Зависни од серии?

DarkEyE994

Возам-_-Точак
Член од
4 март 2009
Мислења
285
Поени од реакции
9
јас моментално сум хукд уп на
-Spartacus, Blood And Sand - 8/10 - ЕПИК серија.. само 8 поради лејм ефекти од време на време (сепак е нискобуџетна)
Гледај Legend of the Seeker.По интересна ми е од Спартак
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Знаете кога сфаќате дека сте премногу зависни од некоја серија? Излегуваш надвор и во туѓите лица ги препознаваш ликовите од серијата. Седнуваш некаде, пиеш кафе и си помислуваш дека шолјите се слични на тие од серијата.
Моментално сум зависна од Downton Abbey и (за жал) ги покажувам горе наведените симптоми.:вонзем:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Знаете кога сфаќате дека сте премногу зависни од некоја серија? Излегуваш надвор и во туѓите лица ги препознаваш ликовите од серијата. Седнуваш некаде, пиеш кафе и си помислуваш дека шолјите се слични на тие од серијата.
Моментално сум зависна од Downton Abbey и (за жал) ги покажувам горе наведените симптоми.:вонзем:
Има зошто...:)

Почнав да се заразувам на серии со Наруто, па Breaking bad, па community, сеа it's always sunny in Philadelphia...
good shows are easy to get addicted on
(y)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.502
Поени од реакции
33.645
Mojaта зависност започна прилично касно, некаде 2007ма кога two and a half men имаа 4-5 сезони.. Од таму мислам дека продолжив со Prison Break, па Хаус, Сопранови и Лост. После ваков старт, одма си ја знаев дијагнозата.. за која for better или бетер немаше лек.
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Има зошто...:)



(y)
Има, има... Ја ѕиркам темата за серијата на форумот, ама ми е страв да не се наденам на спојлер, а и така сум при крај со третата сезона.:)
Пред оваа серија си бев поприлично заразена со Homeland, почнав да ги сонувам Кери и Броди, страшно добро актерско дуо.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Кои епик постови ги прочитав низ темава не ми се верува еј :):pos:
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
од се што имам изгледано добро, сега морам да гледам бљувотини од типот на магацина 13 и како капетан дата од стар трек се глупира во две епизоди ........
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Има, има... Ја ѕиркам темата за серијата на форумот, ама ми е страв да не се наденам на спојлер, а и така сум при крај со третата сезона.:)
Пред оваа серија си бев поприлично заразена со Homeland, почнав да ги сонувам Кери и Броди, страшно добро актерско дуо.
Провери ја и The Killing, нема шанси да не ти се свиѓа :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Знам дека сум зависен од серија кога од нигде-никаде ќе искористам некој цитат, навидум без врска. На пример:

Рандом лице: „Не знам дали ќе го положам испитот, веќе три пати го паѓам“. Јас: „It only ends once. Everything before that is just progress".

Пример 2. Рандом лице: „А бе си го заборавив новчаникот на касата во Тинекс“. Јас: „We have to go back!“.

Пред некое време излезен, воедно малку повеќе поднапиен, се фатив како се дерам: „Yeah bitch, Magnets!“. Еден дури и ме праша за какви магнети станува збор. Дека бев на веридба му реков дека мислам на привлечност, нели, љубов, романтики и сл. Не верувам дека тоа држи логика, ама ај.

Инаку, серија од која сум бил најмногу зависен е Lost, затоа и не е чудно што е на прво место кај мене. Уште од првата епизода се навлеков скроз. Во шеста сезона зависноста го достигна зенитот, кога почнав да си замислувам што правам во sideways тајмлајнот и кога ми падна ептен тешко на финалето. Ебаното финале, кое ме потресе кога сфатив дека после него нема повеќе Lost и дека Кејт, Џек, Соер, Лок и компанија нема никогаш да ги видам повторно. Знам, станува збор за серија, измислени ликови, купишта од неодговорени мистерии, ама одеднаш како да изгубив нешто кое претходните шест години ми значело многу. Колку да ја надоместам загубата им раскажував на луѓето како уствари завршила серијата. Нормално, на оние кои беа спремни да ме слушаат. Се сеќавам дека на една другарка, која беше гледала само прва сезона, и` го објаснував понатамошното дејство отприлика три саати. Не знам како издржа, ама и` беше интересно и сето тоа ја поттикна да си ги симне сите шест сезони.

Друга серија од која сум бил малку повеќе зависен е Prison Break бидејќи со тогашниот цимер за пет дена изгледавме три сезони. Резултат: неодење на факултет, паднати два колоквиуми и привремен страв од полициски коли.

Нешто слично на магијата која ја имаше Lost е Carnivale. Иако серијата има само 24 епизоди, тоа беше доволно да ме зарази. Ми текнува кога се спремав да го гледам финалето, еден другар ми дојде ненајавен на гости, а јас едвај чекав да ја пуштам епизодата. Велат дека искреноста е доблест, па така му реков да отиде некаде на друго место и да се врати отприлика за еден саат бидејќи имам финале за гледање. Може звучи малку некултурно, ама последната епизода беше она кое го чекав уште од кога ја почнав серијата и стварно не можев да се стрпам.

Последна серија која ми удрила во глава е Six Feet Under. Тешка е за гледање и затоа првата сезона ја влечев повеќе од месец. Втора и трета ги изгледав маратонски за неколку дена и ептен ме погоди. Тие неколку дена ретко мрдав од дома, јадев само брза храна, по можност со достава и пушев цигари како да сум на норма. Со оглед дека темата која серијата ја обработува е сериозна, започнав да размислувам за смртта на некој нов начин, а и повеќе отколку што треба. Во серијата, некои обични ситуации понекогаш знаат да бидат фатални, па така и јас започнав во ваквите ситуации да гледам нешто друго. На пример, си одам со другар по улица, поминуваме под клима, и започнувам да си правам филмови што ако климата падне врз некој од нас и какви последици тоа ќе има врз најблиските. Ако тоа не е забеганост предизвикана од серија, не знам што е. Затоа четвртата сезона ја одложувам некое време и чекам подепресивни времиња да ја продолжам.

И за крај, не гледам ништо лошо во ваквата таканаречена зависност. Сериите и филмовите, како и книгите, служат за релаксација, пополнување слободно време, но и бегство од реалноста. Интересно е одвреме-навреме да забегаш во некој недостижен свет и да се поврзеш со ликови со кои немаш допирна точка во вистинскиот живот. Како сонувањето, само што ова го правиш намерно. И така се случува да се внесуваш во тој свет, понекогаш повеќе отколку што треба. Некои ова би го дефинирале како типичен ескапизам. Како што веќе реков погоре, ваквите работи ми се случувале и на мене, иако не би фатил да барам причини бидејќи, во ваквиот случај, нејасна е границата помеѓу обичната забава и бегството од реалноста. Добрите серии имаат токму за цел да го привлечат гледачот, по можност на подолг период. Тие нудат ликови кои изгледаат дека се реални и со кои гледачот може да се соживее, како и ситуации кои имаат цел да те насмеат или замислат. Дури и репризното гледање на исти серии или епизоди може да предизвика некаква си еуфорија, бидејќи ќе те потсетат на некои минати времиња, а со тоа и ќе побудат пријатни или непријатни чувства. Епизода на Friends може да ти врати сеќавања како на времето, со посредство на локалната Ирис телевизија, си правел совршена пауза од учење за тест. Пилот епизодата на Lost ќе те постети на таа некоја фасцинација и на чувството дека појма немаш што ќе се случи во иднина. Не ретко се случува да дознаеш и нешто ново, на пример што е лупус, како функционира светот на дрогата во Балтимор, па до тоа како Лудиот шапкар од Алиса во земјата на чудата го добил името. Понекогаш ќе се навлечеш повеќе отколку што треба, ќе паднеш на испит или ќе се испокараш со некој кој ти рекол дека Breaking Bad е досадна серија, ама ништо страшно. Барем знаеш дека едно време си уживал во нешто несекојдневно.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
1.130
Поени од реакции
1.510
Зависен сум од Breaking Bad. Кога учевме за магнети по Физика, секогаш после часот викав " Yeah, bitch! Magnets! " Би сакал на некој да му речам " I am the danger " , ама не сум се нашол во таква прилика.
На 15 Јули требаше да одам на одмор. Ама, нормално не ојдов, тогаш беше премиерата на 5та сезона.

Зависен сум ( или бев ) од LOST. Ја немам гледано скоро една година...а кога ја гледав, цели 6 сезони ги гледав во...отприлика 2 недели. Speaking of which, треба пак да ја гледам.

Но најголема зависност ми е Game of Thrones. И серијата и книгите.
Постојано користам фрази од серијата, а од книгите потполно ми е променет ( и зголемен ) англискиот вокабулар.
Кога некој ќе тресни некоја глупост, му велам " You know nothing ", а ко ќе сакам да се направам паметен за нешто, ќе речам " It is known. "

Знаев дека сум завсиник кога почнав да се карам со другарите кои збораа лошо за Stannis, а јас постојано го бранев и оправдував. :cuc:

Постојано правам грешки ко ќе треба да напишам Jamie, Caitlin и Rob. Наместо како шо треба, јас набрзина пишам Jaime, Catelyn и Robb.

Кога сме кај Јаime...така ми се вика кучето. Jaime Lannister, the foodslayer! :D

Ако видам некое џуџе, не мислам на Gimli како порано. Сега мисла на Tyrion. Game of Thrones is SO better than Lord of the Rings.
 
Член од
21 април 2008
Мислења
260
Поени од реакции
127
се почна со Prison Break..... па 40 ина серии наваму :D

срека што пола ден сум на работа и гледам по 2-3 епизоди на ден за опуштање
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
Не вклучувајќи ги Покемон, Драгонбол и Дигимон, прва серија од која бев зависен е Heroes. Првата сезона беше перфектна и ме навлече до максимум. Ликовите беа одлично разработени, прв пат се сретнував со таква приказна и едноставо магијата на цел тој склоп ме опи после неколку епизоди. После секоја епизода обавезно пробував да си ја откријам мојата натприродна моќ но некако не успавав во тоа. :D По втора сезона почнаа да паѓаат на квалитет и донесоа правилна одлука да ја укинат после четврта сезона.

Ако почнам сега да пишувам за секоја серија посебно ќе се напишувам многу... посебно за Брејкинг Бед, какви емоции имав/м додека ја следев/ам, за чувството што се појави кое до тогаш го немав никогаш порано итн. а и ќе мора да користам спојлери за да го доловав подобро ефектот, така да тука ќе застанам...
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Моментално сум зависен од Impractical Jokers :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom