објаснување „Зошто?“
.
Зошто?
Ќе го цитирам господинот Груевски - Сега крапови ќе мрестиме или туризам ќе развиваме?

За Охридско има повеќе примери, тоа е посебна приказна во целата еколошка апокалипса на Македонија, предизвикана од десетгодишна еко-игнорантност на Груевски.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
@AlternativeF мислам дека ти беше модератор(ка) овде. Може ли да се смени насловот на темава, многу е долг и да не е со сите големи букви?
Не, насловот е намерно оставен со големи букви и со таа должина затоа што е соодветен на состојбата со загадувањето - алармантна.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.038
Поени од реакции
80.890
Не стварно прашувам, од кај кур ние знаеме дека резултатите на мерните станици се тие што се? Нели владава ги контролира нив? Они што сакаат можат да си пишат.

Има ли некое независно мерење?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Најчисито еколошко затоплување е на дрва. Наполно чисто
Јас најмногу сакам да се затоплувам на дрва. Арно ама кај нас дрво нема да се купи а кога ќе најдеш да купиш е многу скапо
Не знам колку може да се сложам со тебе за ова. Почисто од лакиран паркет или обоен дрвен профил за прозор - да, ама како може да биде потполно чисто штом има согорување?

Од мое некое искуство, големите градови во западна Европа дрва и струја се строго забранети. Гасот се форсира на големо и тоа во централно греење - топловодно на природен гас (ова што ние парно го викаме). И со гас има загадување, меѓутоа ги нема овие тврди честици што кај нас го праат најголемиот проблем.

Тоа што многу ме нервира е фактот што само во периодот ноември-март се бавиме со ова, а катастрофални податоци за квалитет на воздух имаме и во август, што не значи дека греењето не е проблем, ама очигледно е дека и оној дел со сообраќајот и старите канти по улиците е многу голем.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Од мое некое искуство, големите градови во западна Европа дрва и струја се строго забранети. Гасот се форсира на големо и тоа во централно греење - топловодно на природен гас (ова што ние парно го викаме).
.
Извини ама си во заблуда - цела Европа протестира барајќи да се забранат смрдиливите фосилни горива
Ти веројатно ги слушаш предизборните митинзи овде и им веруваш нашиве властодршци
Te молам да ми кажеш каде си слушнал дека гасот се форсира а дека огревното дрво се забранува?
Навистина ме интересира кој во оваа држава збори вакви глупости? И затоа те молам кажими кој вели така

Германија е на пат сите топлани на фосилни горива да ги замени со постројки на биомаса. А еве неколку примери од Германија на централи кои се во погон:

Во Берлин еден админастаривен округ се вика Нојкелн. Еден дел на Нојкелн се вика Рудов. Во Рудов се наоѓа Топланата – електрана на дрво Берлин-Нојкелн.

https://de.wikipedia.org/wiki/Holzheizkraftwerk_Berlin-Neukölln/Gropiusstadt

Постројката обезбедуба 65 MW топлинска енергија и 20 мегавати електрична енергија. Електраната годишно троши околу 240.000 тони дрво. Се корист свежо дрво и отпадно дрво. Пречистувањето на излезните гасови се врши преку инјектирање на активен кокс и хидрирана вар со филтер ткаенина. Нивото на штетни гасови е значително под одобрените вредности. Од оваа топлана централа се затоплуваат 20 000 станови. Постројката е пуштена во работа 2006 година.

Една од сојузните држави на Геманија е Саксонија Анхалт со главен град Магденбург. Магденбург има славно историско минато. Во 1631 година, во текот на Триесетгодишната војна, Магденбург го зазеле католиците, а локалното население, кои биле протестанти, го масакрирале. Денес е тоа град со околу 200 илјади жители. Во Магдебург се наоѓа Топланата-електрана на биомаса Магденбург

https://de.wikipedia.org/wiki/Biomasseheizkraftwerk_Magdeburg-Rothensee

Постројката има електрична моќност од 2 MW и топлинска моќност од 12 MW. Пуштен е во работа 2012 година. Централата се снабдува со биомаса од фабриката за пелети која работи во близина.

Во сојузната држава Баварија, во округот на градот Минхен се наоѓа Тауфкирхен со 18000 жители.

https://de.wikipedia.org/wiki/BioEnergie_Taufkirchen

Постројката годишно согорува 85 000 тони биомаса - дрвени чипови, зелен одпад и отпадно дрво. Централата има 5 MW електрична моќност и 20 MW топлинска моќност. Поседува два котли на биомаса. Првиот котел со моќност од 11 MW е пуштен во работа 2000 година. Вториот котел со моќност од 20 MW е пуштен во работа 2003 година. За ова централа е предвидено да користи и геотермална енергија и се планира да биде прва хибридна централа на биомаса и геотермална енергија во Германија.

Ерндтебрик е една од единаесите опшини на округот Зиген – Витгенштајн во германската сојузна држава Северна Рајна – Вестфалија. Во Ерндтебрик се наоѓа Топланата-електрана на биомаса Витгенштајн:

https://de.wikipedia.org/wiki/Biomasseheizkraftwerk_Wittgenstein

Изградбата на оваа построка започна во 2008 година и е завршена во 2009 година. Постројката чинеше 25 милиони евра. Моќноста на централата е 5 MW електрична моќност и 30 MW топлинска моќност. Централата годишно троши 90 000 тона биомаса. Во склоп на оваа постројка, во 2010 година е изградена и фабрика за пелети. Фабриката за пелети чинеше 21 милион евра Таа фабрика годишно произведува 120 000 тони пелети, со што потребите за биомаса се покачија на 220 000 тони годишно.

Илменау е е универзитетски град во германската сојузна држава Тирингија. Илменау има 26 000 жители. Таму се наоѓа Топланата-електрана на биомаса Илменау

https://de.wikipedia.org/wiki/Biomasse-Heizkraftwerk_Ilmenau

Постројката е изградена 2005 година. Електраната има моќност од 10 MW топлинска енергија и 5,1 MW електрична енергија. Инвестицијата чинеше околу 15 милиони евра. Како гориво се користи одпадно дрво. Дрвото се набавува од Тирингија, Баварија и Хесен. Во централата се складира околу 900 тони гориво, што е доволно за 6 дена работа. Инаку централата троши околу 50 000 тони гориво годишно. Работи цела година освен во месец април. 49% од акциите се на градот. Оваа централа ми остави впечаток, бидејќи е ефтина и релативно мала. Еве ја нејзината интернет страница каде што можете да прочитате и дополнителни информации:

http://www.bhi-ilmenau.de/index.php

Верл е град во германската држава Северна Рајна-Вестфалија. Во Верл се наоѓа Топланата-електрана на биомаса Верл. Градот Верл има 30 000 жители.

https://de.wikipedia.org/wiki/Biomasse-Heizkraftwerk_Werl

Свеченото пуштање на оваа постројка беше на 23 мај 2003 година. Постројката е со електрична моќност од 0,5 MW и 12,5 MW топлинска моќност. Изградбата на централата чинеше 8,5 милиони евра. Како гориво се користи одпадно дрво, дрвен чипс и зелен одпад од уредување на дрвата. Годишната потрошувачка на биомаса е околу 10 000 тони. Централата за еден час трошиоколу 1,3 тони гориво. За складирање на горивото, во централата постојат два бункери секој од по 280 м3. За покривање на врвната потрошувачка на топлина постои и еден котел на гас или мазут со моќност 4,5 MW

Покај овие податоци еве и една интернет страница на која можете да погледате податоци за други централи на биомаса во Германија.

http://www.industcards.com/biomass-germany-sn-th.htm
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Со сите закони и правилници што ги носеа, буквално ги пречкртаа и Неап и секој Леап. Било планирано зеленилото да се покачи на 25м2 (европски просек) по жител, а за само една деценија е намалено на под 8м2/ж. До 2016 увезени се над 150.000 стари коли, автобуси и камиони. Од вкупно 350.000 коли, 3/4 се постари од 10 години, 1/3 се постари од 20 години. Проточноста на улиците и булеварите е иста како пред 40-50 години. Не се реализирани подземни и помошни сообраќајници, протокот е многу лош. Се зголеми населението во постоечките рамки на градот, можеби и за над 50%.
Ништо повеќе не може да се стори. Ниту може да се рушат згради и дивоградби ниту да се вратат колите назад странство ниту да се залепат дрвјата и тревниците. Тоа е-еден што ќе расипе, 10 нормални не можат да го поправат.
http://sdk.mk/index.php/naslovna/kotse-i-vladata-osum-godini-nosele-odluki-koi-gi-zgolemuvaat-otrovite-vo-vozduhot-vo-skopje/
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
од пред скоро 4 децении органска хемија па некој нека ме корегира ако грешам во суштина органски соединенија ги содржат овие хемиски елементи. Фруктозата има јаглерод, водород и кислород. Најголем % сме опкружени од органски материи. При нивно согорување се ослободуваат одредени соединенија кои воглавно штетно влијаат врз околината или луѓето. При согорување на дрвото, претходно пишува во текстот, се ослободуваат тие цврсти честички кои кај нас се најударна вест, понатаму бензен, формалдехид, полициклични ароматични хидрокарбонати итн, кои од ЦДЦ се означени како канцерогени. Ако го "намалиш греењето", ти во суштина го намалуваш дотокот на кислород со што дрвото или што и да е, неправилно согорува.
Дури и оние нови печки (според стандардите на ЕПА), вели сеуште може да произведат околу 100 пати повеќе цврсти честички од оние на масло или гас.
па централно или далечинско греење би требало да го намали загадувањето. Ваква опасност нема при централно греење.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/ns-newsarticle-tragedija-vo-skudrine-se-zadusija-dve-sestri-od-cad-dodeka-spiele-ednata-pocina.nspx
При согорување на биомаса и фосилно гориво се ослободува јагленород диоксид. Но разликата е огромна. Едно е да се согорува биомаса а друго е да се согорува фосилно гориво Биомасата при согорување емитира јагленород диоксид кој истата биомас пред месец два го апсорбирала од воздухот. Затоа велиме дека кога се согорува биомаса таа е неутрална
А фосилните горива при согорување емитираат јагленород диоксид. Но тој јаглен или нафта се настанати пред 100 или 500 милиони години о затоа се појавува глобалното затоплување.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.782
Поени од реакции
18.394
При согорување на биомаса и фосилно гориво се ослободува јагленород диоксид. Но разликата е огромна. Едно е да се согорува биомаса а друго е да се согорува фосилно гориво Биомасата при согорување емитира јагленород диоксид кој истата биомас пред месец два го апсорбирала од воздухот. Затоа велиме дека кога се согорува биомаса таа е неутрална
А фосилните горива при согорување емитираат јагленород диоксид. Но тој јаглен или нафта се настанати пред 100 или 500 милиони години о затоа се појавува глобалното затоплување.
Смешно е да се каже дека само CO2 се ослободува при согорување на дрва.

"Burning 1 kilogram of wood produced as much as 160 micrograms of total dioxins. This result was obtained when various specimens of wood were burned in different stoves. Soot was collected and analyzed by well-designed and documented procedures. Tetrachlorinated, hexachlorinated, heptachlorinated, octachlorinated dioxins were present. The isomers of the dioxins were separated and quantitated. The highly chlorinated dioxins were the major components. In the soot from a series of experiments, their total content ranged from 10 to 167 mg/kg of fuel. The total yields of tetrachlorinated dioxins (TCDDs) ranged from 0.1 to 7.8 mg/kg of fuel."

Што се диоксини?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Заборави да спомнеш и PM 10 и PM 2,5 кои знаат да ти влезат во бели дробови и да предизвикаат најразалични заболувања меѓу кои и рак на бели дробови ако подолго време си изложен на нив, на страна што луѓево горат што им дојде при рака, не само дрва. Греењето на дрва учествува со 80% во загадувањето на воздухот на светско ниво. И ја еве им се чудам на Њујорчаните што и они си имаат топлана ко нашава, со котли за вода, и не се греат на дрва. А и генерално во секоја поголема метропола постои централно греење и е забрането греење на дрва, само Скопје е единствен пример во свет, каде што со население од можеби 700.000 жители, 70% се греат на дрва или на струја што поради сметки, што поради недостапност на парно. Скопје е единствен главен град во свет каде градскиот превоз се сведува само на автобуски превоз и дури и ако повеќето од граѓаните се решат да го користат нема доволно капацитети да ги опслужи нивните потреби.

И за целото ова време дури се труеме и давиме, пошто власта нема слух за вакви работи ко: парно греење, инвестирање во алтернативни извори на енергија и нивно субвенционирање, трамвај, сообраќајна инфраструктура во Скопје и создавање на пешачки зони во најфреквентните делови од градот, атмосферска канализација, непланско издавање на градежни маркици и дозволи за градба со цел да се лапне што поголема провизија или по некое станче. Што прави власта за целото тоа време? Решава да инвестира 1 милијарда евра во една благородна работа ко стирпорен барок.
Твојот пост слатко ме насмеа затоа ти дадов лајк:
Ти ова го велиш ова
Греењето на дрва учествува со 80% во загадувањето на воздухот на светско ниво.
Кој ти го кажал ова? Ова се глупости.
Најголемата употреба на фосилни горива е за производство на струја
https://en.wikipedia.org/wiki/Fossil_fuel

И ја еве им се чудам на Њујорчаните што и они си имаат топлана ко нашава, со котли за вода, и не се греат на дрва.
А со ова тврдење сакаш да бидеш посмешлив и да ми се подсмеваш. Демек јас сум прост, стар застарен и заговарам употреба на огревно, а тие кои се модерни препорачуваат гас и нафта
Ама пред да ми се подсмеваш подобро помачи се и прочитај за затоплувањето во Њујорк.
http://www.nytimes.com/2015/12/20/realestate/fireplaces-new-york.html?_r=0


Еве ти „ единствен пример “ од Менхетен
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.782
Поени од реакции
18.394
Твојот пост слатко ме насмеа затоа ти дадов лајк:
Ти ова го велиш ова
Греењето на дрва учествува со 80% во загадувањето на воздухот на светско ниво.
Кој ти го кажал ова? Ова се глупости.
Најголемата употреба на фосилни горива е за производство на струја
https://en.wikipedia.org/wiki/Fossil_fuel

И ја еве им се чудам на Њујорчаните што и они си имаат топлана ко нашава, со котли за вода, и не се греат на дрва.
А со ова тврдење сакаш да бидеш посмешлив и да ми се подсмеваш. Демек јас сум прост, стар застарен и заговарам употреба на огревно, а тие кои се модерни препорачуваат гас и нафта
Ама пред да ми се подсмеваш подобро помачи се и прочитај за затоплувањето во Њујорк.
http://www.nytimes.com/2015/12/20/realestate/fireplaces-new-york.html?_r=0


Еве ти „ единствен пример “ од Менхетен
Јас ама никаде не реков дека индивидуална употреба на фосилни горива е помалку штетна од горење на дрва. Да, фосилни горива се користат и при загревање на котлите, ама кај централно греење, голема разлика. Дали си ти озбилен дека у Њујорк се греат на дрва исто ко што у Скопје се греат на дрва? И не ми ставај слики од буџевани кои што живеат на Менхетен. Кажи ми просечен Њујорчанец како се грее? Грејна сезона им почиња од октомври па трае до мај и е до толку регулирано што си има за која температура надвор колку треба да биде минималната температура во станот.

http://ebmg.com/2014/11/what-are-the-winter-heating-regulations-for-residential-buildings-in-new-york-city/

СФ е муабетов за нас, Елон Маск почна да гради соларни куќи, ние уште расправаме дали горењето на дрва загадува или не.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мора да те поправам, камините ги користат за пријатна атмосфера, не за греење.
Et, tu Brute!
Гледам си ставал лајкови на овие кои се за користење на фосилни горива
Цивилизираните, културните, интелектуалците, писмените, ако сакаш и побогатите во САД и Европа одбиваат да користат фосилни горива, и се борат против употреба на фосилни горива. Во САД има предлози до 2050 да се забрани употребата на фосилни горива.
Тебе те сметам за пријател и ќе ти раскажам нешто што вистина се случи:
Кога јас бев дете, пред Земјотресот, забранија низ Скопје да одат запрежни коли со коњи и волови. И како сега да беше паметам кога луѓето велеа: Е добро е - нема повеќе коњиве и воловиве да серат и мочаат по улици. сега ќе има автомобили кои се чисти.
И сега кога ќе си спомнам на ова се смеам
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Извини ама си во заблуда - цела Европа протестира барајќи да се забранат смрдиливите фосилни горива
Ти веројатно ги слушаш предизборните митинзи овде и им веруваш нашиве властодршци
Te молам да ми кажеш каде си слушнал дека гасот се форсира а дека огревното дрво се забранува?
Навистина ме интересира кој во оваа држава збори вакви глупости? И затоа те молам кажими кој вели така
Податоците се од луѓе кои живеат таму, малку треба да приметиш дека од владата за релевантно не земам ништо. Факт е дека природниот гас е најзастапеното гориво во Германија, тој е предмет на специјални договори меѓу Германија и Русија и широко застапен низ земјата. Сум престојувал и во Берлин и во Виена, гасифицирани се дури и старите историски квартови на градот. Локалните топлани, може да постои тренд да наоѓаат алтернативни начини - од локалната индустрија, согорување ѓубре, остатоци од дрвна индустрија - ама не вакво локално ложење на дрва - тоа ми беше поентата.
Ова за што ти зборуваш е контролиран процес на користење наменски посадено дрво за таа намена, а не касапат векови стара шума на Шварцвалд за да си го греат газот како ние Шар Планина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom