"Заборавени" играчи

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
А можи и да се пензионира дотогаш. И си освои тој то шо си сакаше и шо му требаше, па сега се шалта ваму-таму.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
А што е со она малоно циганче Шон Рајт Филипс?Која брзина ја имаше човечето...
Кога играше во Сити,немаше сила што можеше да го сопре,ама од кога отиде во Челзи,почна да тоне.

Сеа нема ни трага ни глас...
Крег Белами... ист муабет :)
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 12:19 ---
Filip SENDEROS !!! dise li uste toj ?? Losa kopija na Jaap Stam
масимо одо, лоша копија на гатузо, и тој исчезна, го шуткаа по клубови на зајмици и задњо што чув дека е замена у лече:tapp:
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.841
Поени од реакции
2.106
Крег Белами... ист муабет :)
--- надополнето: 24 ноември 2012 во 12:19 ---

масимо одо, лоша копија на гатузо, и тој исчезна, го шуткаа по клубови на зајмици и задњо што чув дека е замена у лече:tapp:
Како можеш да ги споредиш гатузо и одо кога играат на различна позиција
 

The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Темава касапаана :facepalm: Уште Раул што го немате напишано :) (али уште не е касно)

Значи уште еднаш (овој пат од авторот на темава па можеби ќе фати магијата) Темава не е за играчи кои освојувале се, па ги снемало, туку за играчи кои сите очекувале да станат ѕвезди но ги снемало. Пример Нејмар ако сега почни да пие или да игра стриптиз :P и по 2-3-4 години никој да не го знае и да заврши во Понте Прета тогаш ќе му биди местото во темава.
Целта на темава не ми беше да се „потсетиме“ на Макалеле, Одо, Маикон, Диего, Белами, Елано (играчи кои одбележале 8 од претходните 10 години, туку обратно)

Он:
Портиљо, дечкото што требаше да го замени Раул. Мислам дека и го надминал Раул во постигнати голови во младинските категории. Заврши во втора лига.
Џеферс :facepalm: во Малта игра сега.
Дербишајр Од Блекбурн, Олимпијакос во Олдам на крај
Рејес од 2006 немал настап за репрезентацијата, ако се одеше според „планот“ денес тој требаше да биде на местото од Силва, но...
Ден Гослинг (уште е рано за него) го најавуваа како голем потенцијал на ПЛ заедно со Родвел, Бејл, но повредите го уништија, само 13 настапи за Њукасл во 2 сезони.
Мануел Фишер (за овој играч ми е највеќе мака) Пред 5-6 години на едно младинско ЕП што сакаше правеше, на секој натревар по 2-3 гола даваше... По заминувањето на Гомез од Штудгарт ја изгуби битката со Шајбер за резервен напаѓач и го испраќаа во некои бош екипи.
Од постарите играчи кои денес требаше да бидат ѕвезди: Баштурк, Висенте, Карлос Алберто, Фаринос, Жерард, Ли Хенри...
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Целта на темава не ми беше да се „потсетиме“ на Макалеле, Одо, Маикон, Диего, Белами, Елано (играчи кои одбележале 8 од претходните 10 години, туку обратно)
2/6 - што ги имам спомнато у претходниве страна/две, значи не сум за бркање :)
 

Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634
Џибрил Сисе во Оксер(Франција) имаше блескави партии, ги полнеше мрежите во Франција, за да направи трансфер во Ливерпул и таму почнуваат проблемите ја крши ногата. Знам дека има играно и за Панатинајкос и Лацио, а моментално е во КПР.
Многу страшен и прецизен шут имаше, а сега она шо го гледам во КПР е срање.
Секако сите го знајме по лудите фризури и се разбира секој натпревар различна фризура, понекогаш и различен облик на брада :) Патем моментално е 31год.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.363
Поени од реакции
12.779
Мајкал Џонсон 24 годишен играч на Манчестер Сити според мене веќе е влезен во заборавени играчи.Во сезоната кога Свен Ериксон им беше тренер,Џонсон заедно са Елано и Ирланд парче правеа во средината.Овој го сметаа за идиот Џерард/Лампард ама повредите го искинаа и моментално скапува во резервите на Сити.
Еве едно голче од него:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.537
Поени од реакции
2.229
Манче, требаше да биде големата ѕвезда ама ко што ми седи заврши неславно :\
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.335
Поени од реакции
26.274
Мануел Фишер (за овој играч ми е највеќе мака) Пред 5-6 години на едно младинско ЕП што сакаше правеше, на секој натревар по 2-3 гола даваше... По заминувањето на Гомез од Штутгарт ја изгуби битката со Шибер за резервен напаѓач и го испраќаа во некои бош екипи.
Ланската сезона играше кај нас но во вториот тим, оваа сезона е во Унтерахинг.
 
W

Werther

Гостин
Хоакин од Валенсија голем потенцијал,неколку добри сезони и на крајот го снема .
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.939
Поени од реакции
4.432
Мајкал Џонсон 24 годишен играч на Манчестер Сити според мене веќе е влезен во заборавени играчи.Во сезоната кога Свен Ериксон им беше тренер,Џонсон заедно са Елано и Ирланд парче правеа во средината.Овој го сметаа за идиот Џерард/Лампард ама повредите го искинаа и моментално скапува во резервите на Сити.
Еве едно голче од него:
За овој играч ми е најмногу криво, каков само потенцијал имаше и така пропадна, не успеа да го покаже.:(
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.607
Поени од реакции
22.614
Џовани дос Сантос, ако не е спомнат досега.
Одигра една одлична сезона во Барса, 2007-08, кога тимот главно беше катастрофа.
2008ма изгледа барал голема плата, му ја покажаа вратата на Камп Ноу, замина во Тотенхем, каде ни малку не се изнаигра. Го праќаа по позајмици, лани знам дека беше на позајмица во Расинг Сантандер, кои завршија последно место во лигата и сега се во Сегунда. Во летниот преодер рок, оваа година, неговиот агент велеше како Џовани имал понуди од Интер, Севиља и Атлетико Мадрид, за на последниот ден од трансфер-периодот да потпише со Мајорка. Сега ни во Мајорка не игра баш редовно, а и екипата започна одлично, а сега едни добри 9-10 кола немаат победа.
Со оглед на тоа што се работи за млад играч(23 години) се надевам дека има време да тргне кон подобро, иако не гледам баш оптимизам, освен тоа што за репрезентацијата игра баш супер.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Фернандо Гаго вреди да се спомне со Капело на 18 години беше носител на играта одлично продолжи и со Шустер се додека не се повреди од тогаш навака е тежок просек а се плашам дека и Игуаин така ќе заврши :(
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Каналес- во Расинг партали правеше,еве сега гледам во Валенсија играл без настап за 2012.

Хатем Трабелси знам Јувентус го бараше кога играше за Ајакс,после потпиша за Сити,и сега гледам на млади години се пензионирал.

Графите играчов го заприметив сега кога на резултати.цом видов дека дал гол за некој си таму тим од Арабија.А партали правеше во Германија.

Ентони Ван ден боре- уште на еден менаџер стално си го купував пошто беше млад и ѕвер играч,никогаш не успеа да стане добар играч-незнам кај игра.Едно време беше во Џенова.

Оливие Капо-Кога дојде во Јувентус мислев дека ќе биде новиот Зидан,дека ќе биде дури подобар од Кака,даде еден гол што не му го признаа и тоа е тоа,заглави во Франција во слабите тимови.

Matea Paro-играше во Јуве додека беше во втора лига,па Џенова сега е по позајмици низ нискологашиве,дете на Јувентус.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom