Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.842
Поени од реакции
35.248
27.12.2016 ... Демократската обнова на Македонија (ДОМ) поради екстремното аерозагадување побара Владата да прогласи вонредна состојба ! прв пат,
15.12.2017...Од партијата ДОМ преку соопштение предлагаат итни мерки против загадувањето на воздухот! втор пат,
13.11.2018...Со цел да се намали загадувањето на воздухот во градовите, ДОМ предлага серија итни мерки! трет пат,
ред се реди , малееее! а ништо не се направи! :несвест:
ама денес Лилето на вести беше ненадминлива, мавкајќи со рачето скоро со писклив силен глас изјави :
,,... ќе бараме како прва мерка купување на нови мерни апарати на загадувањето и да се постават таму каде ги нема, како второ обновување на постоечките стари мерни апарати, трето користење специјални летечки дронови да се лоцира од каде иде загадувањето, четврто, петто....,,
мислам ејјј, овие уште не веруваат дека има аерозагадување, ниту не се знае кој загадува, па мора да се докаже ,,...ааааааа без мерна апартура на загадувањето не ти признавам дека има загадување!..,, :facepalm:
а бееее прилепчани мајтапџии, то ти е! :icon_lol:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.860
Поени од реакции
15.801
на Министерот можеби ќе му текне да организира за рајата курс за дишење на ШКРГИ, кое ќе се применува кога е троцифрено пм10 загадување...[DOUBLEPOST=1543262952][/DOUBLEPOST]ајде Шиљо купи едно вакво да се исчисти Езеро Треска , за Дојран и Охрид може да е мало:icon_mrgr:

 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.463
^ После веста дека Македонија е најзагадена земја во Европа, ви пренесуваме што всушност се случува во моментов во Министерство за екологија:

 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Може темава да се преформулира, пошо не постои независно загадување на воздух од други загадувања. Преку воздухот се сјебуе и почвата, а самото загадување на воздухот е во добар процент и резултат на горење отпад кој не се третира како што треба.
Членувам по групине за екологија на фејсбук. Имам читано како некои јадат трици и против Пакомак. У реду, може и да е така, дека препродавале или не знам што праеле. Идејата ми е со текстов да кажам дека штом со стаклово бива - еве јас дома собирам шишиња од пиво, тегли од зеленчуци и еднаш неделно ги носам до ваков контејнер, кој реално ми е малку подалеку, ама што има врска. Да има ваков концесионер - да се стимулира некако и да му се даде да оперира со пластичен отпад - да поставува машини или откупни пунктови по маркети, кој ќе враќаат денарче или два, убеден сум дека луѓето ќе се научат и ќе си враќаат пари. Знам дека не се големи, ама кога одат да пазарат во Кам или Стокомак за разлика у цена од отприлика толку - ова би им дошло као нешто плус.

https://inovativnost.mk/2018/11/26/пакомак-расте-селектирањето-на-стакл/

Пакомак: Расте селектирањето на стаклениот амабалажен отпад!

Според податоците на Пакомак навиките за селекција на стаклена амбалажа од година во година покажува значаен пораст и даваат одлични резултати. Во Р.Македонија на годишно ниво се генерираат околу 100.000 тони отпад од пакување од кои околу 18% е стакло како неповратна амбалажа односно 18.000 тони
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Денес е модерно да си зелен.
Она што ДОМ (инаку активни 13 години како ДОМ) што го предлага во мерки, најмалку половина е нереално и невозможно, а дел и да сме Шведска нема да го оствариме.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Што "предлага" жити младост?
На една, две страни понапред фрлав г на нив. Све нешто предлагаат, а гроб ни копаат у позадина. Колку учк се на власт во држаава, а ништо не е подобрено на темава...да не речам се влошува од ден за ден.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.645
На една, две страни понапред фрлав г на нив.
Вистинското прашање е има ли нешто на што не си фрлал г? Има ли нешто што си пофалил?
Штета што не си на некоја висока функција, па твојата теоретска експертиза да се трансформира во благодетна пракса.
Вака, по социјални мрежи, само ни ги отвораш очите а ние што правиме?
Си викаме „колку е ова ужасно“, отвораме нов таб и си скроламе по Фејсбукот.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Untitled.jpg

Еднаш се спетља со некои видео линкови, па ваљда и оваа опција ти промакнала.
Повели слободно, така ќе имаш помалку за скролање.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.401
Поени од реакции
7.851
Значи шо беше било ова да не биди @Almeida само да се критикувала секој власт, а златна држава имаме :icon_lol: како не ти е сТрам да се засТрамиш :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Значи шо беше било ова да не биди @Almeida само да се критикувала секој власт, а златна држава имаме :icon_lol: како не ти е сТрам да се засТрамиш :D
„Све е под конец, хејтери, доста замарате!“

Анон „Рамна душа“,
Скопје, ноември 2018-та
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Критики делуваат. Владата интервенираше и го намали аерозагадувањето. Денеска е можно и во минус да оди
https://mojvozduh.eu/projects/crowdsourcing
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.448
Поени од реакции
79.523
СЕКОЈ ВТОР ЖИТЕЛ НА ПРОБИШТИП Е НА ОНКОЛОГИЈА

Еве ги последиците од работата на рудниците во околината на Пробиштип по здравјето на граѓаните.

Доколку сметате дека економските придобивки од работата на таквите рудници ги оправдуваат последиците по здравјето на граѓаните, тогаш посетете го традиционално рударскиот Пробиштип, па споредете го по економскиот развој со традиционално земјоделската Струмица.
Ако е тоа иднината која ја посакувате, тогаш седете си мирно дома и не се бунете против отворањето рудникот на смртта Иловица-Штука, кој ќе биде 20 пати поголем од досегашните во околината на Пробиштип.

"Ние немаме урбана мафија како Скопје, ама имаме Г1 загадувачка индустрија, рече денеска во својата дискусија на јавната расправа за загадувањето во Собранието, Светлана Станојковска еколог од Пробиштип.

– Немаме софистициран мерен инструмент за да знаеме што нѐ загадува, но знаеме колку тоа влијаело на нашето здравје по тоа што секој втор граѓанин е заболен од канцер. Значи половина од пропиштипските жители се овде во Скопје на онкологија. Тоа е резултат на Г1 загадувачката индустрија која ја имаме во Пробиштип. Имаме флотација (миење на рудата) во сред град, фабрика за акумулатори која има топилница за старо олово. Имаме челичарница која се гради, како и рудници за отворен коп на простор од 2 километри како се шири градот така се шири и индустријата и тоа високозагадувачката – рече Стојановска.

Таа побара одговор зошто владата сега дозволила челичарницата да се гради иако претходно ја забранила градбата.

Стојан Нешоски од невладината Екосвест, главната вина за загадувањето ја префрли на Министерството за животна средина.

– Министерството за екологија не ги дава очекуваните резултати. Постојаната регулатива не се почитува. Министерството само ги носи законите и не се обидува да види како се реализираат. Има најмал буџет и не може да ги спроведе своите активности. Парите за мерни единици не ги искористи оти нема капацитет – рече тој.

Според него, важно е да се активираат и локалните власти.

Тој рече дека еден милион евра за загадувањето не се доволни. 15 милиони евра инаку, рече тој, се собираат од регистрациите на возилата."
 

Kajgana Shop

На врв Bottom