Јас мислам дека има кодекс на облекување во секое училиште.Мораш да го почитуваш. Мораш да знаеш каде што можеш да носиш. Во училиштето каде што јас завршив средно образование, професорите многу обрнуваа внимание на облеката на учениците.Значи немаше куси панталони, шминка, деколтирани блузи, голи половини, нокти....Се знаеше кој како треба да оди.Некои беа враќани дома да се пресоблечат.Имаше девојки на кои гаќите им се гледаа поради модата наречена бели тесни панталони.Исто тогаш почнаа и танга гаќи да штрчат повисоко од панталоните.Тогаш и нас не ни беше јасно зошто сите тие правила.Нели си имам право како сакам јас така да си се облекувам, па кој е тој да му кажува..... Сепак причините се објаснуваат од практична гледна точка.Нема шминка поради тоа што секојневната и целодневна шминка му пречи на младото лице, тангата создава добар простор за развивње бактерии итн.А што е позначајно од ова, самата институција која има поставено правила на облекување или однесување , не и е целта вачата убавина или слично, туку и со цел да научиш да ги почитуваш правилата. Пример кој може да ти се случи во животот- се вработуваш во суд, да речеме.Таму кодексот на облекување е строго запазен.Исто и во полиција и на др слични места каде што и на вратата е закачено правило дека мажите не смеат да носта куси панаталони а жените куси(непристојни) здолништа.Ако ти не ги научиш правилата сега, ќе мораш покасно на потешкиот начин.Таму на никој не му е грижа дали то доаѓаш пешки од дома до работа, дали ти е жешко или не.ИМА ПРАВИЛА.Ќе си ги почитуваш.Затоа и постојат.Денеска си изреволтиран и сеуште ти е пресна ситацијата, но кога ќе подразмислиш објективно, ќе сфатиш дека џабе си губел време на ова.