Kaiser
Hidden Fortress
- Член од
- 6 мај 2011
- Мислења
- 3.202
- Поени од реакции
- 2.443
Кога има и најмал сомнеж за инфекција на забот а чим го вадиш скоро секогаш има инфекција се дава антибиотик баш за да се превенира да не се случи тоа што ти се случило. Порано секогаш даваа антибиотик при вадење (со инфекција) а денес гледам некоја нова мода се поретко па ако ти отече местото тогаш го лечат со антибиотици што е според мене многу погрешна и за пациентот многу поопасна тактика.Ровамицин пиев доста долго време. Сега само жабуркам чај од кантарион и мачкам со кантарионово масло. Инаку можно ли е да има нешто останато од умникот? Јас го видов забот, цел беше, плус веќе доста време помина откако го извадив, ако има нешто поопасно би требало да има некои симптоми нели? Не знам ама ете ме мава малку психата, ме мачи ова што не ми мине и кога допрам со прст на местото има како нешто тврдко одвнатре..
Сега овие денови морам и другиот да го вадам исто оперативно и многу ми е страв.
Мене ми остана неубаво изваден заб со операција (останало делче од коренот) па ми отече местото и недела дена ме умре од болење. Втора операција од друг хирург ја корегира првата од личност што се чудам како добила дозвола за работа ама кај нас земја од третиот свет во однос на здравството е сѐ можно.
Треба да одиш или на болести на уста или на орален хирург да го проверат местото и по потреба да се направи снимка иако чим нема веќе болки тешко да има останат дел од забот, причината за здебелувањето се веројатно последици од операцијата и инфекцијата претходно, истекла крв се згрутчило местото итн. Ќе ти требаат неколку месеци па сѐ до 6 месеци убаво да зарасне, ама зијан да се провериш секако нема да има.